Да и тоа описното оценување
Како бе може оценките на деца до 10-11 години да бидат такви глупости, што ќе разбере дете на таа возраст од опис на тоа каков ученик бил бла бла не знам што. Нити му значи нешто, а сигурно се користат веќе готови текстови сами ги копираат учителките.Не дека оценките се нешто важно или клучно, ама поарно ништо да нема и да добиваат само потпис во смисла го совладал/не го совладал предметот отколку вакви срања. Во секој случај сигурно е демотивирачки да нашараш писмена математика 100 бода без грешка, а потоа се што ќе видиш да биде куп нафрлени зборови.
Инаку од некни читав нешто не знам колку е точно, ама нешто во смисла наставниците ги описменувале децата па затоа барале да им се дава барем 30 000 денари плата. Пак ќе кажам да се бираа наставници според квалитетот, да имаше реални оценувања на јавни огласи и да работеа најдобрите низ школите нека им дадат и по илјада евра плата, ама како бе не им е срам на овие сите до еден партиски примени, од нив 80% да не е партијата ќе немаат за леб да си купат од што се неспособни, навикнати на лесна пара секој месец си легнува на време, во се поголем и поголем износ со годините. Од друга страна еден тон учителки има барем сега со овие новите факултети за образовни науки или како да ги викаа, за жал сегашните знаат дека се незаменливи поради тие решенијата, инаку нема да им дојде лошо притисок од конкуренција, малку и самите да ги продлабочат своите знаења оставени на исто ниво на денот кога завршиле педагошка/факултет.