Нега на кожата на лицето и телото и рецензии на козметички производи

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
Салицилна само од The Ordinary, имам доста добри критики слушнато за нивната.
Ја повлекоа салицилната пред една година, наводно спремале нова формула. Уште чекам да излезе новиот производ, ама еве нема ништо ни во најава.
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
Ајде да го раздвижиме подфорумов :D

Идејата е да напишете мислење/рецензија, на козметички производ кој сте го користеле или го користите. Како сте задоволни од него, дали би го препорачале, дали ви направил некои проблеми итн.
Пожелно би било да ставите слика од производот за полесно распознавање.
Може да рецензирате козметика, парфеми, производи за лична хигиена, шампони, маски за коса .... ваљда добивте идеја.

Еве јас ќе почнам.

Користам козметика секојдневно и покрај неколкуте базични работи кои ми се holy grail и не ги менувам, сакам да експериментирам со разни серуми/кремчиња/you name it.
Ќе започнам од работите кои ги користам најчесто и од кои сум најзадоволна :

1. CeraVe Foaming Clenser

Го користам два пати дневно, сабајле и навечер. Препрепрезадоволна сум, не ми предизвикува никакви иритации, паковањето е големо и ми трае скоро цела година. Сосема малце е доволно за да се покрие цело лице, башка и прави доста пена. Плус има ниацинамид во него така да не морам посебно да го купувам. Кога ќе го потрошам ова паковање ќе го пробам кленсерот за сува кожа, чисто да видам дали има разлика. Овој го земам ради ниацинамидот во него, може другиот повеќе би ми одговарал со оглед на тоа дека имам нормална кон сува кожа.

2. CeraVe Facial moisturizing lotion PM

Хидратантна крема, не е тешка туку баш лесна, мислам најлесна што сум ја користела досеа. Не е густа па лесно се размачкува и не лепи, туку одлично се впива. Ја користам навечер после чистење на лицето, а некогаш и сабајле доколку тој ден не излегувам надвор. Единствено не ми се свиѓа што последнава година бајаги и ја зголемија цената, но сеуште е прифатлива.

3. Purito from green cleansing oil

Масло за чистење....ова го користам само навечер доколку тој ден сум користела шминка или спф. Една пумпица е доволна за цело лице. Го измивам со млака вода и после чистам со обичниот кленсер од CeraVe. Не ми прави иритации, единствено ми смета што некогаш пече на очи иако пишува дека не би требало. Долго трае, јас едно паковање го користам скоро една година.

4. CeraVe facial moisturizing lotion am

Иста како ноќната крема, само оваа има спф... мене ми е ок пошто не остава бело како после повеќето креми со заштитен фактор, а и не ја осеќам тешка на кожата. Ја немам испробано во лето, баш сакам да видам како ќе реагира на топло. Со некој креми со заштитен фактор се осеќам како лицето да ми поти од што се тешки. Бонус поени има за цената, со оглед дека има заштитен фактор и не е толку скапа.

5.Urtekram шампон од чајно дрво

Спас за иритиран скалп ко мојот. Без триста хемикалии, нема мирис, нема сулфати и парабени. Топло го препорачувам доколку имате проблеми со скалпот, мене буквално ме спаси. Огромен плус е што не е скап и долго трае.

6. Garnier banana hair food

Одлична маска за коса, мене ми е ептен погодена пошо од фарбање/шатирање косата ми е ептен сува. Мириса препрепреубаво, не е скапа и најголем минус е што не се јаде бидејќи секогаш кога ќе го отворам паковањето ми доаѓа да ја изедам. :D Не ми прави cakey чувство, има некој маски кога ќе ги ставиш се лепи цела коса после,станува некако тешка. Е сеа мене баш и не ми помага со расчешлување, морам плус да прснам со уште некое спрејче за да ја исчешлам, али и покрај тоа еве веќе на трето паковање сум.

Се надевам добивте идеја што би постирале! :D
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.176
Поени од реакции
13.794
Браво @Емкаа!!!! Иско баш сабајле фрлив креми со поминат рок (за нигде сум со козметика), како те читам добив желба да си купам нешто :)

Пред 7-8 месеци ме излажаа да купат серум кои што ми рекоа дека ја прави кожата помека и почиста, ценките ќе исчезнеле. Немам навика за козметика па решив потсетник на телефонот да си ставам, наутро и навечер. Успеав скоро три недели и иако ми рекоа СИТЕ дека одма приметиле резултати, искрено кај мене не видов промени. Да, кожата беше мека ама мека е и после миење и ако ставам било каква крема. Црнките си останаа, не се исчисти ништо. Го тргнав потсетникот на телефонот и сега кога ќе ми текне ставам :(
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Јас порано многу се мачкав, па ваква крема за лице, онаа за околу очи, па ноќна, па за тело обавезно од истата марка како парфемот, па за раце, па за нокти, за петици ... како минуваат годините, една nivea anti wrinkle и толку, заборавам за тело да ставам по туширање, не па друго :D
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.176
Поени од реакции
13.794
Јас порано многу се мачкав, па ваква крема за лице, онаа за околу очи, па ноќна, па за тело обавезно од истата марка како парфемот, па за раце, па за нокти, за петици ... како минуваат годините, една nivea anti wrinkle и толку, заборавам за тело да ставам по туширање, не па друго :D
Мислев обратно дека треба. Јас ќе се нафурам да купам ама после заборавам да ги користам :(
Кога ќе дојдам дома ќе фотнам нешто пд тоа што повремено користам
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Мислев обратно дека треба. Јас ќе се нафурам да купам ама после заборавам да ги користам :(
Кога ќе дојдам дома ќе фотнам нешто пд тоа што повремено користам
Па зависи (за тоа обратно), иако велат дека како старееш, повеќе ти требаат креми. Јас сега повеќе на витамини и минерали се потресувам :D
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.176
Поени од реакции
13.794
Како што спомнав козметика немам навика да користам. Ама имам ужасно сува кожа на телото и овие два продукти ми помагаат ептен. Со оглед на тоа колку нередовно ги користам би рекла дека се одлични затоа што ми ја сменија кожата :)

Скраб за тело, го користам два пати месечно, некогаш кога ќе ми текне можда и три пати. Нежен е и ја прави кожата мазна. Го купив лани после одморите прв пат затоа што кожата после летото кога пична да паѓа бојата

откако ќе го отстранам сувиот дел од кожата ја употребувам оваа крема

нема силен мирис (не сум обожавател на силни парфеми и миризливи креми) и што ми е мене најважно, брзо се впива во кожата. Кожата свети и не е сува, ама кога ќе ја допреш не е мрсна како после некои креми
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
Ајдее конечно со малце слободно време па одиме втора тура.
Останатите не се срамете, пишете нешо :D

1.The Ordinary Niacinamida 10% + Zinc

Не гледав никакви промени а сите ми викаа упорно да продолжам да го користам, као покасно се гледале бенефитите. Скоро цела година го користев а нишо не ми подобри, може и тоа шо јас барав да се подобри/смени не е во рангот на овој серум. Конкретно сакав за намалување на видливоста на порите, ама трт. После 3тото паковање престанав да го користам. Не ми штетеше ама не ни гледав некое подобрување.

2. The Ordinary Azelaic Acid suspension

Иам ненормално црвени образи и сензитивна кожа, и барав нешто што ќе ми помогне со тоа. Мислам дека потрошив две паковања од овој серум ваљда? ама ништо. Си останав со црвени образи. Има некако многу чудна текстура, како силикони не знам како да ја опишам. Не ми се свиѓаше како се нанесува. И овој со цената беше прифатлив така да неам regrets во тој дел :D

3. Purito pure vitamin C

Уште едно разочарување, али ова беше едно од поскапите разочарувања. Додуша и јас малце купувам во хајп, али ај као витамин ц помагал со црвенило на лицето. Хинт, не помага. Го чував во фрижидер и пазев да не оксидира, ама реално паковањето е големо и нема шанси да се потроши цело пред да оксидира, освен не знам, ако не се шлапате три пати дневно. Јас го користев само сабајле и после обавезно спф. Имаше малце чуден мирис и мислам дека ми предизвика дополнителни проблеми што ги немав пред него.

4. COSRX - Advanced Snail 92 All In One Cream

Го купив специјално за зимава, бидејќи зимите тука се долги и ладни. Мака мачам коа ќе излезам надвор на ладново, мислам дека ме пече лицето од студен ветер. Џабе маџкај се премачкувај се коа дуваат мразулци. И сеа пишува и на самово паковање дека помага за добивање таков здрав сјај на кожата ( пошо иам сува кожа ај си реков, не може да штети ). Лицето ми свети, ама само првите 5 мин после нанесување на кремов. Крајно разочарана, посебно пошо се изначитав на редит рецензии за овој мукус од полжав, као добар бил за кожата. Моментално го нанесувам после чистење на лицето колку да го потрошам и после обавезно ставам хидратантна крема. Не би го купила пак.

5. The Ordinary Lactic Acid

Го користам ова за ексфолијација еднаш неделно. Другата киселина ( АНА-ВНА ) ми е мене многу јака, спомнав дека имам сензитивна кожа. Ова е поблага и искрено сум задоволна. Мене еднаш неделно ми е доволно, се повеќе од тоа и ми се лупи кожата.

6. Purito Centella Green Level Unscented Sun

Уште еден хајп кој морав да го пробам, ама од овој сум многу задоволна. Во суштина спф почнав да користам во секојдневната рутина пред околу една година, ама проблем ми беше да најдам спф крема која нема да ме прави бела како дух и која нема да е тешка за носење. Е тука влезе ова клизечи и сум многу благодарна. Имате опција со и без мирис, јас земав без. Кремава ја користев преку цело лето, секојдневно и немав никакви проблеми со лицето. Ниту ми се појави некое мозолче, ниту црвенило, ниту иритација. Прелесна е, немате чувство како да ве поти кожата како со останати спф. Со оглед дека оваа е со заштитен фактор 50ка, а овде од ноември некаде нема ни сунца ни месеца, до мај ќе ја паузирам и во меѓувреме ја користам онаа на CeraVe, од која исто сум многу задоволна. Мислам дека едно вакво паковање кошта околу 30 ЕУР, ама може да се искористи две сезони така да мислам дека е добра инвестиција.

7.LANEIGE - Lip Sleeping Mask

ОВА Е ПОБЕДНИКОТ во ова второ коло :D Прва зима а да немам проблем со испукани усни. П Р Е Д О Б Р О. Паковањето е мало ама е сосем доволно за цела зима. Го редам пред спиење и преку ден коа ќе ми текне. Плус стои ко сјајче ама не се лепи. И мириса многу убаво. Најтопло го препорачувам.

8.Carmex лабело

Знам дека звучи ко паштета, а изгледа ко отров за глувци ама ова лабело е исто така спасител. Го користам кога излегувам, и во комбинација со продуктот горе, мислам дека се заслужни шо прва година имам нормални, а не испукани усни. Го има во милион паковања, од лабело, до сјај, во кутивче, има различни вкусови, и сите се супер!

Освен последново лабело, за останатите работи сум сигурна дека може да се нарачаат и во МК.

Следна тура одиме со производи за тело.
 
Ќе читам после во воз ама за ординери истото го мислам :)
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.176
Поени од реакции
13.794
@Емкаа ме спаси од фрлање пари со ивие продукти, видов сите ги фалат аизкрено од првото никаков ефект немав. Се мислев за останатите ама сега се откажав :)
Инаку истиот пеоблњм го имам со усните и обично носат по 3-4 вида лабело во торба демек од едното ќе се засителе усните па дај со друго ќњ продолжам. На крај ова ми помогна, кремата е за сува и испукана кожа и ја ставам на раце, на гребаници, на усни, на сѐ :)

1612959059239.jpeg
Ептен сум задоволна и јас не би ја сменила за ништо!!!
Автоматски споено мислење:

Прашање, одите на козметичар? Колку често?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Мојата рутина не да е бејзик, најбејзик е што може.
Искрено, кога ќе ги видам како тераат рутини со по 10-15 производи на некои јутјуб видеа, си викам како не ги мрзи и дали е се тоа што го ставаат стварно потребно.
Јас сум човек што кога ќе си најде нешто што му одговара, не преферирам да експериментирам ептен, освен ако не осетам нешто промени со кожата.

За чистење на лице, Оливал.
Користев Балеа претходно, али ја фалеа оваа мицерална пена, па ја земав. Мислам дека подобро би одговарала на сува кожа, јас имам комбинирана, али и мене не ми е лоша. Чисти добро, ми вадела и шминка на лице.
1.jpg

Од креми имам неколку што ги менувам, али моментално најпогодена ми е оваа од Алверде. Многу малце треба за да го покрие лицето, што знам, мене ептен ми одговара последниве месеци, иако го немав тоа мислење на почеток, малце ко тешка ми беше.
alverde_aqua_24h_care_cream.jpg

Маска ставам еднаш неделно. Оние во ДМ за една употреба ги користев на времето, ниедно фајде не видов, добра е и онаа зелената од Балеа, али моментално (последни 2 години можда) ја користам оваа од Фримен. Порано повеќе ми се допаѓаше составот, беше погрануларна, сега е некако полигава, али пак ми е добра.
freeman-freeman-face-clay-mask-cucumber-and-pink-s.jpg

Од лабело, пак алверде си го поштувам, последни години го користам само ова од невен. Одлично е, нема мана.
alverde-naturkosmetik-balzam-za-usne-neven.png

И мислам дека е тоа. Не сум се замарала со киселини иако овие од Ординари се многу фалени и ваљда добри, од причина што ме мрзи. Исто и за стареење не мислам уште отсеа да се потресувам.
Пијам магнезиум, активен б комплекс, д, к, цинк, 5/7 дена неделно. Од нив гледам повеќе разлика неголи од креми.
А најмногу разлика и лицето никад не ми било подобро, видов од смена на исхрана, исфрлање на конзерви, шеќер и прженици.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Јас па само Nivea Q10 крема, лабело moisture светло синото и толку, немам ни бубулица ни брчка на лицето. Кога ќе видам некои како цели плакари имаат за нега на лице... Јас толку опрема за трчање немам
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Јас па само Nivea Q10 крема, лабело moisture светло синото и толку, немам ни бубулица ни брчка на лицето. Кога ќе видам некои како цели плакари имаат за нега на лице... Јас толку опрема за трчање немам
И јас неам брчки, али тоа е ради образите што ми се буцки. :pos:

Чим немаш проблеми со кожата, нема што да се замараш дотолку. Евентуално нешто за чистење на кожа и за хидратација, колку да се одржува.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Не дека не треба нормално одржување, ама некои ептен експериментираат и кога треба и кога не треба. Наместо да решат еден проблем си прават друг.

Ретки се оние женски што се на оној природен изглед и не користат секојдневно шминка, кармини и никогаш ја немаат фарбано косата. Не купуваат серуми, лосиони, свашта што ќе прочитаат.

Еден добар шампон, балсам, гел за миење лице и за бањање. Зимно време крема и било какво лабело. Некогаш маска за лице и толку.

Една таква имам дома. Добро е барем за тоа не дава пари. :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom