back_rest
ex mod coder
- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 1.590
- Поени од реакции
- 107
Верувам општо познато е дека се во што ќе се умеша политиката станува труло.
Јуни - јули месец 2007 година, владата донесе одлука за доделување на 125 стипендии за информатичари. Ептен добар чекор, барем од моја гледна точка и барем еден вистински во однос на останатите им „кампањи“ за земјата на информатичарите.
Октомври месец пријавување, дури ноември месец потврда и прва исплата. Веке после 2 месеци од почетокот на академската година. Ова е како навика некако, и изгледа никој во владичката наша не сфаќа дека стипендијата првично е наменета за компензирање на повисоките трошкови за време на студиите. Овие трошкови се силно изразени на почетокот на семестарот (уписи, литература, материјали...). Ама ајде, да не фаќам замерки на тоа.
Поентата ми е: на денот на доделување на договорот кој го потпишавме со министерството, владата направи еден мал чин во нејзина корист. Имено не собраа сите во универзитетската библиотека и дојдоа сите фаци including the one and the only, M-r. Gwujo. Новинари, микрофони камери, светла, официјални лица кои честитаа (ректор, професори, министри) и најбитно од се говорот и остварениот политички маркетинг: „Ова е еден крупен дел од нашата кампања Македонија земја на информатичари. Ова е доказ дека оваа влада, владата на ВМРО-ДМПНЕ се грижи за својот народ. Ние нема овде да запреме. Догодина ќе бидат доделени повеќе стипендии, условите за студирање ќе ги подобриме, ќе се трудиме кадарот да го задржиме овде, бла бла бла бла ....“
Генерално, уште од тогаш ми се слоши само од помислата дека мојот напор низ студиите е искористен за правење на кампања на трети лица што сигурно беше лош чекор. Стипендијата е на место, ама ова не.
Сега (имајте во предвид дека стипендијата сеуште служи за компензирање на студентските трошкови) изгледа ќе ме стават на медитација пошто веќе е февруари, а ја нема ниту јануарската стипендија.
Добро, толку ли не се чукнаа во глава да сфатат дека секоја озбилна институција и држава се засновува на организираност, редовност и точност. Парите се буџетски, се одобрени уште на старт, а каде се сега? Се движат низ фондови, билдат камати на некои сметки? На крај и краеви има огромна толпа студенти и ученици чии што студии зависат од ваквите примања. Не живеат сите во Скопје, не сите ги имаат сите услови за студирање.
Болно е што ова го има со години наназад, и кога ќе прашаш на секого му сосема нормално (дури и на фосилизираниот, исполитизиран и идиотски ССУКИМ) тоа што пример за април, стипендијата стигнува на крајот на јуни. How come? Ајде досега барем не се политизираше толку, ама сега, ем си направија кампања, ем пак стара пракса: кој ги ебе студентите, имаат родители кои ќе им даваат пари. Ќе им ги дадеме на крај, нека идат на одмор. Браво.