"Невидени" успеси на Македонската влада!

Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
Incognito напиша:
Малкѕ враќање во реалноста, каде оди Македонија со Груевски.

Руски рулет
Мерсел Биљали Што ги разгневи Грците - одговорот најдобро го знаат тие што државата ја претворија во оаза на изолација и чија политика ни тропа на врата како руски рулет
Кога при крајот на 2005 година Република Македонија се здоби со кандидатски статус, тогашната опозиција (сегашната власт), тој настан не го сметаше за успех поради тоа што не сме добиле датум за преговори. Според сите параметри, одлуката за стартување на преговорите требаше да се донесе една година подоцна. Но, поминаа три години, а ние сме многу подалеку од Европа отколку што бевме во 2005 година. Останавме последни и осамени, окарактеризирани како тотално ирационални, кои копајќи по минатото ја поткопуваат иднината. Историјата е полна со примери кога некои луѓе, сакајќи да напишат голема историја, само си докажале дека нивните најсветли страници на историјата биле тие страници што ги оставиле празни.

Лично бев присутен на средбата на премиерите на двете држави во грчката амбасада во Брисел (2005), кога грчкиот премиер јасно даде поддршка за зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, и во ниту еден момент не спомна временска рамка за решавање на проблемот со името. Стекнав впечаток дека и тие се уморни од тој проблем и одвај чекаат да се спасат од тој товар наметнат од претходните грчки водачи. Што е тоа што во меѓувреме толку ги разгневи Грците? Одговорот подобро го знаат тие што сега државата ја претворија во оаза на изолација и стагнација, чија политика ни тропа на врата во вид на руски рулет.

Во меѓународните центри на моќ се' повеќе се вртат анализи дека актуелното државно водство воопшто не е заинтересирано за евроатлантските интеграции и дека името му служи само како покритие. Имено, уште од почеток кога Груевски стана премиер, првите негови изјави беа во насока на тоа дека не треба многу да го форсираме процесот на евроинтегрирање и дека е поважно ние внатре да си ги завршиме задачите, па тој процес ќе дојде сам по себе. Стана јасно дека некој луѓето ги хранел со празна лажица. Странците беа зачудени од таквите изјави, особено кога знаат колку лобирања правеле другите држави да го забрзаат тој процес. Но, коментирале дека можеби е во прашање недостиг на искуство кај младиот премиер. Да потсетиме дека тогаш од страна на Грција воопшто не се ни спомнуваше дека тие ќе вршат каква било опструкција на македонскиот интеграциски процес. Напротив, тие продолжуваа да го повторуваат познатиот нивен став дека интегрирањето на државите од регионот во ЕУ и НАТО е нивен национален интерес.



Кога вели премиерот дека ако не попуштат Грците, ние самите ќе продолжиме да се развиеме и да бидеме стабилни, ми се чини дека човекот си е светлосни години надвор од реалноста. Тука се поставуваат неколку прашања. Прво, за колку време премиерот зборува? Ако мисли дека Грците ќе не тапкаат по рамо за да ни кажат дека се откажуваат, тоа е повеќе од утопија. Поминаа 18 години, а работата уште тапка во место. Каде ќе биде Македонија по 18 други дополнителни години, а каде ќе биде регионот? А, ако премиерот чека нешто друго, како што се изборите - тоа без дилема ќе личи на онаа народната - кога го научив магарето да не јаде, тоа пцовиса. Оти не можете перманентно лагите да ги продавате како да се вистини.

Опасноста сериозно ни тропа на врата. Во релевантни кругови на овдешните Албанци се' погласно се зборува дека по секоја демократска логика Албанците не треба да вршат притисок врз власта за смена на името на државата и дека тоа е проблем што треба да го решат сами нивните сограѓани- Македонци. Но, по истата таа логика сметат дека никој не треба да ги попречи Албанците да бидат дел од НАТО и ЕУ. Политичките партии на Албанците трпат сериозни напади за несоодветно постапување во овој проблем, со аргументи дека ниеден народ не треба да биде залог на нечија манипулантска и бескрупулозна желба за власт заснована врз историјата и митологијата. Сигурен сум дека ако наскоро не се најде излез од овој ќор-сокак во кој Груевски ја доведе државата, процесите ќе земат поинаков тек, многу понеповолно за сите нас. Прашање на време е кога ќе се појави структура која ќе ја инструментализира оваа наметната и се' пореална етничка поделба. Некои маргиналци што се појавуваат со тези за редефинирање на државата се индикатор на расположението што се развива кај граѓаните-Албанци.

По повод 8 Септември, „вождот“ одржа говор (не баш спектакуларен), во кој делуваше несигурно, со слаба мотивација, како и самиот да не веруваше во тоа што го кажува - очигледно поради диспропорцијата меѓу ветенето и оствареното. Неуверливо настојуваше да комуницира со целата маса имитирајќи го српскиот вожд од Белград пред 20 години, познат по тоа „не чујем“. Тоа е веќе сериозен доказ дека за виталните интереси на државата се гради евтина политика што му годи на срцето, но не и на главата. Не е природно два милиона луѓе да ги држите како залог на личните амбиции за власт. Власта треба да престане своите граѓани цело време да ги гледа само како потенцијални гласачи. Таа треба да им ги решава постојните проблеми колку било да се тешки, а не да им создаде нови.



Проблемите што ги има нашата држава во подолг период покажуваат дека ние се' уште немаме водачи со морален и интелектуален капацитет, кои би се справиле со сите предизвици. Ваквата мана тие ја маскираат со измислени чувствителни вредности и идентитети, кои реално не се ништо повеќе од ветер и магла. Тие се само краткотрајна страст што ја чувствува мажјакот на црната вдовица. Настојуваат да опстојат на политичката сцена нудејќи празни содржини кои немаат ништо заедничко со тоа што се нарекува прогрес и подобрување на животниот стандард на луѓето. Оттука, не им преостанува ништо друго освен да се движат низ периферните политички лавиринти залажувајќи се себеси и сите други дека ќе постигнат - и волкот да биде сит и овците да бидат на број, а всушност да ни се случува спротивното - ниту волкот е сит, ниту овците се на број.

Комуникацијата на нашиот премиер со светот е несоодветна. Тој билатерално многу слабо контактира со своите колеги, а тоа доведува до самоизолација. Врв на несоодветната комуникација беше објавувањето на мерките што би ги презела македонската Влада во случај Грција да го попречи евроатлантското интегрирање. Тоа би биле барање во ОН да се користи уставното име; откажување од Привремената спогодба; враќање на старото знаме; враќање на старите уставни решенија за македонското малцинство во соседните држава; преименување на Коридорот 10 со „Александар Македонски“ итн. Циркусијадата со трагедијата на децата-бегалци од Грција беше шлаг на таквата девијација. Така се создадоа нови проблеми, за да можат политичарите да ги решат тие проблеми што никогаш не би ги имале кога не би ги создале самите. Но, игрите не се без граници. Барем не до тоа ниво кога можеме да го зачуваме името, а да ја загубиме државата.

(Авторот е универзитетски професор)
БОЖЕ БОЖЕ и албанциве излегоа позаинтересирани од грујо за еу и нато ,,ама на грујо за еу и нато го заболе .... во еу има бре контрола на се што е потрошено а кој ЛОПОВ сака контрола .... додека е грујо на власт само сонувајте еу и нато а може и тоа да го забранат како штетно за вашето здравје ==== гледај грујо пиши љубчо едно те исто само различни нијаси =сега се портокалови
 
K

KomitaMKD

Гостин
БОЖЕ БОЖЕ и албанциве излегоа позаинтересирани од грујо за еу и нато ,,ама на грујо за еу и нато го заболе .... во еу има бре контрола на се што е потрошено а кој ЛОПОВ сака контрола .... додека е грујо на власт само сонувајте еу и нато а може и тоа да го забранат како штетно за вашето здравје ==== гледај грујо пиши љубчо едно те исто само различни нијаси =сега се портокалови
Па подобро никогаш да не влезиме во еу и нато отколку секој што ќе стигне да не е*е со некои нивни глупави стандарди.Ти кажа грција дека нема влез додека не се смени името.И да немаме име за да станиме идиоти како нив.Не Благодарам
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Ovoj Biljalji e teska picajzla od covek i ne go cenam voopsto arno ama vo ovoj tekst koj go napisal gi sogledal rabotive mnogu realno i dosta raboti gi ima pogodeno bas vo srzta.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
"Невидени" успеси на Македонската влада!

A da prekrstite temata u "NEVIDLIVI" uspesi :tv:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
"Невидени" успеси на Македонската влада!

A da prekrstite temata u "NEVIDLIVI" uspesi :tv:
Како бе невидливи?Па ќе се гледаат,еве сега во собранието ќе се напикаат уште 50тина нови административци-крлежи,зар тоа е мал и невидлив успех?:toe:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
дали се видливи,невидливи,видни не видени оваа влада има повеке постигнат успех него Сдс тоа мора да си признаете
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
дали се видливи,невидливи,видни не видени оваа влада има повеке постигнат успех него Сдс тоа мора да си признаете
Па токму тоа и го велиме,од 130 000 административци ги направија на 150 000,тоа е голем успех,за 4 години да се надеваме дека ќе бидат 200 000,со што ќе се зголеми просекот на Македонската плата на 500 евра,за да фатиме чекор барем со Србија која нема ни 100 000 административци,а е четиридупло поголема.:toe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ako se zeme vo obzir faktot deka Gwujovski ima samo edna jasno ZACRTANA zadaca : da gi odnese Makedonskite ovci vo Bugarskoto trlo...togas site nelogicnosti stanuvaat LOGICNI..:)
Toa voopsto ne gi opravduva moive dragi FYR-ovci....do sega nikako da se konsolidiraat i da najdat OVCARI koi nemaat fabricko vgradeni "kompenzirani kompasi" vo svoite glavi...:)
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Nema vrska Grujo e dobro dete ne bi naprail toa na Makedonija ...malce samo se pogubil teski vreminja se :tv:
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
359
Поени од реакции
4
ABC напиша:
Доколку сака да си потроши малку време за фантастика,може да го стори тоа,оти ништо од она што пишува внатре не се споредува во реалноста.:toe:
procitaj pa ke vidis dali e tocno ili ne.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
ne e lektira tuku za srabotenoto na vladata na nikola gruevski vo periodot 2006-2008

Sto ke mu dojde na istoto.

Takvi nebulozi od tipot na partiski lektiri za prvoodelenci (nivo na intelegencija) ne citam blagodaram.

Kako sto kazav vo moite prethodni postovi jas za razlika od vas partiski vojnicinja ziveam vo realnosta i dovolno mi e da skoknam do prodavnica za da vidam deka za poslednite tri meseci imame inflacija koja iznesuva nad 15 procenti.

A za drug tip uslugi i da ne praam moabet poslednovo e pokacuvanjeto na strujata.

Pa istoto bi ti go preporacal i na tebe Mickey dokolku si sloboden izlezi malce od stabot na svojata partija koja i da e i porazgovaraj so obicnite smrtnici koi maka macat kako da spojat kraj so kraj i se nadevam deka se ke ti bide jasno.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom