Сите добро знаеме колку сме зависни од телевизијата, радиото, а пак да не зборуваме за интернетот.
Што би направиле, доколку се најдете во свет, во кој нема медиуми и нема начин на кој може да ги добиете потребните инфомрации?
Без телевизија и радио во никој случај, а без интернет ќе биде како што беше пред 10тина години, кога голем процент имаа дајл ап и го користеа замо за нужни ситуации, кога децата наместо мрежно да играат кретенски игри ( со извинување на тие што ги играат сеуште, мене ми се стварно бесмислени ), играа брканица/жмурка/долга магарица/што и да е друго, наместо да киснат на мсн/скајп/hi5/myspace и по цел ден да прават бош муабети, ќе излезат надвор и ќе се подружат со вистинските, реални другарчиња, а не некои рандом интернет зависници што ги запознале по актуалните... коментирај ми-да ти коментирам сајтови итн.
Не се сеќавам кога последен пат сум видела да се соберат цел чопор деца позади зградиве кај мене и да ечи цело маало од нивната галама. Сега сите имаат компјутер дома и АДСЛ со супер голема брзина и игриците ќе им се симнат за ненормално кратко време и ќе можат слободно да продолжат со тапење на мозокот, наместо да излезат надвор и да возат ролери или точак, за тротинетот јасно ми е дека е веќе одана демоде.... да се социјализираат.
Откако имам на располагање АДСЛ дома, станав многу голем зависник од интернет. На почеток ми беше интересно да кликнам на секоја можна страна, да го видам тоа чудо од мсн и сл, а сега ми е навика од која богами тешко се одвикнувам и не би можела да функционирам без sign in-копчето да го кликнам или да видам што филмови има да понуди екстра торент ( мининова, демоноид, кој и да е друг сајт ).:/
Но многу ми е мило што не сум дел од денешниве деца, на кои тек сега им започнува развојот, а тие веќе имаат подочњаци до колена од дремење пред компјутер и ако продолжи со ова темпо развојот на технологијата, нема да имаме понапредни генерации, туку позатупени и позатупени кои ќе знаат само за играње игри.
Секако дека има многу предности интернетот, како брза комуникација со далечни пријатели/роднини, брз пристап до корисни информации, денеска е предност да се разбираш во компјутери и насекаде бараат луѓе кои што се внесени во компјутерската технологија, за филмовите треба само симни и гледај, наместо да ги потегнеш нозете до Видеотека/ДВДтека и плус ќе го имаш филмот за себе, наместо да треба да го враќаш итн, но ова се` е убаво и супер што го имаме на располагање се` додека не почнеме да го користиме на погрешен начин, а дефинитивно го. Доаѓа до замена и разнишување на некои вредности. Како што спомнав погоре дека друштвените игри во парк се заменети со мрежно играње и веќе на 7-8 години на децата им се побитни другарчињата со кои играат Wow или Кантер, отколку тие со кои што можат да играат камај-камај ( божем компарациа со Кантер беше ова
) и на 15 ќе биде: "My imaginary friend thinks you have serious problem" :/