Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.344
- Поени од реакции
- 57.966
ЦИА: Тито не бил Југословен
Претседателот на поранешната Југославија, Јосип Броз Тито, немал југословенско потекло, пишува во документот за фонетската анализа на неговиот говор, што неодамна беше објавен од ЦИА.
Во документот од кој неодамна беше симната ознаката за доверливост, се констатира дека Тито зборувал српскохрватски, кој наводно му бил мајчин, но дека имал странски акцент. Резултатите покажале дека или рускиот или полскиот јазик можело да му бидат мајчини јазици.
Самогласката „и“ исто се изговорува и по меките и по тврдите согласки во српскохрватскиот јазик. Од друга страна оние чиј мајчин јазик е рускиот или полскиот, веројатно зборовите би ги изговарале со меко „н“, каков што и е изговорот на Тито. Затоа се вели дека има странски акцент“ - се вели во анализата што ја пренесува весникот Политика.
Авторите на документот велат дека е логично да се претпостави дека Тито имал руско или полско потекло, но нагласуваат дека за тоа може само да се претпоставува. Сепак сигурни се дека нема југословенско потекло.
Тие констатирале дека токму тоа му помогнало да биде непристрасен и да има успех во решавањето на различните проблеми меѓу етничките групи во Југославија.
Инаку анализата е направена врз основа на говор на Тито од 1977 година.
извор: http://kajgana.com/cia-tito-ne-bil-jugosloven
Отсекогаш ми бил сомнителен акцентот... што мислите, има нешто овде или магла?
P.S.
До управата:
не знам дали во Историја или во Мистерии или овде... префрлете ако има потреба.