А дали и уличните метачи ќе треба да имаат специјални лиценци за обавување на таа дејност ?!
Лиценци за таксисти, агенти за недвижности, сметководители, чувари/вратари/редари, станарски советници(совети на згради), негувателки/бебиситерки и.т.н. и.т.н. како што еден член со право напиша во еден негов пост на една друга тема пред некој ден: тури и ку*о на држава во која за да пренесеш песок со тамче ти треба лиценца !
Која глупа работа .............. ОК е да мораш да имаш лиценца за да бидеш на пр. доктор, хирург, економист, правник, директор и.т.н. ама лиценца за професии каде што платите се испод државниот просек(упола од тоа) е нон-сенс ......... да докторот мора да има лиценца за да си ја обавува неговата дејност, ама докторот зема/ќе зема плата 35+илјади, а негувателката 11/12 илјади .......... а исто и другите пониски работни места, за кои исто така се бараат лиценци ............. али чим се наумило ќе биде, дали на нас ни се свиѓало тоа или не, што е тоа битно !
--- надополнето: 6 јули 2012 во 16:42 ---
Правото секаде во светот е концепирано така да ги застапува интересите на владеачката класа, никако на народот.
--- надополнето: 6 јули 2012 во 15:53 ---
Да не зборуваме за културолошкиот и историски аспект на овие две земји, кој е неверојатен.
Не ми ја спомнувајте Америка како репер за некаква си цивилизација, ред и култура...земја која е изградена врз геноцид заслужува се што понатаму ќе ја снајде.
Владеачка класа имало/има во секое општество ......... Робовладетелство, Феудализам, Капитализам, па и во Социјализам ........... владеачка класа(од неколку %) имаш и во Кина, Куба, Сев.Кореја ......... и порано кај нас во Социјализмот(СФРЈ) имало владејачка класа ........... поентата е во тоа што треба да постојат т.е. да се создадат услови за живот и за невладеачките класи ............. на пр. јас работам и сакам да имам среден/нормален живот, значи не сакам да бидам елита, не барам луксуз, ама не сакам да бидам ни чергар .......... сакам моите пари кои ги заработувам да бидат мои, а не државата да ми ги собира(како и на сите останати) со триста разно-разно потребни и непотребни глупости !
Инаку бесцелно е да се споредуваме со западниот свет(ЕУ/УСА...) и таму имаш да владеачка класа, ама и тој што не е владеачка класа има услови за некаков(просечен) живот, макар да е и чистач, мешач на малтер, копач, водоводџија и.т.н. ................. не сум Социјалист/Комунист, не верувам во празни утопии(’’еднаквост‘‘), верувам само во реалноста ............ колку заработуваш, толку да си имаш, кај нас и 500 или 1000 евра да земаш плата пак на крај нема да ти остане ништо ............... давачки триста и кусур ......... од кои 2/3 тотално непотребни и без врска ......... лиценци-миценци, даноци безброј, сметки и комуналии до небо, такси за дишење на воздух и користење на сончева светлина и.т.н.