Кое образование ти треба за да чистиш или да растовараш камиони (без навреда)?
Се разира не е секој во можност да има високо образование, но сепак, и тие кои имаат средно имаат работни места. Се е прашање на вољата.
Може ли таткото сам да ја прехрани многубројната фамилија?Не!Мајката неможе да ги остави децата дома сами,бидејќи од оние стории што ги видов беа малолетни.Градинките се 1500 денари месечно.Значи проблемот постои има 10 малечки срциња кој бараат храна и топол дом,кој да напоменам не се ништо криви во ситуацијава.
Ќе тргнам од родителите.Не оправдувам раѓање на деца,на кој немате да им обезбедите услови.Затоа сум за абортус,кога веќе не се знаат основните принципи на заштита.Но занемерувате еден факт во целава ситуација:Од каде знаете дека одсекогаш немале средства?Животот е толку непредвилив,еднаш имаш еднаш немаш.Колку што слушнав од сториите сите претходно работеле некаде,значи транзицијата ги довела на тој раб,ниско образование,заврши социјализмот.Претходно имале средства да се прехранат,сега немаат во тоа е суровоста на целата приказна.Зарем мислите дека им е убаво да плачат на телевизија?Зарем мислите дека тие деца немаат срам да ги кажуваат своите проблеми кога се во тинејџерски години?Зошто толку површност во работите.
Работа не се наоѓа секој ден,особено не со ниско образование.За хигиеничарка се фаќаат врски денес,ако не верувате прашајте по институциите и комуналните претпријатија,прашајте колкав е бројот на пријавени за едно слободно место.За машките можеби единствениот избор е растовар.Но годините го прават своето,неможе 50 годишен и 18 да биде исто.Кога треба да се заработи за себе си трошка леб,ќе се најде макар и одејќи по улици,ќе најдеш десет денари денеска.Но кога треба да прехраниш 12 лица тогаш треба да државата со своите институции да испадне во пресрет како што е секаде.Социјално,платено образование,црвен крст,сето тоа оди во пакет.
Затоа ги има на А1 оти се на маргините на општеството,затоа што се немоќни во моментов било што да изменат.Да им помогнеме колку што можеме,можеби останатите ќе сватат дека децата не се ништо криви да страдаат поради непромисленоста на родителите.
Во право беше девојчето ситиот на гладниот не му верува.Затоа ние тука во топло на интернет оправаме демагогии,а некој се мисли како да преживее.Не дај боже на секој од нас може да му се случи во иднина,затоа памет во глава.
п.с.со цитат не ти се обраќам само тебе,туку на сите останати:smir: