Некои нови клинци...

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во неколку наврати, во неколку теми во Филм и ТВ, забележав дека се дискутира за новите надежи на Холивуд, млади глумци и глумици кои навистина ветуваат и кои полека, но сигурно ќе ги заменат на филмското платно легендите како Роберт Де Ниро, Ал Пачино и така натму.

Поентата на темава е да ги претставуваме на темава глумците кои вие сметате дека се иднината на филмската индустрија, кои ветуваат многу и кои би можеле многу да се развијат и да направат за филмот.

Кои според вас се новите клинци?
Според што сметате дека ветуваат?
Кои филмови нивни ви оставиле впечаток и според што сте го изградиле тој ваш став за нив?
Има ли некаква ваша критика спрема нив, во однос на тоа што би можеле да подобрат?

Ќе ве замолам да не оставате само слики, туку напишете и нешто повеќе, ваш став и видување на работите, затоа што сепак форумов не е сликовница.:)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.253
Joel Kinnaman



Воодушевен сум од овој актер, прв пат го сретнав сега во The Killing, и според многу критики низ интернетов, човеков е потенцијална ѕвезда! Има се за да биде тоа. Во Килинг беше прејак, има харизма, има страшен талент. Ме изненади тоа што прочитав дека уствари е Швеѓанец, а имаше апла американо акцент во серијата. :D Тоа е тоа, талент ипол, мој омилен глумец во серијата, се надевам ќе му гледам добри филмови во иднина.

Michael Fassbender



Фасбендер не е баш клинец... ама мислам дека баш сега ги доживува неговите пет минути слава, кои се надевам дека ќе му потраат, а треба да изгура цели серијали - Икс Мен и Прометеус.
Многу добар актер, беше совршен во Прометеус како робот, а исто така и како Магнето! A dangerous method не сум го гледал уште, ама читав дека таму исто така се покажал одлично. Се на се, одличен актер, ветува!
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Пиксар и некој други анимирани ликови...и онака во многу сцени,глумците се дигитализирани...компјутерски обработени и обликувани...повеќе не е важно кој е...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Joseph Gordon - Levitt


Многу, многу зборови не се потребни за дечково.
Некои викаат дека немаше да ја добие својата шанса во Холивуд ако Хит Леџер не умреше, дека немаше да успее да се пробие, ама со тоа јас воопшто не се согласувам.
Сите го знаеме уште од Третиот камен, потоа се истакна во 500 days of summer, Manic, 50-50 i Lookout.
Немам гледано филм досега кадешто промашил со улогата, уште ако се снима продолжение и ако го игра и Робин мислам дека и тука нема да разочара.
Почна да глуми во се посериозни филмови и иа иднина во него, само да не ја направи истата грешка како Леџер.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.114
Поени од реакции
9.064
Michael Fassbender исто глуми и во 300, споредна улога, редко кој го приметил пошто не беше познат тогаш.

It had to be said.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Елизабет Олсен



Ми остави огромен впечаток уште во Martha Marcy May Marlene. Иако ова е нејзин прв филм, делуваше како да има години искуство позади неа. Ретко кој би се нафатил на ваква сериозна улога уште на почетокот од кариерата, што укажува дека Елизабет е сериозна во тоа што го прави. Исто и во Silent House беше одлична, го износи сама целиот филм на плеќи. Во Red Lights имаше мала, ама забележителна улога. Очекувам многу од неа во иднина. Плус и убава е ептен, да уживаш дури ја гледаш како глуми.

Џенифер Лоренс



Имам впечаток дека е една од најтражените актерки моментално во Холивуд. Тоа е бидејќи привлече внимание уште со Winter's Bone, поради кој беше номинирана за Оскар и Глобус. Исто позитивно кај неа е што им носи многу пари на продуцентите поради блокбастерите во кои глуми, како X-Men: First Class, продолжението, The Hunger Games, продолжението. Овој последниот не сум го гледал, не ни планирам, а во X-Men беше добра, иако ми се чини дека беше засенета од Фасбендер. Најмногу ми се допадна во Winter's Bone, каде тотално се претопи во улогата.

Ана Кендрик



Девојкава има некаков шмек, некаква посебна харизма. Не е класична холивудска убавица ала Енџи, ама ти го привлекува вниманието со секоја сцена. Онака, cute and funny and smart. Можеби е до мене, а можеби е што совршено се соживува со секоја улога. Барем во филмовите кои сум ги гледал, Up in the Air и 50/ 50, каде ми остави впечаток и покрај тоа што улогите и` беа споредни и вообичаени. Тука Io Sono би рекол дека ќе и` треба некое време да се испере од Twilight, и тоа можеби е точно, ама точно е и дека има време да се докажува се` повеќе.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.153
Поени од реакции
25.299
Dakota Fanning



Искрено многу очекував од девојчево кога беше помало. Ја запамтив уште во I am Sam, ми остави доста добар впечаток на мало мило девојче. Но неможеше да се очекува ништо повеќе од неа бидејќи беше само детенце, башка целиот spotlight во филмот го имаше Шон Пен. Најдобар впечаток дефинитивно ми остави во Hide and Seek. Тамо искрено згази на само 11 години. Филм што е доста тежок, она успеа да се носи со улогата. Во War of the Worlds беше онака. Незнаев дека го има позајмувано гласот на Caroline во истоимениот цртан. Најголем flop дефинитивно и е Twilight. Го немам гледано филмот и незнам како глуми во него, али со самото тоа што има глумено во Twilight лично за мене ќе има црна дамка во кариерата.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.125
Tom Hardy

Според мене дечково дава во секоја улога 110% посто...никогаш нема разочарано а и многу брзо се има искачено до еден холивудски статус....еден од моите примери за глумење моментално.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Многу потешко до нови генијални глумци.....бидејќи погледнете од музика,преку спорт па се до филм,се стана само рутина,работа за пари.....и се штампаат секој ден нови ликови.

Никој не се издигнува со својот вроден уникатен талент,туку секој гледа на најлесен начин да се пробие....т.е со копирање на претходна успешна тактика,само овој пат без талент туку со сила.

Еклатантен пример ви е македонската музичка естрада....после загинувањето на Тоше,се појавија Слаткари,Тони-Зеновци,Џеј Геј-овци,ДНК,Елвири и сл....ете ви аналогија за во врска со филмската уметност.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
http://www.imdb.com/name/nm0331516/
Ryan Gosling

Чудно ми е што никој не го спомна до сега.
Јас лично мислам дека Рајан може многу да постигне понатаму можеби и да го замени Џорџ Клуни,никогаш ме нема разочарано во некој филм со неговата улога па мислам дека ке постигне многу повеќе.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom