Има некои стварно жални стории, некои со кои судбината си поиграла ама има и такви кои...ова не звучи баш добро ама сами си го барале. И мајка ми да роди уште 10 ќе немаме доволно средства да нормален живот.
Бејби Грл ја долови суштинината на проблемот.
Старата поговорка вели: дај му на човека риба и си го нахранил за ден, научи го човека да лови риби и си го нахранил за цел живот.
Овие луѓе треба да се рехабилитираат. Да се научат како да престанат да бидат штетни за себеси и како да станат корисни за општеството. А, ако не се способни ни за тоа, тогаш треба да се направи пример од нив. Да знаат следните генерации кон што водат тие постапки што ги правеле овие луѓе и да ги избегнат туѓите грешки.
Според мене нема никаква логика да им се дава еднократна помош. Со тоа само ги правиме паразити. И кој решава кој ќе добие помош? Овие што изглегле на А1 како да добиле лотарија, а ги има на илјадници во Македонија, семејства со слична состојба. Кој ќе им помогне нив. Праведно ли е само на некои да им се помага, а на другите не. Па, човек со право ќе се запраша, а зашто мене не?
Мими Симоновска напиша:
И сите ние треба да помогнеме некогаш кога можеме, затоа што само еднаш се живее, еден живот имаме, немаме време за нехуманост. Јас кога би имала многу пари, би направила барем 10 од тие деца да си го остварат својот сон, макар истиот бил и да одат на Месечината. Секој заслужува парче среќа.
Не е точно Мими. Заслужува парче среќа тој што ќе си ја заработи, а не тој што упорно себеси се заглавува подлабоко во калта. Кога гледа дека нема пари да издржува уште деца, тој уште прави, па после чека јас да сум хуман. Па, добро будали се луѓево што работат? Ако е така ај и јас ќе си се женам и ќе направам едно пет-шеснаест деца, а ти оди р'мбај и изигравај Мајка Тереза за мене и мојата фамилија. В лице ќе ти бидеме благодарни ама за грб ќе ти се смееме.
И викаш, еднаш живееме... па и јас еднаш живеам, зашто јас мојот живот да го трошам за нечие туѓо добро. Поготво за некој што апла доволно глуп да направи повеќе деца одошто може да издржува? А уосталом што не дојде Ворен Бафет, да ни раздели на сите по некое милјонче? Ворен Бафет го посветил ЦЕЛ свој живот на бизнисот. Еден милјон долари него го кошта пола година од неговиот живот (да претпоставиме). И што треба сега тој, едноставно да ти ја даде, онака зашто си бил доволно глуп да направиш 100 деца?
Заборави на тоа. Секој засебе е во светов. Ама те разбирам и јас бев некогаш таков идеалист, додека не се соочив со светот и фактот дека на никој не му е гајле што мака имаш ти, секој си ја гледа својата мака.
Затоа, јас не сум хуманист. Јас верувам во системот. А системот вели дека ќе добиваш онолку добро колку што даваш добро на светот. Јас немам должност да се погрижам некои луѓе да на живеаат под нормата за "човечки суштества". Човек или ѕвер мене сеедно ми е. И кучето и мачката и кравата и козата ќе ми живеат подобро од бездомник, секогаш нархранети и на топло, ако мене ми се корисни.
Неправда е што не сите добиваат шанса да се оспособат себеси да бидат корисни, а со тоа и да живеаат добар живот. Затоа ако толку ги сакаш луѓето во светот и несакаш да страдаат, не гледај сите да добијат риба. Немаш ни толку риби, а ти не си Исус па од 3 да направиш 3000. Гледај да ги научиш луѓето како да ловат риби. Гледај да ја искорениш неправдата од системот.
Затоа, за крај не ги правете луѓето паразити. Само погрижете се да добијат шанса.