Незадоволство од Образовните Институции во Македонија

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.394
Поени од реакции
2.795
Криви се до некаде и родителите. Неможе дете што не го интересира медицина на пример, да иде медицина, да го расипува класот со неговите комплекси, утре да те лечи. Зашто? Неговите сакале да биде лекар или медицински персонал. Почнувајќи од Образованието, сите гледаме какви последици има во сите институции. И тоа некој член што го кажа погоре во стилот па што несмее демек да бидат 2јкаши со 5каши во клас. Зашто во клас кај што стварно има деца капацитет не им се обрне повише внимание? Едноставно губат мотивација, и запаѓаат позади, ради што нема конкурентност во класот да напредува. На крај ќе се разочара, кога некој така ќе добие 2јка и ја проаѓа годината,а овој вамо душа извадил за 5ка. Дефинитивно малку подобар систем имаат приватните школи.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.270
Поени од реакции
2.028
не е битно колку знаеш, битно е кого знаеш... ова е македонскиот образовен систем
За жал. :mad: :toe:[DOUBLEPOST=1511264125][/DOUBLEPOST]
Поталентирани во која област? Секое дете е поталентирано од другото во некоја друга област :)
Или мислиш да се направат паралелки според областите во кои децата имаат афинитети да продолжат да се развиваат?
Инаку не гледам причина да се двојат децата , нека има такви што учат, но и такви шо не учат у иста паралелка :D
Toj што повеќе учи и има петки, не значи дека е поталентиран од некое друго рандом дете.
Секое дете има талент за нешто или барем потенцијал за да му се развие талент за нешто.На пример,во еден клас има деца што ги бива за математика и физика,а не ги бива за јазици,и деца што ги бива за јазици,а не ги бива за математика и физика.Талентите и кај двата типа на деца треба да се развиваат,без да се двојат,туку да се прават напори за да се спојат во нешто што ќе биде добро за државата.Не бива држава без познавачи на општествените и без познавачи на природните науки.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Има таленти. Има и неталенти. Има добри ученици, а потоа и стручњаци. Има и онакви кои (само) завршиле факултет. Кога ќе се вработат во (особено државна) фирма кај нас, малку фајде ќе има оној што бил добар ученик, па и стручњак. Има исклучоци секако, ама голем дел живее така. Се нема мотив. Никој не сака да учи технички науки, затоа што се потешки, прилично. Сите учат маркетинг, „хјуман рисорсис“.. што е многу полесно, а финансиски минуваат и подобро од првите.
Сакам да кажам дека не е само до образовниот систем, туку и после школувањето.
А квалитетот на учење мислам дека драстично паѓа со годините. Дури, слободно можам да речам дека пред 50 години многу поквалитетно се учело. Секако, техничките можности денес се мнооогу поголеми. Но, факултет се завршува за рекордно време со високи просеци. А истите тие не знаат да склопат 2-3 реченици. Немаат „општа култура“ за многу работи.
Дали е до образовниот систем? Па,да. Особено од напливот на „петпарачки“ универзитети и факултети, каде се завршува и пред време, завршува и „ќоро и сакато“. Но, мислам дека е и до целото општество.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Образовниот систем не е толку лош кај нас колку што не постојат квалитетни кадри соодветно да го пренесат. И погрешно се сфаќа целиот концепт, затоа што наставниците до 8-9 (како и да е по ново) треба покрај образовниот дел да обрнат внимание и на воспитниот дел, затоа што тие вршат покрај просветната и воспитна дејност а таа кај нас е ставена во втор план.
Јас кога учев осмолетка ако не друго барем сите ја научивме таблицата и знаеме да читаме денес. Зачекав некои учители од старата генерација (за среќа) кои беа далеку попринципиелни. Иако користеа некои застарени методи беа многу поефективни од овие сега.
Сега што имам познаници и помали братучеди, некои од нив едвај читаат а комоли пак таблица да знаат или пак не дај боже некои покомплицирани математички процедури.
Денес и основното и средното образование се задолжителни што ги прави лесни за завршување, никој не повторува а се поретко и остануваат на полагање што го направи образованието само формална процедура.

И она што мене лично најмногу ме иритира е настојувањето на денешниве "модерни" родители нивните деца по секоја цена да завршуваат одлични за после да можат да се фалат на фејсбук и по комшии колку децата нивни се паметни а тоа кутрото 7-мо одделение 7х8 не знае колку е. Па се фаќаат врски и што уште не. На овој начин се врши дискредитирање на децата кои вистински учат и вредат, остануваат во сенка на овие првиве што е крајно демотивирачки. Нивните знаења и вештини не можат да дојдат до израз бидејќи на овој начин уште од мали нозе тие се соочуваат со нелојална конкуренција а замислете колку труд и нервози ќе им требаат понатаму во животот за нивните знаења да испливаат на површина покрај толку многу "одлични" и "дипломци" на факултетите. Истиот случај е и во високото образование, но тоа е поопширна тема за дискусија каде има многу за кажување.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.514
Поени од реакции
8.221
Еден од најлошите сектори во Македонија.
2000та почнав со школување, се сеќавам на првиот час, тоа беше еден стар учител кој само у прво ми предаваше (строг и принципиелен човек, ама "закоравен") . 2 пати ме фаќаше за уво онака силно (еднаш уствари за бакембарда, тука кај увото, тогаш тоа го запамтив ептен јер болеше, да му ја ебам семката). И тоа, и двете случки беа во прво оделение.
Е, причината за таквата "физичка" интервенција беше банална . Не дека нешо праев проблеми, далеку од тоа. Дури мислам дека еден од тие ескалации беше пошо се растрчав ко деген у школската сала. Уште од прво оделение чоекот еднаш неделно некого дисциплинираше со такви потези, и тоа ГАРАНТИРАМ дека се случувало многу пати кај многу од вас со (можеби) поголем интензитет, и сите сме сведоци на такво нешто. Не дека глумам жртва, ама стварно ко хоби му беше да не "дисциплинира" физички чоекот. Им кажувам на моите дома, они со реакција... абе ајде ништо не ти е, нас како не тепале порано ехеееееееееее. И тоа за тоа си останува.
Ете, во такви средини ние сме учеле до 4то оделение (барем оние што се у средина/доцни 20ти години, коа ги фатиле последниот бран од социјалистичката гарда на учителите). Катастрофално.
Искрено, сеа од денешен аспект гледајќи, тоа учителите беа многу оскудни со своите знаења(јер 2 години завршиле факс и ги стаиле учители),никогаш повеќе не пипнале книга откако се вработиле ко учители, доусовршување ЈОК . Тоа време сеуште повеќе се нагласуваше оној "воспитен" аспект (остатоци од социјализам). И на нив им беше побитно да те напраат "послушен, мирен, дисциплиниран" отколку реално да те научат нешо (зборам за моево искуство во школото кај што учев, и зборам исклучиво за онаа комунистичко-социјалистичка гарда на учители).

Од 4-8мо иста приказна. Оскудни сеуште останати социјалистички учители кои 30 години не прочитале книга (откако се вработиле) без желба за интелектуален напредок, 95% од нас во 7мо, знаеја да работат на компјутер, а пола од учителите (барем оние пост-социјалистичките) немаа поим како се вклучува компјутер. Е сеа, не дека другата крајност (онаа што се случува денес, деца заслепени од секакви и разноразни апликации,таблети,телефони и тн и тн) е добра, ама срамота е(срамота беше) да си производ на таков образовен систем.
Смешни наставници кои буквално напамет ги учеа лекциите. А и како да не ги знаат, коа цел живот од исти книги предавале. Надвор од она напишаното у таа книга, надвор од она што го имаше у книгиве, овие врска немаа. Најсериозно појма немаа шо и како.

Средно ко средно, си летна у пм. Од образовен аспект, исто така беше катастрофален период. Не ми текнува, но мислам бев 2ра година коа ги имплементираа проектот "компјутер за секое дете", кој мора да се признае беше еден од подобрите работи кои се направија во времето на озлогласениот режим. Но, се тоа јалово и џабе. Неможев да верувам дека и во средно училиште имаше ПРОФЕСОРИ (значи овие се со завршен факултет, а не вишо 2 годишно образование) кои не знаеја да ВКЛУЧАТ КОМПЈУТЕР. Тука негде веќе почна со хардкор партизацијата, и оние остарените професори беа заменети буквално со партиски послушници. Иако во моево искуство, и тие партиски пиуни, беа подобри од оние закоравени социјалистички професори, бидејќи прво беа помлади, со самата возраст - попрогресивни (иако подржувачи на фашист и режим), и беа подобри/полиберални во образовниот пристап кој го имаа.

Заклучок : Најпрвин, за да бидеш професор (до средно, бидејќи факсот е скроз друга приказна) мора едноставно да бидеш у тек со настаните од твојата сфера, мораш да се надградуваш во својата сфера максимално колку што можеш, а не да тапкаш у место без прогрес, и само слепо да го предаваш она што е у дадената книга. Така ги ослепуваш генерациите покрај тоа што самиот се ослепуваш.
Секој просветител мора да има критички ум, но не онаков секојдневен македонски критичко-хејтерски дневно-политички ум, туку ИНТЕЛЕКТУАЛЕН КРИТИЧКИ УМ, кој не доаѓа така лесно. Мора децата да ги учиш на футуристички, прогресивни вредности покрај тоа што ќе ги образуваш. Мораш да ги заинтересираш децата, мораш да ги поттикнеш, мотивираш, самиот да бидеш визионер. А не, да се појавиш 5 саати колку да ти помине денот и да те боли кур. Не бива.
Да, далеку од тоа дека професорите,учителите, наставниците биле мотивирани за работа со такви плати, за да не мотивираат нас... ама мајку му, стварно е благородна професија да си просветен работник, и не е се во парите(ко што они викаат). Ти ја градиш и својата иднина градејќи, образувајќи ги тие деца.
 
Јас пак не разбирам од каде таков заклучок? Од моето искуство баш овие "социјалистичкиве" наставници и професори беа каде каде подобри од овие новиве преродбеничкиве. Можеби и не беа толку хај тек како ти што велиш, не знаеа да уклучат компјутер ама пак и зошто му беше?
Јас учев средно медицинско, првпат се запишав прва година некаде учебната 2008/2009 и тогаш имаше доста стари професори, повеќето пред пензија. Баш тогаш започна "перестројката" на Вмро во образованието, компјутер за секое дете и инсталирањето на партиски послушници кои ме осакатија за навек по некои предмети затоа што воопшто не предаваа, седеа на тие кинеските компјутери со убунту ОС што имаше инсталирано, по цел час.
Овие стариве си предаваа, не знаеа компјутер да уклучат ама пак тоа што си го знаеа си го кажуваа. За мене тој стариот модел кои тие го практикуваа на испрашување пред табла и со затворен учебник беше ефективен. Многу не кажуваа дека утре ќе има испрашување па човек секогаш мораше секогаш да биде спремен. Ако не знаеш си добиваш единица и наредниот пат пак ако те фатат не спремен до таа првата ќе добиеш уште една, па ќе треба да ги поправаш и двете. Кај нив најмногу остануваа на полагање. Можеби немаше толку повторувачи ама одеа на полагање. Во лето се чекаа редици пред училница на +40°С за полагање :D. Ако те фатат да препишуваш автоматски имаш единица и сите предходи теми на кои си имал прелазна оценка ти се поништуваат и мораш да одговараш одпочеток. Ај сега осмели се да препишуваш :D. Најмногу книги сум прочитал во текот на моето средно образование, ден денес ги паметам: Чичко Горио, Странецот, Дон Кихот, Боженствената Комедија на Данте Алигиери...и ми е мило што тие беа приоритети на таа постара генерација професори.
И тие не беа имуни на врски и непотизмот царуваше, пријателства, роднини...ама пак имаше некаква мера. На таквите им пишуваа од единица на двојка, колку да не оди не полагање, а не како денес од 2ка добива 5ка. Па јас имам одговарано 3 дена по ред за да поправам 2 на 4ка.
Единствено што недостигаше е што тие беа премалку, само неколкумина останати ветерани пред пензија. До четврта година, додека завршив скоро сите заминаа во пензија.
Денес на нивно место работат партиски послушници за кои ни тогаш ни пак сега имам некаков респек. Колку пати само ме праќале кај директорот и кај педагогот оти се расправав со нив :D.
Тогаш успеав да се запишам средно медициско благодарение на мојот одличен успех од основно. Тогаш постоеја какви такви критериуми за упис и беше престиж да се запишеш таму, иако многу фаќаа пријатели за упис и тогаш. Денес сите се одлични, многу учени па се запишуваат кај сакаат. Затоа здравството ни е на ова дереџе и ќе биде и бетер. Јас не се осмелив да продолжам медицина затоа што не се чувствував доволно спремен иако бев одличен и меѓу подобрите во класот. Денес кога ќе видам кој се се запиша медицина и ќе дипломира ми се крева косата на главата.
Како што вика еден пријател на татко ми...ние тогаш не бевме поглупи од овие генерацииве денес што повторувавме во средно по три-пати а денес овие се на прво. Од каде излегоа толку паметни а не знаат два и два колку се :D.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.792
Поени од реакции
1.703
Реално кога збориме за високото образование, јас сум да се направи многу скапо како во УСА, со што факултетот ќе стане привилегија само на богатите и на талентираните, учените. Ова во Македонија и општо во ЕУ е гола вода, ништо не вреди, кога секоја будала може да се запише, а во некои земји е дури и бесплатно, единствено што вредат се УК институциите. Кога има повеќе пари за факултетите и професорите ќе зимаат поголеми плати, бонуси, поголем технолошки развој, професори од странство, поголема конкуренција и слично. Исто така менување на програма за средно и обавезно тестови по пандан на САТ.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Реално кога збориме за високото образование, јас сум да се направи многу скапо како во УСА, со што факултетот ќе стане привилегија само на богатите и на талентираните, учените.
Ova go zboram jas cela decenija nanazad ... ne e poentata vo toa da imas 90% naselenie koe ke se fali deka "zavrsilo" faks i ima nekakva diploma, neka bide toj procent 5 ili 10% od vkupnata populacija no navistina da bidat spremni, dobro obuceni i intelektualno potkovani individui ... vaka imame na sekoj cekor univerziteti, fakulteti i drzavni i privatni i skoro sekoj e so visoko obrazovanie a drzavata, instituciite i celokupnoto opstestvo se gusat vo lajna i nekadarnost !
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.270
Поени од реакции
2.028
На секој кој навистина сака,треба да му се даде шанса да заврши високо образование.Но,треба сите да бидат третирани подеднакво и да се стекнат со квалитетно знаење без роднински врски.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Криви се до некаде и родителите. Неможе дете што не го интересира медицина на пример, да иде медицина, да го расипува класот со неговите комплекси, утре да те лечи. Зашто? Неговите сакале да биде лекар или медицински персонал. Почнувајќи од Образованието, сите гледаме какви последици има во сите институции. И тоа некој член што го кажа погоре во стилот па што несмее демек да бидат 2јкаши со 5каши во клас. Зашто во клас кај што стварно има деца капацитет не им се обрне повише внимание? Едноставно губат мотивација, и запаѓаат позади, ради што нема конкурентност во класот да напредува. На крај ќе се разочара, кога некој така ќе добие 2јка и ја проаѓа годината,а овој вамо душа извадил за 5ка. Дефинитивно малку подобар систем имаат приватните школи.
Доволно е кога ќе видам дека некоја ја интересира пеење, учествува по разни музички фестивали уште од млада, музиката и е животот, а родителите ја акнале да учи медицина средно па уште и медицински факс потоа хаха или пак некоја ја интересира и се занимава активно уште од млада со топ-моделство, манекенство, глума, балет, сликарство и.т.н. а кога ќе ја прашаш кај учиш ќе ти каже во Панче Караѓозов (средно медицинско) хаха
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Да ги оставиме родителите настрана и тоа што мислат они дека детето треба да биде. Родителите не се замараат моментално. Од 25 родители на деца, дали 10 се појавуваат на оние родителски и да се заангажираат да прашаат до каде им е детето. Зборам за најмаливе. По дома ситуацијата само можам да ја замислам каква е, детето апсолутно не гледа никаов пример за тоа дека треба да се стекне навика за учење. Лигави се, арогантни од мали и невоспитани. Сега не смееш да им писнеш, зашто греота било, деца. Ако им писнеш, имаат мобилни сите појаки од мојот, ќе дојде некој да се кара. Немаш простор да ги научиш и оние најосновните работи, бидејќи онаа основната култура се учи, дома. Имаш дете, ќе му посветиш малце внимание, учителите се тука да, но тие не треба да заменуваат и родители.

Тоа е основниот проблем. Другите проблеми, глуп кадар, затуцан. Оние вработени од на Тито времето компјутер дали знаат да уклучат без да се створи паника. Не сме слепи, во секоја институција има вакви. Зборот ми е, не сакаат да се замараат со надоградба во професијата.
Онаа Кембриџ програмата, кој ја смислил, тоа е идиотизам на највисоко ниво. Многу, многу непотребни работи, мислам што ќе му е на 8 годишно дете да знае што е струјно коло? Кај има капацитет за тоа да го разбере? Англиски пак учат од прво, т.е од 6 години. Зошто? Тие името на македонски не знаат да си го напишат. Да не набројувам повеќе, кога сум гледала материјали, многу од тие работи ние сме ги учеле после шесто.
И не мислам дека е добро да се делат децата на паметни и глупи. Паметното не е убаво да мисли дека е најпаметно, а глупото не значи дека не може гледајќи го паметното да стане и тоа попаметно и да почне да се труди. Реално, од 25 деца пак да земам пример, 5 дали се на граница на ниско IQ, се друго е мрзливо, не е глупо.
Во средно веќе ај да почнат да ги делат. За средните школи пак, не ми се ни прави муабет. Кај мене најголем проблем беше што имаш поклон оценки и без да ги бараш. Абе наши деца се, ќе им треба просек за на факултет. Проблемот е овде највеќе во самите професори. Имаш некои кои ти ствараат љубов кон предметот, интересен ти е, го слушаш внимателно. Но, тоа е стварно реткост.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398

Кај мене во основно прилично сум сигурен дека имаше 15 екстремно глупи деца и уште 5-6 релативно глупи. Да не зборам за математика кај што имаше екстремна неписменост ( до 8 мо да не знаеш да делиш множиш) и по другите предмети беа ужасни. Меѓу нив и деца од океј фамилии чии родители се трудат да ги воспитаат. Каде згрешиле не знам или едноставно не им фаќа кликерот ама какви беа такви и останаа, единствено што постигнаа е и ние да не може да учиме :)
 
Кембриџ програмата не е лоша.Не учат веднаш тешки работи,туку полесни.Не се заморуваат веднаш со тешка математика и физика,туку во прво и второ одделение учат елементарни работи.Ги разгледав учебниците на моите внуци по Кембриџ програмата,и забележав дека се полни со работи кои двајца од нив веќе ги учеа во второ,трето и четврто одделение по нашите стари учебници.Во учебник по математика за 8 одделение по Кембриџ има задачи за математички операции кои веќе едниот мој внук ги имаше сретнато во 4 одделение во учебник по математика за 4 одделение од наши автори.Од прво до петто одделение учат прелесни лекции,само најосновни поими.Нема ништо лошо во тоа што учат Англиски уште од прво одделение.И во други земји,децата уште во градинка и во прво одделение покрај мајчиниот,го учат и Англискиот јазик,па нивните родители не се бунат.Колку порано децата научат Англиски јазик,толку подобро ќе биде за нив затоа што тој јазик се користи на интернационално ниво.
На сите нивоа на образование,главен проблем се професорите кои не си ја работат работата како што треба,а земаат пари.И тоа,професорите на факултетите се дебело платени.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Кај мене во основно прилично сум сигурен дека имаше 15 екстремно глупи деца и уште 5-6 релативно глупи. Да не зборам за математика кај што имаше екстремна неписменост ( до 8 мо да не знаеш да делиш множиш) и по другите предмети беа ужасни. Меѓу нив и деца од океј фамилии чии родители се трудат да ги воспитаат. Каде згрешиле не знам или едноставно не им фаќа кликерот ама какви беа такви и останаа, единствено што постигнаа е и ние да не може да учиме :)
Во ред, ете и повеќе да биле поглупи. Јас се сеќавам дека имавме еден во осмо што не знаеше да чита. И тоа пази, се дозна тогаш зашто и онака никој не се замараше со таквите ко него, па случајно реши наставникот да го крене да чита. Мене тие не ми сметале во мој развој, затоа што и онака никој не се замарал од наставниците со нив. Кој се замара со потешкото уствари? Али тотално пак да ги тргнеш такви деца ко во карантин, не оди бе. И тоа дете и ти заслужувате исто внимание од наставник, а во 99% од случаевите, тоа другото секако не го добива тоа внимание, па не гледам зашто жалба за тоа да има, искрено.

Кембриџ програмата не е лоша.
После ова ќе ми извиниш, али не можам понатака да те читам.
 
Зошто ?
Затоа што ти кажав дека не си во право ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom