Нема ни „К“ од КРЕАТИВНОСТ

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Муабетот ми е попрецизно за македонскиве спотови (ако можеме да ги наречеме спотови воопшто).

Освен 5-6 исклучоци, сите се правени по ист шаблон, се` истите луѓе се вртат во нив, слична костимографија (и кореографија :)), слични приказни...

До кога ќе тераме вака? Толку ли нема креативни умови во земјава па сите, ама буквално сите спотови се препуштаат на талентот на Миличевиќ? Човекот си ја знае работата, да, ама идеите одамна му пресушиле. Останатите спотови (Јован & Елвир багра) се прават според странскиве лимонадски спотчиња, и пак нема ни К од креативност...

Што се дешава?:toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да, се согласувам. Многу ретко може да се случи да налеташ на интересно спотче.

Проблемот што нема креативност ни за спотови, ни за песни. За жал.

Дури и да има креативност, нема доволно финансии. Навистина мислам дека крајно време е да се превземат некакви мерки.
 

IronMan

Dreamer
Член од
25 јуни 2007
Мислења
49
Поени од реакции
3
Имаш право за ова. Сите се водат по некоја комерцијална шема, тоа па тоа. Пак ќе речам, какви песни такви спотови. Повеќе и не може да се очекува.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Епа тоа е,кога се еден ист човек ги прави 90% од спотовите,и на Миличевиќ веќе му снемува идеи,а и тој има еден стил и никако да го смени!! Сега мрда малце и Јован Јованов, неговиот стил се препознава меѓу 1000!!Треба некој да внесе нешто ново,иновативно,да се разликува од другите! А да и парите им се проблем,и тоа каков..
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Бугарија рулз :)

Мислам кај нив нема ни К од квалитет во музиката но не можам да го речам тоа за спотовите.

Иако има многу кои ја експонираат голотијата (мислам на бугарските) сепак има квалитетни режисери на спотови. Морам да издвојам една песна...

Кога ќе видам ваков македонски спот... тогаш ќе признаам дека нешто се работи во Македонија на овој план

http://youtube.com/watch?v=ISEMSjTnKCM
 
U

UnholY

Гостин
Колку и да не се согласува некој со ова сепак е така...браво Скул за темава...
Стварно и ја се прашувам шо е проблемот со ова, дали е креативноста веќе исцедена од сите, никој ли не е способен да создаде нешто ново, нешто што ќе преставува новост за нашиве простори....
Мислам дека треба да се создаде повеќе простор за афирмација на идеите на сите шо се занимаваат со изработување на спотови, а не како шо веќе напомена сите да му се препуштаат на Миличевиќ кој сепак мислам дека е навистина пресушен....
Не знам до каде ќе стигнеме со воа копирање и крадење идеи од странските спотови...:toe:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Истиот звук, истите текстови, истата приказна ... копија на копија :) Има премногу артисти кои не се познати, еве на пример сигурен сум дека 99% oд вас немате слушнато за Мијата. Нејзиното музичко дело е едно од најдоброто нешто што имам слушнато ...
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Да моментално е така...Миличевиќ танчерки од Србија и ајде сите заедно,нема идеи нема ништо...мислам некоја конкуренција би била добредојдена,само треба да се најде маж со свежи идеи...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Истиот звук, истите текстови, истата приказна ... копија на копија :) Има премногу артисти кои не се познати, еве на пример сигурен сум дека 99% oд вас немате слушнато за Мијата. http://www.myspace.com/miyattaНејзиното музичко дело е едно од најдоброто нешто што имам слушнато ...
Да да сигурно е непозната,а нејзините два спота по три недели беа на врв на Макпланет.
Кај се тие времиња на Нокаут и телефонскиот број не постои :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.988
Па не знам ни дали имаме некоја школа за продукција овде ние,знам дека едно брдо луѓе од овде студирааат продукција во Бугарија и таму си наоѓаат тезги за работи а за нас Миличевич си е тамнка ко што рековте едни те исти му се спотовите едни исти танчерки едни исти карди и кај и да е локациите ке почнат да му поклапаат.
Типот си е монопол секој пеач мисли дека ако даде кај него пари за веќе виден спот готово звезда е и така ке си тераме,имаше едно време таму некој Гурко на Ноне што и направи еден спот на каменолом па еден бичач врзан со ланци абеее аејјј да ти се згади животsd.
Али па кога не ни знаат како да нарават асална песна и ова им е многу
 
U

UnholY

Гостин
Истиот звук, истите текстови, истата приказна ... копија на копија :) Има премногу артисти кои не се познати, еве на пример сигурен сум дека 99% oд вас немате слушнато за Мијата. Нејзиното музичко дело е едно од најдоброто нешто што имам слушнато ...

99%??!!! Да кажеше 100 барем...

Како може за Натташа Мијатовиќ да немаме слушнато бе не зафркавај, позната е шо се вика и во Србија, нели ти текнува дела учествуваше на Идол...
А , и тука веќе успеа да ја придобие публиката се гледа дека е талентирана, и дека има способност да го престави она шо го сака токму онака како шо ќе го замисли...
Иако, не ја слушам сепак ја имам неколку пати фатено на телевизија, и не знам од каде ти е таа информација дека за Мијата немаат слушнато 99%...
Да не претерам, ама тотално ќе се согласев да пишеше дека 99% имаат слушнато за неа....
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Искрено така мислам (или мислев) оти кој и да прашам за неа, никој не знае и ме чудеше тоа ...

Едит: Не знам ни дека постои Макпланет, инаку знам за во идол дека учествуваше Наташа :smir: ...
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Eeee Kискино како не сме слушнале за Мијата?!
Има преубава песна “Верувам во себе јас“ а и оваа новава “Волшепства“ е исто добра, немој така :)

Инаку on topic: подобро нека не прават спотови нашите пејачи. Сите се погрешни инвестиции и нека заштедат па нека инвестираат во подобри песни а за спот нека прават некакви ТВ-верзии, колку да се рече :) Се шалам :)

Да, не се креативни, Дејан Миличевиќ веќе е банален со спотовите, сите пејачки ги прави ко кукли со претерана шминка и раскошна облека, сите спотови му се кичести и личат еден на друг.
За Ноне да не коментирам - еден убав спот не и направија.
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Нашата видео-музичка сцена се базира на растргнатост на еден или два режисера помеѓу бугарскиот ки и америчките безвезни спотчиња со глупаво денсање.
Навистина фали времето на Нокаут со "Телефонскиот број не постои", па дури и смешните спотчиња на Угро фалат! Да не спомнувам дека алтернативните бендови како String Forces (кои има добри спотови на "Води ме", "Суб" и други), Mailbox(ако на некој му текнува на спотот "За големиот црвен автобус") или Никеја (спотот за "Последен суд" беше супер, иако беше од филм од ФДУ, ако не се лажам) се веќе изумрени во видео бизнисот, за жал.
Фалат многу креативни идеи во сите сфери на музичкиот бизнис кај нас.
 
B

black angel

Гостин
kaj nas barate kreativnost?i tie sto gi biva za vakvi raboti i stie sto imaat idei idat u stranstvo i se polnat so pari u mk malce tesko ide toj biznis
 

Kajgana Shop

На врв Bottom