Немам пари, имам многу деца и ќе одам на А1

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Тоа е основниот проблем, Рената. Ниското ниво на свест, непостоењето на чувство за обврска кон сопствените деца кое си ги создал. Ниту едукација може многу да помогне, ниту делење кондоми. Само менување или развивање на свеста. Ама тоа е подолгорочен процес, не се постигнува со еднодневна едукација. На човек кој нема чувство за одговорност кон сопственото дете тешко можеш да му наметнеш било што.
Единствено жалосно за децата кои се содадени и принудени да живеат во вакви услови.
Медиумското промовирање на проблемот во случајов е позитивна. Не значи кукање по ТВ, туку информирање дека постојат такви случаи, пошто не можат службите одговорни за ова да знаат точно во кое село и кое семејство живее во лоши услови. На овој начин може да донира секој кој има средства плус и кој сака.
Не мора за родителите, ама децата не се виновни воопшто.
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
Жал ми е ама само за дечињата, за родителите не, е сега зошто не за нив??????????????
Бидејќи тие знаат дека немаат можности и услови за одгледување на толку деца а сепак не се трудат да го сопрат тоа, леле бре еден кондом не е толку скап, просат по цел ден па можат да купат кондом. А нај што ме нервира кај луѓето што немаат пари е тоа што просат, а потоа од парите што ги добиле си купуваат цигари и тоа во 70% од случаите.

Пред 1 недела даваа 13 деца а жената болна(нз точно од што но на матката) забележав сите деца им беа од 1 година до 8. Леле па како нема да ја оштети матката кога нон стоп раѓа????
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Ај да речеме дека биле на времето овие богати,мислам не богаташи некои ама еве имале за нормален живот и правеле деца.Кога виделе дека им пропаѓа бизнисот,се намалува платата,се пред бркање од работа или што и да е,зошто продолжиле со “производство“ на деца?
Или еве да речеме,децата веќе биле родени(иако чисто сумњам дека имале повеќе од 5 деца додека да пропаднал изворот на пари),од тогаш до сега ја мислам дека барем две деца се способни да работаат и да обезбедуваат колку-толку услови за живот,кои заедно со работата од родителите би обезбедиле далеку подобра ситуација од моменталната.
Ама ај,треба некој да седне и да им нацрта.Тешко на децата со такви родители кои чекаат некој друг да дојде и да им донесе пари/јадење/облека,наместо самите они да гледаат да превземат нешто.
И може ќе звучам себично,али не сум дужна ни јас ни никој друг да работам,и со платата моја да обезбедувам храна или облека за некои...мрзи еве да ги наречам(децата не спаѓаат тука,не се тие криви за грешките на родителите),иако немам срце да речам не на побарана помош.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Значи..долго време по ред на А1 телевизија се прикажуваат трогателни приказни, за фамилии кои имаат повеќе од 10 члена (мајка, татко +Х деца) кои немаат огрев, пари за јадење, плаќање сметки, школување и слично.
Долго време околу мене се разговараше на оваа тема, и голем дел од луѓето го имаат мислењето дека прво, ако не си финаниски способен, нема да раѓаш толку многу деца, а и можеш за промена да работиш негде. Немора да биде некоја високоплатена работа, но сигурна сум дека и мајката и таткото можат да заработат за живот, и во секој случај би имале повеќе одколку сега.
Дали е можно ваквите фамилии да спијат на увото дека секогаш некој ќе им помогне? дали чекале на рамковски дојде и им даде купони, место за живеење и сожалување од народот?
Не зборуваме за психички или физички болни родители, туку здрави прави и способни за работа.Жално е за децата кои страдаат додека нивните родители седат по цели денови дома.
што мислите? која е причината, зашто овие родители не работат? зашто чекаат некој друг да им донесе леб во куќата, кога тие се возрасни и формирале своја фамилија?
дали ги жалите? или можеби осудувате?
Да можат, ќе работат. Не е се така лесно, плукни залепи. Прво, не би било лошо овие политичари да се посекираат троа и за туѓите животи и празни фрижидери(ако воопшто имаат фрижидер) на оние кои немаат. Во држава каде 40 проценти од луѓето се невработени, не ми е јасно како може да кажеш дека родителите на тие деца не сакаат да работат.... Тоа е најчесто неквалификуван, необразован кадар , кој живее на маргините на општеството, кој кога би работел и 24 часа дневно, пак не би имал за леб, затоа што приватњакот ќе го искористува до сто и назад....И потоа што се случува... Од таквите семејства излегуваат проститутки, крадци, деца кои не одат ниту во основно, а камо ли во средно училиште... Факултет, тоа е морнарски сон за копно, благодарение на нашата влада и нејзините авантури кои вклучуваат и линеарна партиципација, без никаква можност за ослободување... Оние кои формирале фамилија од 120 члена, веројатно сакаат да направат контрастен прототип на Владата, за да истата види како е да си во ист број како и пратениците, но без денар во џебот... Таквите семејства со по 10 деца треба да се стимулираат, и на тој начин да се поттикне наталитетот, а не да се праат глупи социјалистички закони со даноци...И сите ние треба да помогнеме некогаш кога можеме, затоа што само еднаш се живее, еден живот имаме, немаме време за нехуманост. Јас кога би имала многу пари, би направила барем 10 од тие деца да си го остварат својот сон, макар истиот бил и да одат на Месечината. Секој заслужува парче среќа.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.886
Поени од реакции
20.538

Мими се е тоа во ред, никој не ги криви дечињата, родителите се криви, оние кои без никаква ронка на совест не превземаат ништо барем да не створаат толку многу деца, тие веќе се родиле, треба храна, хигиена, грижа не е само да го напраиш и родиш многу други работи влијаат врз одгледувањето на децата.
Како и да е мора некако да се советуваат тие социјални семејства или да се организира некоја едукација која ќе оди во домовите, некако или да ги заштити со помош на контрацепции жените, затоа што кај нив кондомот не верувам дека ќе заврши работа. Само за се треба труд од социјалните установи така и за ова посебно.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Никој не осудува никого заради сиромаштија. За осуда е да чекаш некој да ти го реши проблемот, а во меѓувреме со самиот чин на стварање и раѓање, во таа ситуација на немање основни средства за егзистенција ставаш и сопствено дете. Можеш еднаш, два пати да замолиш за помош, но не можеш вечно да живееш на сметка на туѓата милост и државата. Ако гледаш дека нема кој да ти помогне ја фаќаш првата работа која ја наоѓаш и за која си способен да работиш. Не за тебе, туку за тоа што си го створил.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.356
Поени од реакции
2.248
Абе сите имаме наше мислење.
Кога гледе дека стои слабо со финансииите зошто упорен прави деца, нели знае дека тии деца сакат добри услови за живеење, и што сега направил 10 деца ајде ке плачеме по ТВ да ни дадат леб. пуф, како прво пред да прави деца ке зема ке се среди дома ке почне да бара работа кај ке можи да работи теккк после иде тоа со децата, прво да се направа дом да се направат услови за живеење на тие деца и на нив. Они загорени кучиња само деца прават а не гледат за животот на тие деца.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
. Во држава каде 40 проценти од луѓето се невработени, не ми е јасно како може да кажеш дека родителите на тие деца не сакаат да работат.... Тоа е најчесто неквалификуван, необразован кадар , кој живее на маргините на општеството, кој кога би работел и 24 часа дневно, пак не би имал за леб, затоа што приватњакот ќе го искористува до сто и назад...
Не се лажи од процентите, многу од оние кои се водат како невработени, се вработени но не и пријавени, односно зимаат социјална помош а и плата.
И да тврдам дека можат да работат, и да, некој кој е неквалификуван можеби неможе да најде директорско место и доволно пари да издржува 10 деца, но сепак секоја пара која е чесно заработена вреди и е повеќе од ништото што го имаат.
И стварно незнам што толку се плука по политичарите, па не се тие одговорни за секое семејство и нивните проблеми.Неможам јас да кажам Груевски е крив што паднав на колоквиум или што комшијата ја вара жената.
Точно, државата треба да се грижи за децата и да приватњаците ги злоупотребуваат работниците, но за тоа постојат синдикати.Политичарите не чинат, ама не треба секој пат за се да се окривуваат тие.
За крај, да јас ги осудувам родителите, поради тоа што створиле толку деца, а неможат да им пружат ни дел од оној сон, за кој зборуваш ти, за кој треба секој да има шанса да си го оствари.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Фокси, синдикатите не можат да се грижат за работните услови на некој кој е вработен на диво. А политичарите треба да почнат да градат фабрики на местото на трговските центри, во кои ќе вработат такви луѓе. А инаку, превентивно треба да се делува, но јас зборувам за евентуална солуција кога децава се направени. Превентивно треба да и се објасни на нееманципираната жена припадничка на една етничка група која не е мнозинство во оваа рамковна Македонија, дека не претставува машина "бебе-робот". Само тешко на оние деца кои патат заради економската состојба на нивните... И се приморани да питаат, да седат во студ, да ... уффф у пмс сум, ми се плаче кога замислувам како им е. :kesa:
 
R

reactive89

Гостин
Која контрадикција на темава
Иначе радо би им помогнал и не би ги осудувал... ипак да, се' способни да работат, но ете може од некоја посебна причина која не треба друг да ја знае остануваат дома да ги чуваат децата...
а за тоа дека прават деца, не ги оправдувам, сепак на тоа поле за да одржуваш некој треба да си ги увидиш можностите... но ете веќе кога се тука, и кога немаат, сигурен сум дека имаат посебна причина зашто тие луѓе не работат, и јас не ги осудувам и нормално секогаш ќе им помогнам, но САМО АКО ТИЕ СЕ ИСКРЕНИ И ВИСТИНИТИ СЛУЧАИ, а не да дознавам подоцна дека дигнале куќа на 3 спрата со тоа што ме лажеле дека "немаат"...
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Која контрадикција на темава
Во таа тема се работи за помош за децета кои ете немаре среќа да живеат во подобри услови или пак кои живеат во дом.
Во оваа тема се зборува за несовесните родители кои раѓаат 10+ деца кои немаат услови за живот.
 
Прочитај убаво, на некои делови се спомнува Црвен Крст и со нивна помош би им се дале собраните работи на социјални случаи... што значи и таквите семејства припаѓаат во таа група! :smir:
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Има некои стварно жални стории, некои со кои судбината си поиграла ама има и такви кои...ова не звучи баш добро ама сами си го барале. И мајка ми да роди уште 10 ќе немаме доволно средства да нормален живот.
Бејби Грл ја долови суштинината на проблемот.
Старата поговорка вели: дај му на човека риба и си го нахранил за ден, научи го човека да лови риби и си го нахранил за цел живот.
Овие луѓе треба да се рехабилитираат. Да се научат како да престанат да бидат штетни за себеси и како да станат корисни за општеството. А, ако не се способни ни за тоа, тогаш треба да се направи пример од нив. Да знаат следните генерации кон што водат тие постапки што ги правеле овие луѓе и да ги избегнат туѓите грешки.
Според мене нема никаква логика да им се дава еднократна помош. Со тоа само ги правиме паразити. И кој решава кој ќе добие помош? Овие што изглегле на А1 како да добиле лотарија, а ги има на илјадници во Македонија, семејства со слична состојба. Кој ќе им помогне нив. Праведно ли е само на некои да им се помага, а на другите не. Па, човек со право ќе се запраша, а зашто мене не?
Мими Симоновска напиша:
И сите ние треба да помогнеме некогаш кога можеме, затоа што само еднаш се живее, еден живот имаме, немаме време за нехуманост. Јас кога би имала многу пари, би направила барем 10 од тие деца да си го остварат својот сон, макар истиот бил и да одат на Месечината. Секој заслужува парче среќа.
Не е точно Мими. Заслужува парче среќа тој што ќе си ја заработи, а не тој што упорно себеси се заглавува подлабоко во калта. Кога гледа дека нема пари да издржува уште деца, тој уште прави, па после чека јас да сум хуман. Па, добро будали се луѓево што работат? Ако е така ај и јас ќе си се женам и ќе направам едно пет-шеснаест деца, а ти оди р'мбај и изигравај Мајка Тереза за мене и мојата фамилија. В лице ќе ти бидеме благодарни ама за грб ќе ти се смееме.
И викаш, еднаш живееме... па и јас еднаш живеам, зашто јас мојот живот да го трошам за нечие туѓо добро. Поготво за некој што апла доволно глуп да направи повеќе деца одошто може да издржува? А уосталом што не дојде Ворен Бафет, да ни раздели на сите по некое милјонче? Ворен Бафет го посветил ЦЕЛ свој живот на бизнисот. Еден милјон долари него го кошта пола година од неговиот живот (да претпоставиме). И што треба сега тој, едноставно да ти ја даде, онака зашто си бил доволно глуп да направиш 100 деца?
Заборави на тоа. Секој засебе е во светов. Ама те разбирам и јас бев некогаш таков идеалист, додека не се соочив со светот и фактот дека на никој не му е гајле што мака имаш ти, секој си ја гледа својата мака.

Затоа, јас не сум хуманист. Јас верувам во системот. А системот вели дека ќе добиваш онолку добро колку што даваш добро на светот. Јас немам должност да се погрижам некои луѓе да на живеаат под нормата за "човечки суштества". Човек или ѕвер мене сеедно ми е. И кучето и мачката и кравата и козата ќе ми живеат подобро од бездомник, секогаш нархранети и на топло, ако мене ми се корисни.
Неправда е што не сите добиваат шанса да се оспособат себеси да бидат корисни, а со тоа и да живеаат добар живот. Затоа ако толку ги сакаш луѓето во светот и несакаш да страдаат, не гледај сите да добијат риба. Немаш ни толку риби, а ти не си Исус па од 3 да направиш 3000. Гледај да ги научиш луѓето како да ловат риби. Гледај да ја искорениш неправдата од системот.
Затоа, за крај не ги правете луѓето паразити. Само погрижете се да добијат шанса.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Бејби Грл ја долови суштинината на проблемот.
Старата поговорка вели: дај му на човека риба и си го нахранил за ден, научи го човека да лови риби и си го нахранил за цел живот.
Овие луѓе треба да се рехабилитираат. Да се научат како да престанат да бидат штетни за себеси и како да станат корисни за општеството. А, ако не се способни ни за тоа, тогаш треба да се направи пример од нив. Да знаат следните генерации кон што водат тие постапки што ги правеле овие луѓе и да ги избегнат туѓите грешки.
Според мене нема никаква логика да им се дава еднократна помош. Со тоа само ги правиме паразити. И кој решава кој ќе добие помош? Овие што изглегле на А1 како да добиле лотарија, а ги има на илјадници во Македонија, семејства со слична состојба. Кој ќе им помогне нив. Праведно ли е само на некои да им се помага, а на другите не. Па, човек со право ќе се запраша, а зашто мене не?
Не е точно Мими. Заслужува парче среќа тој што ќе си ја заработи, а не тој што упорно себеси се заглавува подлабоко во калта. Кога гледа дека нема пари да издржува уште деца, тој уште прави, па после чека јас да сум хуман. Па, добро будали се луѓево што работат? Ако е така ај и јас ќе си се женам и ќе направам едно пет-шеснаест деца, а ти оди р'мбај и изигравај Мајка Тереза за мене и мојата фамилија. В лице ќе ти бидеме благодарни ама за грб ќе ти се смееме.
И викаш, еднаш живееме... па и јас еднаш живеам, зашто јас мојот живот да го трошам за нечие туѓо добро. Поготво за некој што апла доволно глуп да направи повеќе деца одошто може да издржува? А уосталом што не дојде Ворен Бафет, да ни раздели на сите по некое милјонче? Ворен Бафет го посветил ЦЕЛ свој живот на бизнисот. Еден милјон долари него го кошта пола година од неговиот живот (да претпоставиме). И што треба сега тој, едноставно да ти ја даде, онака зашто си бил доволно глуп да направиш 100 деца?
Заборави на тоа. Секој засебе е во светов. Ама те разбирам и јас бев некогаш таков идеалист, додека не се соочив со светот и фактот дека на никој не му е гајле што мака имаш ти, секој си ја гледа својата мака.

Затоа, јас не сум хуманист. Јас верувам во системот. А системот вели дека ќе добиваш онолку добро колку што даваш добро на светот. Јас немам должност да се погрижам некои луѓе да на живеаат под нормата за "човечки суштества". Човек или ѕвер мене сеедно ми е. И кучето и мачката и кравата и козата ќе ми живеат подобро од бездомник, секогаш нархранети и на топло, ако мене ми се корисни.
Неправда е што не сите добиваат шанса да се оспособат себеси да бидат корисни, а со тоа и да живеаат добар живот. Затоа ако толку ги сакаш луѓето во светот и несакаш да страдаат, не гледај сите да добијат риба. Немаш ни толку риби, а ти не си Исус па од 3 да направиш 3000. Гледај да ги научиш луѓето како да ловат риби. Гледај да ја искорениш неправдата од системот.
Затоа, за крај не ги правете луѓето паразити. Само погрижете се да добијат шанса.
Забелешка имам тука, ако секој си гледа за себе на светов како тогаш да ја искорениме неправдата од системот?

Ако секој си ја гледа својата мака, луѓето би знаеле како да ловат риби, а неправдата во системот би била минимализирана.

Инаку, ако човек не може да се погрижи за својата егзистенција, нема никаква причина да си ја зголемува грижата двојно, односно да создава нови единки без идеја како ќе се погрижи за нивниот живот. Уствари, треба да биде казнет ако се обидува да се погрижи за својата егзистенција со зголемување на вниманието на општеството кон него преку зголемување на својата грижа.

Потребно е поголем развој на свеста, да се даде до знаење за поимот одговорност у целава ситуација.
 
Е како би знаеле луѓето да ловат риби? Ај објасни, молим те.
Ја еве, си ја глеам својата работа и пак знам само еве право (и тоа по нешто), од хемија си немам врска. Не паѓа знаењето од господа. Треба некој да ти покаже како, да не се мачиш, зашто има некои што неможат да согледаат сами како треба.

Дека е неодговорно, се слагам, ама па што ќе постигнеш со казнувањето, да видам. Сега, тие со други зборови излегле да питаат на тв. Има илјадници што излегле на улица да го прават истото. Сите ќе ги казниме? И со што ќе ги казниме? Парично, што немаат ни динар, или затворски, што ни се преполни затворите?

А, неправдата се искоренува по институционален пат. Има такво нешто што се вика држава и се грижи (или барем треба) за општото добро. Тоа е според мене најефикасен начин да се помогне на што е можно повеќе луѓе. Ако знаеш подобар, повели, просветли не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom