Негувателки со лиценца ќе ги чуваат децата

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.464
Поени од реакции
18.470
Кон крајот на годината треба да почне процесот за лиценцирање на негувателите и директорите во детските градинки. Во рамките на предлог-законот за заштита на децата, меѓу другото, од Министерството за труд и социјала планираат дообучување на целокупниот кадар во градинките, електронско досие за децата и работниците во предшколските установи.

Министерот Ристовски објаснува дека дообуката на старите кадри е неопходна, затоа што потребите сега се поразлични од оние од пред триесетина години:

„Не е исто да згрижувате деца во 85 и не е исто да згрижувате деца во 2012 година. Тогаш децата не знаеа што е компјутер, не постоеја практично компјутери, се занимаваа до Росица и дрвени боички, а денеска имате деца кои на 5 години отвораат компјутер и играат онлајн игри“, изјави министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Од градинките велат дека лиценцирањето ќе придонесе за подигнување на квалитетот на работата, но акцентираат дека клучниот проблем со кој се соочуваат предшколските установи е недостигот на персонал што ќе се грижи за децата. Директорите неможат да вработуваат негувателки, ниту како замена за оние што заминале во пензија а сеуште како проблем останува и нерешениот статус на голем број времено вработени негувателки кои никако да добијат решение.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=51956

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Уште еден апашки проект.
Со парите од сите лиценци до сега ќе го полнат буџетот.
Ќе ги седнат децата пред компјутери кои ги купиле по огроооомна цена, зашо нели тие биле најбољи, а не знаат дека секаде у свет се трудат што е можно покасно децата да се запознаат со компјутери.
И за шо им биле компјутерите на децата? За игрици :eek: Кои игрици бе Спиро, кога пола од децата со росици, логички плочки и слични активности во градинките се неписмени. Или битно е да се краде, на било каков начин :tapp:

Кажа и остана жив.
Неписмењак еден, децата одат во градинка до 5 години :tapp:
Градинките се во страшна состојба, се распаѓаат....а он ќе ги компјутеризира.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
„... денеска имате деца кои на 5 години отвораат компјутер и играат онлајн игри“, изјави министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Од градинките велат дека лиценцирањето ќе придонесе за подигнување на квалитетот на работата, но акцентираат дека клучниот проблем со кој се соочуваат предшколските установи е недостигот на персонал што ќе се грижи за децата. Директорите неможат да вработуваат негувателки, ниту како замена за оние што заминале во пензија а сеуште како проблем останува и нерешениот статус на голем број времено вработени негувателки кои никако да добијат решение.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=51956

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Баш се упорни со проектот компјутер за секое дете мислам стварно, 5 години и оп го отвара компјутерот и пука кантер или ВоВ или ФБ игри седно.:pos:
А го примети ли некој долниот пасус, кај шо вика дека има "недостигот на персонал што ќе се грижи за децата" и дека " Директорите неможат да вработуваат негувателки, ниту како замена за оние што заминале во пензија" .
И сега оние кои нема да имаат лиценца нема да можат да работат, а веќе има недостаток на негувателки. Win-Win за буџетот, loose-loose за негувателките и децата/родителите.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
уште една тема за расправии,
сум носел,(со години мој)деца во градинки,а потоа и внуци,
и горе доле ја знам состојбата таму,како и другите родители.
Прв ден,веднаш те прашуваат,кога мајко ќе си го земете детето.
Желбата им е тоа да биде пред спиење па и пред ручек,за да нешто
остане од тоа,а ужинката се разбира,никогаш не ја добиваш.
Прва недела,откога си го запишал и си платил за дотичниот месец.
веднаш дај ПАРИ за ова - она и т.н. се нешто им фали,ќе се купува тоа и.....па некој скршил прозорец,или нешто е украдено,и слични глупости
Втора недела, ако мало и употребува памперс,донеси уште,па пак уште,како тројка да си им оставил на чување....
за бојци и боенки,ножички и др.те потсетуваат редовно-донеси мајко
Трета недела,те викат од работа земиси го детето има буви,вошки,гниди,
И трчај одма.Се прашувам ако останеше таа недела дома што ќе имаше.
Четврта недела.Дај пари ,децата беа во некој си непостоечки парк,или Пари мајко,вчера имаше театарска престава-еден кловн и тапан музика.
Пата недела, дај пари,ново друштво,децата изразија желба да се сликаат,а тоа сликарот е случајно внук на директорката.
А веќе иде нова година,дај пари за пакетче,350 ден. а внатре СТОКА за 50.А треба и слика со дедо мраз.ама и нова престава и дај мајко пари.
И градинката стана Бизнис-доходовен за некој,а тоа колку работат или кој ги воспитува е уште поголема приказна.
Сме се напатиле и по тој (трнлив)пат.
Се разбира партиски ќе стават директор-ка на градинка.И тој веднаш по
кратка постапка ја прави градинката Дебрска,ако дошол од Дебар.
Нема шанси да се умешаш таму за запослување или пак и во школо од
нив.(Нечии а никакви)
Пак за една од ќерките,ќе чуеме негде треба или се бара за во градинка,или пак сами одиме да прашаме и кажуваме: тоа што треба
Магистер по или за (вовед на предучилишни деца во музиката)
Англиски,компјутер,пијано и бришење газиња да не спомнувам, 10,0.
И одговор.
Абе ни треба таков некој,немаме,ама чекаме КОЦЕ ќе прател некоја и ..
треба да дојде деновиве,ако не прифати ќе видиме,јавете се пак ......
ама многу КОЦЕВЦИ има во државава и многу Дебарчани и ДРУГИ и
така 10 години..патишта и ништо..
само што тие КОЦЕВЦИ,е не можат да измислат и да ги направат истите
да бидат вечни или бар,да живеат 200 години,овака бар сега за сега и бар само во тоа сме еднакви.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
уште една тема за расправии,
сум носел,(со години мој)деца во градинки,а потоа и внуци,
и горе доле ја знам состојбата таму,како и другите родители.
Прв ден,веднаш те прашуваат,кога мајко ќе си го земете детето.
Да, затоа што треба да си идиот и прв ден у градинка детето не прилагодено на 40 деца да го оставиш од сабајле до крај на работно време.
Такви родители ги има многу. Кога детето се адаптира н нова средина и нови луѓе треба ли да го оставиш 10 саата во нешто непознато?

Желбата им е тоа да биде пред спиење па и пред ручек,за да нешто
остане од тоа,а ужинката се разбира,никогаш не ја добиваш.
Желбата им е пред спиење, затоа што не секое дете е научено да спие по ручек. И што се должни другите деца да го трпат плачењето на твоето дете кое не сака да спие? Си ја побарал ужинката и вработените не ти ја дале?

Прва недела,откога си го запишал и си платил за дотичниот месец.
веднаш дај ПАРИ за ова - она и т.н. се нешто им фали,ќе се купува тоа и.....па некој скршил прозорец,или нешто е украдено,и слични глупости
Зарем твоето дете не црта во градинка? Не бои? Не мие раце или не брише нос?
Или тоа се треба градинката да го обезбеди?

Втора недела, ако мало и употребува памперс,донеси уште,па пак уште,како тројка да си им оставил на чување...
А ако ти го вратат усрано, одма излегува македонштината на виделина. Пи*ка им мајчина, па за шо зимаат пари? Не ли можат една пелена да му сменат? А ти не си однел пелени, а па ако стаат од друго дете ги праиш пуздер како смееле така да напраат :tapp:

Трета недела,те викат од работа земиси го детето има буви,вошки,гниди,
И трчај одма.Се прашувам ако останеше таа недела дома што ќе имаше.
Зошто и другите деца да префатат вошки? Или ако ти се јават на телефон да си го земеш детето од градинка пошо гори температура ти да им кажеш дека ќе дојдеш после работа.

Четврта недела.Дај пари ,децата беа во некој си непостоечки парк,или Пари мајко,вчера имаше театарска престава-еден кловн и тапан музика.
Ако не ги анимираат децата зашо не ги анимираат, а ако го прават тоа зашо бараат пари :eek:

А веќе иде нова година,дај пари за пакетче,350 ден. а внатре СТОКА за 50.А треба и слика со дедо мраз.ама и нова престава и дај мајко пари.
Устата за да се побуниш каде е? Како може децата на министрите да добиваат гратис пакетчиња, а на децата во градинка да не им се поделат гага?

И градинката стана Бизнис-доходовен за некој,а тоа колку работат или кој ги воспитува е уште поголема приказна.
Имаш избор. Приватна градинка, ќе си платиш 200 евра и ќе уживаш.
Ама не, битно да се плука по државните градинки каде ќе платиш 1500 денари со вклучен доручек, ручек, ужинка, социјализација, воспитување на дете ...нешто што родителите во последно време го забораваат. Ги забораваат и децата во градинка. Ги оставаат од сабајле до вечер со изговор дека они ко ќе дошле од работа требале да одморат, пошо градинката работи до 18h. Па говедо едно твоето дете оставено 12 часа во градинка не ли треба да одмори? Кога тие родители ќе го воспитаат детето? Кога ќе погледнат дали е помочкано или и после викенд ќе го донесат во градинка со истите гаќички помочкани/покакани? Ќе одат да слават Нова година а детето ќе го забораат у градинка и ќе се сетат на него на 2 јануари :eek:
Не треба вработените да имаат картички за работно време, туку децата при влез и излез треба да се штракнат на апаратче за евиденција, па некој слепец да види колку се грижат родителите за децата.
Каде се социјалните работници да поведат сметка за неодговорните родители? Да одземат родителско право на оние кои мислат дека само треба да напраат дете и после да го остаат? Каде е министерот да види во какви услови работат вработените во градинка и по колку деца чуваат?
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Тататататааааааааам ајдее ударај давачки и давачки и само давачки !! смрт за слободната работа напред давачките !
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Сега немам појма како е со градинкиве но јас кога одев порано во градинка имав баш супер искуство памтам доста работи... не беше порано се така црно ( зависи за која градинка ) Во секоја градинка не е исто да ти бараат за се пари. Инаку убава идеја со лиценциве (y)
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Уште еден апашки проект.
Со парите од сите лиценци до сега ќе го полнат буџетот.
Ќе ги седнат децата пред компјутери кои ги купиле по огроооомна цена, зашо нели тие биле најбољи, а не знаат дека секаде у свет се трудат што е можно покасно децата да се запознаат со компјутери.
И за шо им биле компјутерите на децата? За игрици :eek: Кои игрици бе Спиро, кога пола од децата со росици, логички плочки и слични активности во градинките се неписмени. Или битно е да се краде, на било каков начин :tapp:

Кажа и остана жив.
Неписмењак еден, децата одат во градинка до 5 години :tapp:
Градинките се во страшна состојба, се распаѓаат....а он ќе ги компјутеризира.
Значи ти си против дообука на негувателките и сметаш дека нема потреба од лиценци?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Значи ти си против дообука на негувателките и сметаш дека нема потреба од лиценци?
Никој не е против дообука, напротив, туку против печалењето на лиценци. Ако веќе толку се грижат за децата, зошто да нема бесплатно дообразование на негувателките? Но, не, во оваа земја се профитира од се и сешто, па ете и од ова.
Како тргнало, нема да ме чуди да воведат лиценци за секоја можна професија во државава :facepalm:
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Никој не е против дообука, напротив, туку против печалењето на лиценци. Ако веќе толку се грижат за децата, зошто да нема бесплатно дообразование на негувателките? Но, не, во оваа земја се профитира од се и сешто, па ете и од ова.
Како тргнало, нема да ме чуди да воведат лиценци за секоја можна професија во државава :facepalm:
Па никаде во текстот не прочитав дали ќе се плаќа и на кој начин ќе оди обуката и лиценцирањето или имаш ти некои податоци. А инаку вадење лиценци за одредени професии е пракса во цел западен свет особено за вакви професии, кај нас е чудно затоа што до сега немало. Следни ќе бидат агентите за недвижности кои исто така во западниот свет работат со лиценца...
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Значи ти си против дообука на негувателките и сметаш дека нема потреба од лиценци?
Градинките се распаѓаат, немаат клима на пеколов, децата седат во крш услови само уште дообука фали т.е плаќање на лиценца :tapp:
Што подразбира таа дообука? Да го седнат 5 годишно дете на компјутер да работи? Па нема 5 годишни деца во градинка. Или тоа шо не проодело ќе го учат да бои на компјутер?
Кој од глаучите посетил една установа да види како се работи во абнормални услови?
Лесно е да смислиш начин како да си ја покриеш претстојната изборна кампања, ама жалосно е коа пак преку апашки проекти пробуаш да го напраиш народот глуп велејчи му дека тоа е за негово добро.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Градинките се распаѓаат, немаат клима на пеколов, децата седат во крш услови само уште дообука фали т.е плаќање на лиценца :tapp:
Што подразбира таа дообука? Да го седнат 5 годишно дете на компјутер да работи? Па нема 5 годишни деца во градинка. Или тоа шо не проодело ќе го учат да бои на компјутер?
Кој од глаучите посетил една установа да види како се работи во абнормални услови?
Лесно е да смислиш начин како да си ја покриеш претстојната изборна кампања, ама жалосно е коа пак преку апашки проекти пробуаш да го напраиш народот глуп велејчи му дека тоа е за негово добро.
Идејата како идеја е добра, а ти ако во се гледаш позадина тоа е друга работа. Значи поради твоите предрасуди не можеш да веруваш во ниеден проект. Конкретно во Аеродром се реновираат сите градинки. Но претпоставувам дека тоа според тебе е само фарса за да се исперат пари...
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Па никаде во текстот не прочитав дали ќе се плаќа и на кој начин ќе оди обуката и лиценцирањето или имаш ти некои податоци. А инаку вадење лиценци за одредени професии е пракса во цел западен свет особено за вакви професии, кај нас е чудно затоа што до сега немало. Следни ќе бидат агентите за недвижности кои исто така во западниот свет работат со лиценца...
Секако дека ќе се плаќа таа лиценца.
Како шо плаќаат таксистите лиценца со која гз може да избришат, како шо плаќаат доктори, така и негувателките ќе плаќаат.
Ако не им е покачена платата, битно сеа ќе бидат лиценцирани. Ако работат во абнормални услови со несоодветно голем број на деца, сеа ќе си платат и лиценца.
Додека има овци, ќе има и вуна.
--- надополнето: 6 јули 2012 во 14:49 ---
Идејата како идеја е добра, а ти ако во се гледаш позадина тоа е друга работа. Значи поради твоите предрасуди не можеш да веруваш во ниеден проект. Конкретно во Аеродром се реновираат сите градинки. Но претпоставувам дека тоа според тебе е само фарса за да се исперат пари...
Па не сум глупа да не ја видам позадината на ваквите проекти. Кои се за доброто на власта, не и за народот/децата.
Во Аеродром се реновираат градинки на ВМРОвски збор, ама не и на дело ;)
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Секако дека ќе се плаќа таа лиценца.
Како шо плаќаат таксистите лиценца со која гз може да избришат, како шо плаќаат доктори, така и негувателките ќе плаќаат.
Ако не им е покачена платата, битно сеа ќе бидат лиценцирани. Ако работат во абнормални услови со несоодветно голем број на деца, сеа ќе си платат и лиценца.
Додека има овци, ќе има и вуна.
--- надополнето: 6 јули 2012 во 14:49 ---

Во Аеродром се реновираат градинки на ВМРОвски збор, ама не и на дело ;)
"Лиценца со која таксистите можат гз да избришат" - за што треба да прават со лиценцата? Знаеш ли што е лиценца? За што служи? Лиценцата ја издава државата за одредени професии за кои се бара одредена професионалност или па се ризични, и служи за регулирање на тие области, значи дека не може секој да го работи тоа туку државата издава дозволи/лиценци за да ги евидентира и контролира. Пред да добиеш лиценца вообичаено се врши тестирање и/или практична обука...
А за Аеродром повели дојди и види дали не се реновираат, можда овие работнициве што ги видов како внесуваат материјали и работат се уствари глумци од ФДУ на пракса...
--- надополнето: 6 јули 2012 во 14:55 ---
Верувам во проектот...уште повеќе во парите што истиот ги носи :D
Твое право...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom