Немам пари, имам многу деца и ќе одам на А1

  • Креатор на темата Креатор на темата Foxy`BuTTerFLY
  • Време на започнување Време на започнување
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Значи..долго време по ред на А1 телевизија се прикажуваат трогателни приказни, за фамилии кои имаат повеќе од 10 члена (мајка, татко +Х деца) кои немаат огрев, пари за јадење, плаќање сметки, школување и слично.
Долго време околу мене се разговараше на оваа тема, и голем дел од луѓето го имаат мислењето дека прво, ако не си финаниски способен, нема да раѓаш толку многу деца, а и можеш за промена да работиш негде. Немора да биде некоја високоплатена работа, но сигурна сум дека и мајката и таткото можат да заработат за живот, и во секој случај би имале повеќе одколку сега.
Дали е можно ваквите фамилии да спијат на увото дека секогаш некој ќе им помогне? дали чекале на рамковски дојде и им даде купони, место за живеење и сожалување од народот?
Не зборуваме за психички или физички болни родители, туку здрави прави и способни за работа.Жално е за децата кои страдаат додека нивните родители седат по цели денови дома.
што мислите? која е причината, зашто овие родители не работат? зашто чекаат некој друг да им донесе леб во куќата, кога тие се возрасни и формирале своја фамилија?
дали ги жалите? или можеби осудувате?
 
Ako nemat pari , znaci ne mozat da kupat kondomi , a ne istovremeno ne mozat da se izgasnat zivotinskite nagoni .. epa sega vidi ..
 
Го делам твоето мислење, и јас вака викам и секогаш менувам канал кога ќе почне некоја ваква „животна сторија“...

Абе ајде, ако знаеш дека не си способен да издржаваш фамилија, ич не жени се бе, не пак уште и 9878765 деца да напрајш...

Абе гони ги таму...

Јас да бев некој одговорен по медиумиве немаше воопшто да им обрнувам внимание и отстапувам минути во вести/емисии...
 
Ako nemat pari , znaci ne mozat da kupat kondomi , a ne istovremeno ne mozat da se izgasnat zivotinskite nagoni .. epa sega vidi ..

Please...еден кондом кошта колку илјадити дел од вкупната сума на пари што треба да ја дадеш за да подигнеш едно дете. Јас лично, осудувам. Ако после третото видат дека нема доволно за пристоен живот на трите деца, не гледам причина да направат уште едно знаејќи дека нема да можат колку-толку да го издржуваат. Не можат вечно да се повикуваат на помошта на социјално и црвен крст.
 
Jaс само ќе кажам дека ми е жал за дечињата кои живеат во такви услови. Болни, невакцинирани, неизбањати, нестоплени... Се разбира дека негодувам што се решаваат да имаат толку деца, кога немаш услови и едно ти е многу. Барем кога гледаат дека не можат да издржуваат деца, нека не се решаваат на таков чекор, нека размислат барем.
Само поради нив би завртела на броевите за хуманитарни дарувања, би им помогнала некако.
 
Шо ви е бе на вас. И шо ако излезат на тв. Па тие шо сакаат да донираат или да помогнат на такви семејства, најдобро можат да видат кај треба шо треба. Баш секоаш ваквите акции се успешни, одма утредента има организации, трговци шо поматаа, ЛУЃЕТО ДА ПРЕЖИВЕАТ.

А тоа шо раѓаат деца.....што им можеме.
 
Во Струмица во гетото (нивното маало), вакви ги има многу... Секоја година им умира по некое дете и некое ново прават... Најверојатно одат на тактиката, кое ке преживее, тоа ке ја продолжи фамилијата. Најжално е што многу пати кога ги дават на струмичките телевизии, мајката со бебето и цигарот во раце. Па оди во пм, наместо цигари, ке земаш леб за фамилијата. Пее еб..., па ако не си способна за гледање деца, ич не ги прави. Со ваквото однесување не заслужуват ни малку внимание, а не па финансиска помош.
 
Шо ви е бе на вас. И шо ако излезат на тв. Па тие шо сакаат да донираат или да помогнат на такви семејства, најдобро можат да видат кај треба шо треба. Баш секоаш ваквите акции се успешни, одма утредента има организации, трговци шо поматаа, ЛУЃЕТО ДА ПРЕЖИВЕАТ.
па дај тогаш сите да седиме дома без работа и да раѓаме деца, сигурно некој ќе донира да имам да ги наранам.
за жал таквите донации треба да одат кај луѓе што патат од болести и сл, а не некои кои седат дома без работа.
 
Има некои стварно жални стории, некои со кои судбината си поиграла ама има и такви кои...ова не звучи баш добро ама сами си го барале. И мајка ми да роди уште 10 ќе немаме доволно средства да нормален живот. Јас разбирам дека секој сака да има деца, еве едно, две, три...ама по 7-8 деца на кои неможеш храна да им пружиш секојдневно стварно неможам да разберам, треба да им е срам и жал на тие родители. И не треба да се влечкат по телевизии и да очекуваат помош, него да браат работа, не да молат. Ова за оние нели кои се физички и психички здрави и можат да работат како и сите останати...е сега оние другите се друга приказна
 
Nemoj da sudite, posto verovajatno ne znaete kako e koga maler ke vi tropne na vrata. Ima ludje sto ziveat loso i so edno dete. Sit gladniot ne go razbira.
 
Ако вашите размислувања се паметни, се прашувам зошто донираат разни луге пари за овие семејства. Проблемот постои.Не се решава со дискриминаторски однос. ОСобено не према децата. Тие треба да се изведат на прав пат. Најчесто тоа се како што казавте и здрави родители..ама претпоставувам најголем дел од нив слабо им работи акалот.. Не се доволно информирани, едноставно незнам...не размислуваат. Затоа, државата треба да посвети повеке внимание, за едукација на лугето бидејки овие луге..ако добро ми текнува на последната слулка нити социјално примале нити некаде се воделе. Значи не дека сакале да ја корситат дрзават или А1 за да го протуркаат животот и се ограничени во размислвуањата.. Затоа треба советување. И уте една работа...може тука и социјалното заебава работа. Па добро..нели социјалното треба да е запознаето дека еден сиромав човек, кој неможе да издрчува едно дете.. направил веке пример 3..? каде се социјалните работници да го советуваат овој човек???? како стигнал до 11?.. прота математика од 3- 11 има мин 8 години?...Во 8 годин на никој не му текнало да даде совет да го посети човекот? Значи...Институциите кај нас затаиле...
 
Nemoj da sudite, posto verovajatno ne znaete kako e koga maler ke vi tropne na vrata. Ima ludje sto ziveat loso i so edno dete. Sit gladniot ne go razbira.
Темава е за тие што знаат дека немаат а прават по миљон деца...

А не треба нешто многу да си образован за да знајш колку да си ја пуштиш чергата и шо и како да прајш со животот твој а и на оние околу тебе...
 
Абе малер...амо со едно две три пет...ама ако не ти иде од финансова гледна точка не ги прај 10...па после да кукаш по ТВ...да не ме сватите погрешно,немам ништо против помагање на овие луѓе ама мислам дека требало да мислат како ќе прехранат 10 деца, пред да ги напраат
 
Сум размислувал доста на оваа тема. Во животов, би практикувал планирано семејство - според материјалната состојба која ми е обезбедена. Секако дека не би проширувал семејство, доколку немам елементарни услови да го исхранам, образувам и заштитам. И тоа, само од една причина - да не ги „земам на душа“ невините деца, шо по моја вина би дошле бедни на светов.

Не е дека не сум за поддршка на сиромашни семејства - ќе му се клањам на тој „владика“ кој ќе најде формула за успешно подигње на генералната материјална состојба во државава, а со тоа и нив - на екстермно сиромашните. Меѓутоа, еднократна сувопарна парична помош не е решение, најмалку трајно. Обезбедувањето на работно место, според квалификациите на родителите, и давањето на можност самите да се избават од материјалната криза, ќе донесе многу поголем успех во сето тоа. И секако, поголемо „ценење на парите“ од страна на загрозените семејства.
 
па дај тогаш сите да седиме дома без работа и да раѓаме деца, сигурно некој ќе донира да имам да ги наранам.
за жал таквите донации треба да одат кај луѓе што патат од болести и сл, а не некои кои седат дома без работа.

Седи, ако ти е убаво така. А не ти е.
Луѓето се невработани, немаат извор на финансии за егзистенција, најголем процент поради немање на образование.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom