Цените во Неи пори за оваа година се солидни. Доколку одите со сопствен превоз, барајте смештај на лице место, не одете на варијанта смештај преку агенција, затоа што ќе најдете многу поубаво сместување сами и за пониска цена. Морето е топло, плажите се супер средени. Како добро средени плажи ви ги препорачувам:
Анемос, Алказар, Марабу, Волкано.....другите плажи што се повеќе накај Платамона не дека се лошо средени, туку не се скроз песочни а и во водата има повеќе каменчиња.
Цената на кафе е од 3,5 евра па нагоре. Со тоа добивате лежалка, чадор, кафе и флаширано шише - 1/2 литар вода.
Како најисплатлив маркет за пазарење ви го препорачувам Алфа маркет.
Се наоѓа позади црквата на патот кон Платамона.
Најубаво гирo имате овде и истото ќе ве чини 2 евра.
Искористете го пазарниот ден во петок и набавете си овошје, зеленчук и останати работи по доста поволни цени. Тој се наоѓа спроти црквата.
Убаво фрапе т.е нес кафе и гага интернет имате во Исла кафе бар, Венус бич бар, Алказар.
Цената на коктелите се движи од 4 евра па нагоре. Храната по ресторани е поскапа. Љубителите на пица нека ја посетат пицерија Волкано, веднаш до кафе Марабу и нема да погрешат.
Топка сладолед би ве чинело 1 евро, а пченка и локумадес/локумас 2 евра.
Доколку ви е потребен вистински одмор, одберете го местенцево за тоа.
Ако има некој прашања поврзани со Неи пори, слободно нека пише
п.с. На плажа мош ќе ве напоризираат црнците со секакви џиџи-миџи тракатанци, ама вие ценкајте се до последно
--- надополнето: 2 јули 2012 во 16:05 ---
a nekoj da ne znae dali ima meduzi, rakovi, krabi vo vodata?
10 дена не видов такво некое суштество.
Сите се жалат од комарци а за чудо јас кога бев бев после 20 август и не видов 1 медуза...
Спас од комарци е раид апаратче со течност и немате гајле.
За покрај шеталиште ќе си се намачкате со аутан, a aко сте пропуштиле некој дел да намачкате со аутан и ве касне комарец нанесете тенок слој синопен крема