Нега на кожата на лицето и телото и рецензии на козметички производи

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.383
Заборавив да спомнам, јас сум задоволна и од хемискиот пилинг од Ordinary, AHA+BHA, само што периодов и тој го избегнувам. Ова никако на осетлива кожа!

Маски имам милион пробано, оваа ќе ја пофалам:

Скапа е, ама дава видливи резултати веднаш. Уствари препорачувам само работи кои веднаш даваат ефект, затоа што сум мрзлива и нетрпелива и ретко сум користела некој продукт постојано за да дочекам да видам видливи резултати. Маскава кога ќе ја ставам, не чувствувам потреба за течна пудра или слично. Затоа и сакам продукти кои се ефективни, да немам потреба да си го покривам лицето со пудра, затоа што пудрата ми изгледа вештачки и барем на мене стои грдо.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Некои други продукти од The Ordinary за нега на кожата на лицето, ставени се во спојлер сликите, излегува дека е ова сува реклама за нив, но сепак...

1. Alpha Arbutin 2% + HA - серум формулиран на база на алфа арбутин и хијалуронска киселина

Алфа арбутинот е безбедна состојка која ги избледува хиперпигментните дамки на кожата така што го намалува лачењето на меланин, а хијалуронот помага во транспортот на хранливите материи длабоко во кожата.

2. AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution - пилинг раствор на база на AHA и BHA (киселини)

AHA или гликолната киселина дејствува на површината кожата, додека BHA или салицилната киселина продира во внатрешноста на кожата. Гликолната киселина е застапена со 30% и е на прво место, така што е доминантна во растворот. Таа се препорачува за зрела кожа склона кон хиперпигментација. Растворот се користи еднаш до максимум два пати неделно, на чиста и сува кожа и треба така да отстои 5 до максимум 10 минути на неа.

3. Azelaic Acid Suspension 10% - суспензија на база на азелаична киселина

Азелаичната киселина помага во намалувањето на црвенилата настанати од акни и прави нежен пилинг на затворените пори и безживотната површинска кожа. Може да се користи за сите типови кожа бидејќи е природен антиоксидант за кожата. Исто така многу е важно да се користи заштитен фактор паралелно со него, поради фактот што предизвикува чувствителност на кожата на сончевата светлина. Предизвикува пецкање на кожата кое во почетокот е малку непријатно, но подоцна кожата се навикнува.

4. Caffeine Solution 5% + EGCG - кофеински раствор

Серум за пределот под очите кој содржи високо ниво на кофеин кој ја оживува кожата и ги стеснува крвните садови со цел да се намали темнилото и подуеноста на подочниците. EGCG (epigallocatechin gallate) се добива од зелениот чај кој има антивоспалително дејство и го реактивира епидермисот кој е во фаза на умирање.
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.920
Поени од реакции
12.411
Заборавив да спомнам, јас сум задоволна и од хемискиот пилинг од Ordinary, AHA+BHA, само што периодов и тој го избегнувам. Ова никако на осетлива кожа!

Скапа е, ама дава видливи резултати веднаш. Уствари препорачувам само работи кои веднаш даваат ефект, затоа што сум мрзлива и нетрпелива и ретко сум користела некој продукт постојано за да дочекам да видам видливи резултати. Маскава кога ќе ја ставам, не чувствувам потреба за течна пудра или слично. Затоа и сакам продукти кои се ефективни, да немам потреба да си го покривам лицето со пудра, затоа што пудрата ми изгледа вештачки и барем на мене стои грдо.
И јас сум нетрпелива, ама на голем дел од производите им треба време да делуваат.... Ако не се лажам на 6 недели е turnaround на клетките на лицето, така да треба време. Маските одма даваат ефект, ама мислам дека се е тоа површно.
Јас ниацинамидот го користам повеќе од месец, може и два се, и тек сега гледам подобрувања. Пред тоа имав purging, се шо беше заглавено во некој слој од кожата ми излезе во вид на акна :D

AHA + BHA го користам и јас, пошо имам поосетлива кожа го ставам на секој десет дена, две недели. Од него уште немам видено некој бенефит пошо го имам искористено 3 пати само.

Мислам најважен совет, кој барем за мене донесе најмногу резултати е редовно чистење на лицето. И double cleansing.
Сабајле го чистам со гел на база на вода, јас го користам од cerave и ми е супер. Навечер прво со масло, па после со истиот гел.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Некои други препарати од овој бренд кои би сакала да ги вметнам во негата на кожата на лицето, од кои некои ги споменаа и Вајолет и Агда.

5. Hyaluronic Acid 2% + B5 Hydration Support

Лесен серум за рехидрирање на кожата на мулти-длабоко ниво. Овој ултра-чист серум комбинира 3 типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна големина, во комбинација со витамин Б5, за да понуди трајна хидратација и видливо пополнување на кожата на сите нивоа на дермисот. Задржувањето на влагата, јачината на липидната бариера и површинската хидратација се подобрени, што доведува до помазна, помека и поздрава кожа.

Хијалуронската киселина привлекува до 1000 пати поголема од својата тежина во вода, додека пак витаминот Б5 ја хидрира и лекува сувата и оштетена кожа преку стабилизирање на функцијата на нејзината бариера и промовирање на растот на посилно кожно ткиво.

6. Glycolic Acid 7% Toning Solution

Овој раствор за тонирање овозможува исклучителна ексфолијација која ѝ дава на кожата видлив поттик на сјајност и чистина. Оваа нежна, но сепак делотворна формулација на тоник се карактеризира со гликолна киселина (алфа хидроксилна киселина) која овозможува нежна ексфолијација на кожата и подобрување на нејзината текстура.

Овој раствор за тонирање содржи 7% гликолна киселина и дериват на тасманиски црн бибер за намалување на воспаленијата, како и корен од женшен и алое вера за подобрување на сјајноста на тенот, кои нудат и смирувачки придобивки за кожата.

7. 100% Plant-Derived Hemi-Squalane

Скваланот од 100% растително потекло е чист, природен додаток за оптимизирање на нивото на хидратација на кожата. Пронајден природно во рамки на кожата, ботаничкиот липид сквалан е заситен и стабилен јаглеводород кој обезбедува извонредни својства за задржување на влагата и може да помогне во спречување на нејзината трансдермална загуба од кожата. Погоден е за сите типови кожа, одржлив извор и е некомедоген за да се избегне затнувањето на порите.

Кожата се чувствува потхранета и еластична, а тој исто така може да се нанесе и на косата за подобрена заштита од топлина, оптимален сјај и нејзино минимизираното кршење.

8. 100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed Oil

Оваа формулација користи 100% масло од чисто семе од шипинка, кое е и ладно цедено и органско. Маслото од семе од шипинка е богато со линолеинска киселина и провитамин А, кои инаку деградираат кога процесот на екстракција вклучува топлина. Иако ладно цедената екстракција е сложена, го зачувува целиот квалитет на ова важно масло, за кое се покажало дека ги намалува знаците на фотостареење и многу други проблеми и состојби на кожата.

9. “Buffet” Multi-Technology Peptide Serum

Додавајќи 1% концентрација на чисти бакарни пептиди на познатиот препарат на овој козметички бренд наречен „Бифе“, оваа формулација комбинира сеопфатна палета на технологии со кои насочено и успешно се третираат повеќе знаци на стареење одеднаш. Бакарните трипептиди кои ја поддржуваат заштитата на кожата се моќен противотров за занемарен и тен под стрес, помагајќи ѝ на кожата природно да се избори со него, истовремено подобрувајќи ги и оштетувањата на текстурата на тенот, борејќи се против дамки, како и за изедначувањето на нејзиниот рамномерен тон и враќањето на младешкиот сјај. Покрај ова, комплексот содржи и пепетиди кои му пркосат на стареењето, пробиотски комплекс, 11 аминокиселини кои се прилагодени на кожата и повеќе форми на хијалуронска киселина кои ја зајакнуваат и ја хранат вашата кожа за да го откријат нејзиниот поздрав и младешки изглед.

10. Granactive Retinoid Emulsion 2%

Гранактивната ретиноидна 2% емулзија, претходно позната како „напреден ретиноид со концентрација од 2%“, е еден од најпопуларните производи базирани на ретиноиди, формулирани од страна на експертите за нега на кожата на брендот. Познати по тоа што се едни од најефикасните состојки против стареењето на кожата, ретиноидите доаѓаат во различни потенции и различни формулации за да ја намалат нејзината потенцијална чувствителност на нив.

Гранактивната ретиноидна 2% емулзија е лесна формулација со мала тежина и со мала веројатност за иритација на кожата. Активната состојка на производот, Hydroxypinacolone Retinoate (HPR) е помалку абразивна алтернатива на ретиноичната киселина или лековите издадени на рецепт кои содржат ретинол, а која помага да се забрза возобнувањето на кожните клетки и да се минимизираат знаците на стареењето на кожата и акните.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Преклани го купив и овој производ од јапонскиот козметички бренд Хада Лабо, на база на хијалуронска киселина од нивната „бела“ линија, кој се котира многу високо меѓу задоволните потрошувачки и има висока просечна оценка на продажната интернет мрежа Амазон.

Hada Labo Tokyo, Lotion No.1, Super Hydrator

Препарат за нега на кожата кој гарантира дека обезбедува длабока хидратација со комплекс од „Супер-хијалуронска киселина“, која дејстува во синергија со Ретинол-комплексот и колагенот, со цел да ги поправи штетите настанати како резултат на стареењето. Формулиран е за да помогне во зголемувањтое на цврстината и еластичноста на кожата и да ја намали појавата на фините линии и брчки. Овој хидратор сличен на серум се апсорбира веднаш во кожата, така што таа се чувствува кадифено мазна на допир, поцврста и обновена. Супер-хијалуронска киселина е комплекс на комерцијална комбинација на 3 типа на хијалуронската киселина. Се предвидува како втор чекор во дневната рутина за нега на кожата, кој се нанесува по миењето со благото хидратантно средство за чистење од истиот бренд.

0ae1e46580eaee23709632523ff5350c.jpg

Јапонците и особено Корејците имаат фасцинантен режим за нега на кожата, кој вклучува повеќе комплементарни чекори. За нив и не сум премногу запознаена, тоа е цела филозофија, лично мене овој хидратор ми прилега на кожата, се впива инстантно брзо, ја освежува и ѝ дава блескавост како да сте правеле мини-лифтинг на лицето. Не иритира и многу е благ, а неретко можете да го најдете и на намаление во една од нашите познати германски дрогерии во земјава.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Од јапонскава линија јас го користам само ова.

723120.jpeg

Не го користам секојдневно, најчесто после ставање маска или некогаш навечер. Кожата насабајле другиот ден ми е видливо посвежа, али освен тоа не сум приметила друга разлика. Најверојатно треба да се користат и другите продукти заедно за да се види најдобар ефект.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Јас засега единствено што кoристам е вода од лаванда.. дури и кога ќе си купам некој крем или некоја маска што сакам да ја пробам , веднаш потоа кожата ми е многу поосетлива и обично ми излегува по некоја акна во „Т“ зоната. Мислам дека и ништо друго неможе да функционира подобро со оглед на тоа дека сум скоро цел ден надвор на секакви услови.
1588238742764.png
Но имам заприметено дека состојбата на кожата значително ми се влошува ако јадам помрсна храна. Тогаш си правам пилинг со талог од кафе.

Moжеби единствено од што се плашам е постојаната изложеност на сонце од почеток на пролет до есен. Покрај заштитните креми незнам што друго да користам за да го намалам ефектот. Ако има некој совет, пукајте.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Јас засега единствено што кoристам е вода од лаванда.. дури и кога ќе си купам некој крем или некоја маска што сакам да ја пробам , веднаш потоа кожата ми е многу поосетлива и обично ми излегува по некоја акна во „Т“ зоната. Мислам дека и ништо друго неможе да функционира подобро со оглед на тоа дека сум скоро цел ден надвор на секакви услови.
Прегледај го приврзокот 248408
Но имам заприметено дека состојбата на кожата значително ми се влошува ако јадам помрсна храна. Тогаш си правам пилинг со талог од кафе.

Moжеби единствено од што се плашам е постојаната изложеност на сонце од почеток на пролет до есен. Покрај заштитните креми незнам што друго да користам за да го намалам ефектот. Ако има некој совет, пукајте.
Сама си ја подготвуваш водата од лаванда? Би можела да пишеш рецепт за неа?

Го најдов ова на Гугл и го пуштив низ транслејт:

11 природни алтернативи за заштита од штетните сончеви зраци:

1. Носете заштитна облека

Облеката е најдобар заштитник од штетните сончеви зраци. Таа ја апсорбира или ја рефлектира сончевата светлина и ја одржува вашата кожа безбедна. После првичните дваесет минути или повеќе од изложеноста на сонце, треба да облечете облека. Изберете бела облека која ќе рефлектира повеќе зраци и ќе ве остави свежи во летните горештини. Шапки/шешири и заштитни очила за сонце се исто така императив за заштита на кожата на лицето.

2. Јадете квалитетна храна

Јадењето храна богата со здрави масти и антиоксиданти помага во заштитата на вашата кожа од оштетување, вклучително и оштетување од УВ-зраците. Тоа значи дека треба да посегнете по темно, шарено овошје и зеленчук кои содржат каротеноиди и други моќни антиоксиданти. Исто така, јадете јаткасти плодови, семиња, кокосово масло, авокадо, морски зеленчук и микроалги за да ги искористите најдобрите омега масни киселини од нив, па дури и некои здрави заситени масни киселини. Каротеноидите ѝ даваат на вашата кожа здрав бронзен сјај дури и без изложување на сончева светлина, која воедно ѝ помага и поретко да гори.

3. Астаксантин

Овој антиоксиданс е исто така каротеноид и им ја дава на лососите нивната црвеникаво-розова боја. Тие го добиваат од микроалгите кои ги јадат и кои го произведуваат астаксантинот за да се заштитат од УВ-зраците. Астаксантинот е помоќен антиоксидант дури и од витаминот Ц, витаминот Е или Коензимот Q10. Ја штити вашата кожа од сончеви повреди, па дури и помага да се спречи оштетувањето на ДНК-та од ултра-виолетовите зраци. Тој буквално претставува заштитен фактор во пилула, но исто така ги штити и срцето, мозокот, зглобовите и очите.

4. Масло од семе од црвена малина

Ова е едно од најдобрите масла кои содржат природен заштитен фактор од штетните сончеви зраци. Просечно се движи помеѓу 28-50 SPF и ги блокира проблематичните УВБ-зраци.

5. Масло од семе од морков

Маслото од семе од морков може да биде малку потешко да се најде на пазарот, но може да се пофали со 38-40 SPF и има добро добро каротеноидно антиоксидативно дејство.

6. Масло од пченични никулци

Маслото од пченични никулци е природен навлажнувач на кожата, додека истовремено содржи и SPF од 20.

7. Масло од сусам

Маслото од сусам блокира 30% од сончевата светлина, дозволувајќи ви да останете на сонце подолго време без да горите. Аплицирајте го на секој час или два, доколку планирате да бидете подолго изложени на сонце.

8. Кокосово масло

Кокосовото масло блокира околу 20% од сончевите зраци. Тоа значи дека можете да уживате во сонцето 20% подолго од вообичаеното време надвор, без да изгорите. Тоа сепак и не е многу предолго време, па затоа немојте да мислите дека со него сте заштитени со часови. Исто така, тоа ја навлажнува кожата, го намалува воспалението и ги измазнува недостатоците додека истовремено и ги ограничува сончевите оштетувања. Кокосовото масло е уште поефикасно ако го земете и орално. Се бори против воспаленијата и однатре и придонесува за здраво производство на витамин Д.

9. Алое Вера

Алое вера гелот често се користи по сончање за да ја смири вцрвенетата и оштетена кожа. Работи на претходна превенција од оштетувањата со блокирање на околу 20% од сончевата светлина, слично како и кокосовото масло. И покрај тоа, тој не претставува целосна заштита како класичните креми со заштитен фактор.

10. Други масла од семиња и јаткасти плодови

Постојат и други природни масла кои нудат одредена заштита од сончевите зраци, додека истовремено овозможуваат и природно производство на витаминот Д. Тие најчесто содржат низок СПФ од 2 до 8. За таа намена пробајте масло од кикирики, масло од семе од коноп, масло од луцерка, масло од јојоба, путер од шеа, маслиново масло, масло од авокадо и масло од макадамија.

11. Природни средства со заштитен фактор

При купувањето на прозводите секогаш проверувајте ги етикетите, имено многу компании нудат и некои поздрави и поприродни опции кога станува збор за заштитата од сончевите зраци. Вие исто така можете да си направите и свој препарат, како што се оние на база на измешани пчелин восок и цинк оксид во прав.
 
Благодарам за типовиве. Ова кокосовово масло за се го бива. Исто имам прочитано дека и бамбусово масло помага за одржување на еластичноста на кожата. Нешто од тоа ќе пробам.

Инаку водата од лавандула обично ја правам сама и е лесна е за припрема.

– 250 мл минерална или дестилирана вода,
– 3 лажици јаболков оцет,
– 3 лажици сушена лаванда може сега и свежа,
– неколку капки етерично масло од лаванда.

Постапката е следна: лавандата се става во чиста проварена тегла. Потоа се залива со топла вода, се додава оцетот и капките. Теглата се остава 14 денови во темна просторија, одвреме навреме добро е да се протресе. По 14 денови се процецува низ филтер или ткаенина. Може да ја ставите во шише со прскалка. Ја користам наутро и навечер.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Иако не е баш наменето за нега на самата кожа, за маслото од рицинус велат дека има благотворни, ако не и чудотворни својства за негата на трепките и веѓите. Пред некоја година мене ми омекнаа и почнаа да ја губат формата, не задржувајќи ја при виткањето со виткач за трепки, па посегнав по смеса на база на рицинусово масло, за која прочитав дека е корисна за нивната нега и дури доплонително нив ги прави и потемни.

Рицинусово масло содржи 90% рицинолеинска киселина, која, пак, од своја страна содржи високи концентрации на триглицериди, кои имаат емолиентни својства и помагаат при навлажнувањето на трепките. Исто така, ова масло содржи и омега-6 масни киселини, кои можат и генерално да помогнат во забрзувањето на растот на косата и подобрувањето на здравјето на скалпот на главата.

За средството за нега на трепките и веѓите, можат да се измешаат рицинусовото масло кое би послужило како негова база, со други масла, како што се оние од кокос или бадемово масло, како и гел од алое вера и масло од витамин Е или пак, тие да се користат самостојно.

Рецепт за смеса за нега на трепките и веѓите:

1 супена лажица рицинусово масло (опционо и кокосово и бадемово масло)
2 капки масло од витамин Е
1/2 кафена лажичка гел од алое вера

Најпрво исчистете ги трепките, така што на нив нема да остане никаква нечистотија или траги од шминка. Натопете врв од памучна чепкалка за уши или за уште попрецизна апликација, чиста четка од маскара во мала количина на рицинусово масло и така аплицирајте го на врвовите на трепките и на самите веѓи, притоа осигурувајќи се дека тоа нема да капне внатре во очите, бидејќи е многу вискозно. Нанесете го рицинусовото масло навечер пред спиење и измијте го наутро користејќи топла вода и чиста крпа.

Доколку некое лице доживее алергиска реакција, како што се осип или чешање на кожата околу очите, треба веднаш да го одмие рицинусовото масло и да престане да го користи. Ако ваквите симптоми сепак продолжат, треба да се консултира со лекар. Маслото од рицинус инаку можете да го набавите во секоја поснабдена аптека, дрогерија или продавница кај нас.
 
Член од
7 декември 2020
Мислења
11
Поени од реакции
5
Го поминувам вториот триместар од бременоста. Неодамна добив големи мозолчиња на образот. Тие се многу големи и даваат болка. Дали некој знае зошто се случува ова и како да се третира? Дали овие големи мозолчиња ќе исчезнат кога ќе се роди бебето
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
Го поминувам вториот триместар од бременоста. Неодамна добив големи мозолчиња на образот. Тие се многу големи и даваат болка. Дали некој знае зошто се случува ова и како да се третира? Дали овие големи мозолчиња ќе исчезнат кога ќе се роди бебето
Сеатра ми во бременоста се исфрли доста на лицето и по грбот. Лицето и се исчисти ама и не беа толку проблематични. На грбот и останаа лузни. Можда да се консултираш со дерматолог ни било добро
Автоматски споено мислење:

Дали има мажи што користат козметика и ако да што користат?
 
C

CoolIris

Гостин
Го поминувам вториот триместар од бременоста. Неодамна добив големи мозолчиња на образот. Тие се многу големи и даваат болка. Дали некој знае зошто се случува ова и како да се третира? Дали овие големи мозолчиња ќе исчезнат кога ќе се роди бебето
Тоа се случува затоа што бременоста сама по себе е вистински хормонски ролеркостер. Нормална состојба, се јавува како резултат на зголемување на нивото на хормоните. Со самото тоа се зголемува и продукцијата на себумот. Е сега, кај некои жени себумот дава pregnancy glow (убав свеж светкав изглед), додека од друга страна кај други жени е идеално место за насобирање на мртви клетки и бактерии, заради што се создаваат акните. Друго, телото содржи повеќе течности (што значи и повеќе токсини). Обично акните се повлекуваат сами по себе по нормализирање на хормоните (по пораѓај).

Во бременост, не се препорачува користење на било какви препарати без претходна консултација со лекар (дерматовенеролог или гинеколог).

Тоа што може да го правиш за да си помогнеш е редовно миење на лицето (се препорачува до 2 пати дневно, не треба да се претерува бидејќи во спротивно може да дојде до хиперстимулација на жлездите и зголемено создавање на себум, па да имаш обратен ефект). Редовна промена на пешкирите за лице, навлаки за перница, држење на косата настрана од лицето, да се избегнува допирање на лицето со рацете итн.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.920
Поени од реакции
12.411
Да ја активираме темава малце...дали некој има користено салицилна киселина? Препораки за конкретен производ со салицилна?
 
Член од
11 јануари 2021
Мислења
63
Поени од реакции
261
Да ја активираме темава малце...дали некој има користено салицилна киселина? Препораки за конкретен производ со салицилна?
Салицилна само од The Ordinary, имам доста добри критики слушнато за нивната.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom