БОЖЕ БОЖЕ и албанциве излегоа позаинтересирани од грујо за еу и нато ,,ама на грујо за еу и нато го заболе .... во еу има бре контрола на се што е потрошено а кој ЛОПОВ сака контрола .... додека е грујо на власт само сонувајте еу и нато а може и тоа да го забранат како штетно за вашето здравје ==== гледај грујо пиши љубчо едно те исто само различни нијаси =сега се портокаловиIncognito напиша:Малкѕ враќање во реалноста, каде оди Македонија со Груевски.
Руски рулет
Мерсел Биљали Што ги разгневи Грците - одговорот најдобро го знаат тие што државата ја претворија во оаза на изолација и чија политика ни тропа на врата како руски рулет
Кога при крајот на 2005 година Република Македонија се здоби со кандидатски статус, тогашната опозиција (сегашната власт), тој настан не го сметаше за успех поради тоа што не сме добиле датум за преговори. Според сите параметри, одлуката за стартување на преговорите требаше да се донесе една година подоцна. Но, поминаа три години, а ние сме многу подалеку од Европа отколку што бевме во 2005 година. Останавме последни и осамени, окарактеризирани како тотално ирационални, кои копајќи по минатото ја поткопуваат иднината. Историјата е полна со примери кога некои луѓе, сакајќи да напишат голема историја, само си докажале дека нивните најсветли страници на историјата биле тие страници што ги оставиле празни.
Лично бев присутен на средбата на премиерите на двете држави во грчката амбасада во Брисел (2005), кога грчкиот премиер јасно даде поддршка за зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, и во ниту еден момент не спомна временска рамка за решавање на проблемот со името. Стекнав впечаток дека и тие се уморни од тој проблем и одвај чекаат да се спасат од тој товар наметнат од претходните грчки водачи. Што е тоа што во меѓувреме толку ги разгневи Грците? Одговорот подобро го знаат тие што сега државата ја претворија во оаза на изолација и стагнација, чија политика ни тропа на врата во вид на руски рулет.
Во меѓународните центри на моќ се' повеќе се вртат анализи дека актуелното државно водство воопшто не е заинтересирано за евроатлантските интеграции и дека името му служи само како покритие. Имено, уште од почеток кога Груевски стана премиер, првите негови изјави беа во насока на тоа дека не треба многу да го форсираме процесот на евроинтегрирање и дека е поважно ние внатре да си ги завршиме задачите, па тој процес ќе дојде сам по себе. Стана јасно дека некој луѓето ги хранел со празна лажица. Странците беа зачудени од таквите изјави, особено кога знаат колку лобирања правеле другите држави да го забрзаат тој процес. Но, коментирале дека можеби е во прашање недостиг на искуство кај младиот премиер. Да потсетиме дека тогаш од страна на Грција воопшто не се ни спомнуваше дека тие ќе вршат каква било опструкција на македонскиот интеграциски процес. Напротив, тие продолжуваа да го повторуваат познатиот нивен став дека интегрирањето на државите од регионот во ЕУ и НАТО е нивен национален интерес.
Кога вели премиерот дека ако не попуштат Грците, ние самите ќе продолжиме да се развиеме и да бидеме стабилни, ми се чини дека човекот си е светлосни години надвор од реалноста. Тука се поставуваат неколку прашања. Прво, за колку време премиерот зборува? Ако мисли дека Грците ќе не тапкаат по рамо за да ни кажат дека се откажуваат, тоа е повеќе од утопија. Поминаа 18 години, а работата уште тапка во место. Каде ќе биде Македонија по 18 други дополнителни години, а каде ќе биде регионот? А, ако премиерот чека нешто друго, како што се изборите - тоа без дилема ќе личи на онаа народната - кога го научив магарето да не јаде, тоа пцовиса. Оти не можете перманентно лагите да ги продавате како да се вистини.
Опасноста сериозно ни тропа на врата. Во релевантни кругови на овдешните Албанци се' погласно се зборува дека по секоја демократска логика Албанците не треба да вршат притисок врз власта за смена на името на државата и дека тоа е проблем што треба да го решат сами нивните сограѓани- Македонци. Но, по истата таа логика сметат дека никој не треба да ги попречи Албанците да бидат дел од НАТО и ЕУ. Политичките партии на Албанците трпат сериозни напади за несоодветно постапување во овој проблем, со аргументи дека ниеден народ не треба да биде залог на нечија манипулантска и бескрупулозна желба за власт заснована врз историјата и митологијата. Сигурен сум дека ако наскоро не се најде излез од овој ќор-сокак во кој Груевски ја доведе државата, процесите ќе земат поинаков тек, многу понеповолно за сите нас. Прашање на време е кога ќе се појави структура која ќе ја инструментализира оваа наметната и се' пореална етничка поделба. Некои маргиналци што се појавуваат со тези за редефинирање на државата се индикатор на расположението што се развива кај граѓаните-Албанци.
По повод 8 Септември, „вождот“ одржа говор (не баш спектакуларен), во кој делуваше несигурно, со слаба мотивација, како и самиот да не веруваше во тоа што го кажува - очигледно поради диспропорцијата меѓу ветенето и оствареното. Неуверливо настојуваше да комуницира со целата маса имитирајќи го српскиот вожд од Белград пред 20 години, познат по тоа „не чујем“. Тоа е веќе сериозен доказ дека за виталните интереси на државата се гради евтина политика што му годи на срцето, но не и на главата. Не е природно два милиона луѓе да ги држите како залог на личните амбиции за власт. Власта треба да престане своите граѓани цело време да ги гледа само како потенцијални гласачи. Таа треба да им ги решава постојните проблеми колку било да се тешки, а не да им создаде нови.
Проблемите што ги има нашата држава во подолг период покажуваат дека ние се' уште немаме водачи со морален и интелектуален капацитет, кои би се справиле со сите предизвици. Ваквата мана тие ја маскираат со измислени чувствителни вредности и идентитети, кои реално не се ништо повеќе од ветер и магла. Тие се само краткотрајна страст што ја чувствува мажјакот на црната вдовица. Настојуваат да опстојат на политичката сцена нудејќи празни содржини кои немаат ништо заедничко со тоа што се нарекува прогрес и подобрување на животниот стандард на луѓето. Оттука, не им преостанува ништо друго освен да се движат низ периферните политички лавиринти залажувајќи се себеси и сите други дека ќе постигнат - и волкот да биде сит и овците да бидат на број, а всушност да ни се случува спротивното - ниту волкот е сит, ниту овците се на број.
Комуникацијата на нашиот премиер со светот е несоодветна. Тој билатерално многу слабо контактира со своите колеги, а тоа доведува до самоизолација. Врв на несоодветната комуникација беше објавувањето на мерките што би ги презела македонската Влада во случај Грција да го попречи евроатлантското интегрирање. Тоа би биле барање во ОН да се користи уставното име; откажување од Привремената спогодба; враќање на старото знаме; враќање на старите уставни решенија за македонското малцинство во соседните држава; преименување на Коридорот 10 со „Александар Македонски“ итн. Циркусијадата со трагедијата на децата-бегалци од Грција беше шлаг на таквата девијација. Така се создадоа нови проблеми, за да можат политичарите да ги решат тие проблеми што никогаш не би ги имале кога не би ги создале самите. Но, игрите не се без граници. Барем не до тоа ниво кога можеме да го зачуваме името, а да ја загубиме државата.
(Авторот е универзитетски професор)