Нели си направија кампања...

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Верувам општо познато е дека се во што ќе се умеша политиката станува труло.
Јуни - јули месец 2007 година, владата донесе одлука за доделување на 125 стипендии за информатичари. Ептен добар чекор, барем од моја гледна точка и барем еден вистински во однос на останатите им „кампањи“ за земјата на информатичарите.
Октомври месец пријавување, дури ноември месец потврда и прва исплата. Веке после 2 месеци од почетокот на академската година. Ова е како навика некако, и изгледа никој во владичката наша не сфаќа дека стипендијата првично е наменета за компензирање на повисоките трошкови за време на студиите. Овие трошкови се силно изразени на почетокот на семестарот (уписи, литература, материјали...). Ама ајде, да не фаќам замерки на тоа.
Поентата ми е: на денот на доделување на договорот кој го потпишавме со министерството, владата направи еден мал чин во нејзина корист. Имено не собраа сите во универзитетската библиотека и дојдоа сите фаци including the one and the only, M-r. Gwujo. Новинари, микрофони камери, светла, официјални лица кои честитаа (ректор, професори, министри) и најбитно од се говорот и остварениот политички маркетинг: „Ова е еден крупен дел од нашата кампања Македонија земја на информатичари. Ова е доказ дека оваа влада, владата на ВМРО-ДМПНЕ се грижи за својот народ. Ние нема овде да запреме. Догодина ќе бидат доделени повеќе стипендии, условите за студирање ќе ги подобриме, ќе се трудиме кадарот да го задржиме овде, бла бла бла бла ....“
Генерално, уште од тогаш ми се слоши само од помислата дека мојот напор низ студиите е искористен за правење на кампања на трети лица што сигурно беше лош чекор. Стипендијата е на место, ама ова не.
Сега (имајте во предвид дека стипендијата сеуште служи за компензирање на студентските трошкови) изгледа ќе ме стават на медитација пошто веќе е февруари, а ја нема ниту јануарската стипендија.
Добро, толку ли не се чукнаа во глава да сфатат дека секоја озбилна институција и држава се засновува на организираност, редовност и точност. Парите се буџетски, се одобрени уште на старт, а каде се сега? Се движат низ фондови, билдат камати на некои сметки? На крај и краеви има огромна толпа студенти и ученици чии што студии зависат од ваквите примања. Не живеат сите во Скопје, не сите ги имаат сите услови за студирање.
Болно е што ова го има со години наназад, и кога ќе прашаш на секого му сосема нормално (дури и на фосилизираниот, исполитизиран и идиотски ССУКИМ) тоа што пример за април, стипендијата стигнува на крајот на јуни. How come? Ајде досега барем не се политизираше толку, ама сега, ем си направија кампања, ем пак стара пракса: кој ги ебе студентите, имаат родители кои ќе им даваат пари. Ќе им ги дадеме на крај, нека идат на одмор. Браво.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Pa i odmor ne e losa rabota, ako imas pari.

Nejse, znaeme deka nesto e gnilo i kaj nas, ne samo vo Danska.

Se e populizam, nisto ne e vistinski otslik i vistinska zelba.
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
А ти гледам добри пари земаш и од опозицијата за ова да го напишеш. Ако не ги сакаш парите од стипендијата слободно откажи се од неа. Дали си прават кампањи или не незнам ама и тие кампањи се затоа што нешто се прави и нешто се движи за разлика од твоите кои само говореа и говореа Европа Европа. Дела не зборови ни требаат.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.648
Поени од реакции
22.380
Зошто една влада да не ги промовира добрите чекори? Навистина не ве разбирам. Можеби ова влада малку претерува ама што ви е поарно: Да прави добри чекори и да ги промовира, или да не прави ништо и вие да не морате да ги гледате? Па нормално секоја влада ќе се пофали со тоа што направи. Како ќе можете вие гласачите да процените дали добро работела владата? Демократијата е борба за глас и неможете да замерите дека една влада игра поред ова правило. Ај да се крие владата па на крај и уште ќе им викаат дека ги нема нигде... Значи за све се жалиме ние. Ова мислам не е лично до HsIlOmEdUs туку воопшто кажано.
За мене баш супер е што знам што прави ова влада и можам да проценам дали навистина е добар чекор или не.
Сегде во светот владите се фалат со постигнатите успехи, само во Македонија се жалиме. Не викам дека не е претерано малку ама ете тоа е стилот на владава.

За стипендиата: Па другар, те сфаќам многу добро дека каснејнето на парите е лошо и не треба да биде така плус парите се од државата и нема причина за каснејне, ама сепак мислам дека е добро дека барем добиваш колку толку помош од државата.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А ти гледам добри пари земаш и од опозицијата за ова да го напишеш. Ако не ги сакаш парите од стипендијата слободно откажи се од неа. Дали си прават кампањи или не незнам ама и тие кампањи се затоа што нешто се прави и нешто се движи за разлика од твоите кои само говореа и говореа Европа Европа. Дела не зборови ни требаат.
Зошто одма му лепиш етикета опозиција, човекот кога му е одобрена стипендијата потпишал договор, во него има доста услови што треба да ги исполни додека владата единствено се обврзала да ратите му ги исплаќа во даден термин. На тоа му се однесуваше напишаното дека секој треба да си го исполни својот дел од договорот.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Уште на почеток да кажам дека не сум политички определен, ги презирам сите за да не ме сфати некој погрешно. Си знаеме одамна дека ништо не е како што треба во државава така да не е ништо чудно ни каснење на стипендии. Како и да е 1 - 2 месеци и не е толку страшно ако се размисли дека има луѓе што не примиле плата по 7 - 8 месеци, а имаат семејства да одржуваат. Во никој случај не го оправдувам каснењето ама сепак знаеме каква е ситуацијата кај нас во сите сфери.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
уште од тогаш ми се слоши само од помислата дека мојот напор низ студиите е искористен за правење на кампања на трети лица
Ај те молам, елаборирај го ова. :smir:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Јас од времето помнам, кога јас бев студент (1996-2000), дека оние кои земаа студентски кредити и стипендии, ги чекаа луѓето парите со месеци, и им пристигаа по 2-3 рати одеднаш, па пак нема, и пак 2-3 рати...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Верувам општо познато е дека се во што ќе се умеша политиката станува труло.
Јуни - јули месец 2007 година, владата донесе одлука за доделување на 125 стипендии за информатичари. Ептен добар чекор, барем од моја гледна точка и барем еден вистински во однос на останатите им „кампањи“ за земјата на информатичарите.
Октомври месец пријавување, дури ноември месец потврда и прва исплата. Веке после 2 месеци од почетокот на академската година. Ова е како навика некако, и изгледа никој во владичката наша не сфаќа дека стипендијата првично е наменета за компензирање на повисоките трошкови за време на студиите. Овие трошкови се силно изразени на почетокот на семестарот (уписи, литература, материјали...). Ама ајде, да не фаќам замерки на тоа.
Поентата ми е: на денот на доделување на договорот кој го потпишавме со министерството, владата направи еден мал чин во нејзина корист. Имено не собраа сите во универзитетската библиотека и дојдоа сите фаци including the one and the only, M-r. Gwujo. Новинари, микрофони камери, светла, официјални лица кои честитаа (ректор, професори, министри) и најбитно од се говорот и остварениот политички маркетинг: „Ова е еден крупен дел од нашата кампања Македонија земја на информатичари. Ова е доказ дека оваа влада, владата на ВМРО-ДМПНЕ се грижи за својот народ. Ние нема овде да запреме. Догодина ќе бидат доделени повеќе стипендии, условите за студирање ќе ги подобриме, ќе се трудиме кадарот да го задржиме овде, бла бла бла бла ....“
Генерално, уште од тогаш ми се слоши само од помислата дека мојот напор низ студиите е искористен за правење на кампања на трети лица што сигурно беше лош чекор. Стипендијата е на место, ама ова не.
Сега (имајте во предвид дека стипендијата сеуште служи за компензирање на студентските трошкови) изгледа ќе ме стават на медитација пошто веќе е февруари, а ја нема ниту јануарската стипендија.
Добро, толку ли не се чукнаа во глава да сфатат дека секоја озбилна институција и држава се засновува на организираност, редовност и точност. Парите се буџетски, се одобрени уште на старт, а каде се сега? Се движат низ фондови, билдат камати на некои сметки? На крај и краеви има огромна толпа студенти и ученици чии што студии зависат од ваквите примања. Не живеат сите во Скопје, не сите ги имаат сите услови за студирање.
Болно е што ова го има со години наназад, и кога ќе прашаш на секого му сосема нормално (дури и на фосилизираниот, исполитизиран и идиотски ССУКИМ) тоа што пример за април, стипендијата стигнува на крајот на јуни. How come? Ајде досега барем не се политизираше толку, ама сега, ем си направија кампања, ем пак стара пракса: кој ги ебе студентите, имаат родители кои ќе им даваат пари. Ќе им ги дадеме на крај, нека идат на одмор. Браво.
Сега проблемот е што се пофалиле дека ВМРО ја дава стипендијата???Па тие барем се фалат со нешто што направиле за разлика од овие другиве гробари на МК.
А за стипендијата не се секирај.И мене ми стигаат по 2-3 рати наеднаш.
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Пред 15 години кога ја бев студент земав стипендија од Фондацијата Атанас Близнакофф. Првите пари ги земав во беруари месец. Потоа наредните ги добивав на два или на три месеци одеднаш.
Секогаш кога имаше потреба ни беше потенцирано дека треба да се истакнува чии стипендисти сме биле. Тогаш тоа ми беше малку чудно, сега веќе не само што не ми е него мие задоволство да истакнам од каде сум земал стипендии. Случајно овде каде работам гледам како работат странски донатори. Даваат стипендии но во договорот за стипендирање има јасни одредби дека стипендистот во секоја прилика кога донаторото ке побара треба да присуствува на јавно-промотивни настани и во сите прилики да ги афирмира идеите и принципите кои ги развива донаторот и сл.
Зборот ми е дека во случајов Владата на РМ е донатор, дава стипендии и нормално е дека ќе си постапува онака како што замислила. Впрочем ништо страшно, особено ако се има во предвид дека парите се буџетски, а за нив стварно треба време да се добијат.

Биди среќен и задоволен што имаш чест и привилегија да бидеш стипендист. Еден ден те уверувам дека со задоволство ке раскажуваш за тоа.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Podobro nekogas nesto nego nikogas nisto:( kako i dae so kasnenje ili ne barem ke stignat .Sekako nie sme daleku od nekoja svajcarska tocnost ,kako i dae stigaat so zakasnuvanje.bas me intersira osven drzavna stipendija kako e vo privatnite fondaci i stipendii?:toe:
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Ем му даваат, ем кука... Незнам што е проблемот... Стипендиите биле за подмируваше на трошоците... ок каснат... касни и социјалната па сега што да прајме... детскиот додаток го исплаќаат два пати годишно па?... јас сфаќам дека тие пари требаат.. јас сум студент знам... ама подобро да стигнат НЕКОГАШ отколку НИКОГАШ.... и реклама.. хмм... а што мислиш СДСМ да беа немаше да направат реклама?
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
И мојата стипендија за време на студиите доаѓаше еднаш на три месеци но бев пресреќен што воопшто ја имав.

Ако некој ми дава стипендија како сака нека се рекламира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom