јас имам При пејд на Космофон, кој скоро секој втор што ми ја видел фацата ми го знае... посебно муштерии кои знаат да замараат навечер и затоа тој телефон кај што ми е тој број нон стоп ми е на тивок режим, и Мистичен еднашка си кинеше нерви оти ми звонел со саати и никако да ме добие.
Имам еден на пост-пејд од космофон,освен татко ми, мајка ми, дел од роднините, девојка ми и 5-6 колеги друг никој не ми го знае... и вчера си купив уште еден на Космофон кој никој ама апсолутно никој освен јас и девојка ми и татко ми и еден колега не го знае, оти овој на пост пејдов од космофон почнаа да ми го дознаваат и други паразити кои замараат.
ама стварно грдо е у 01часот да ти се јави некој да те разбуди од најслаткото спиење и да те праша до кај стигна самсунгот Д500 со флетот? набави конектори??? или пак искаќам у петок со друштво у град/кафана или кафич и ми се јавуваат колеги и ми викаат: Боле шо прајш? јас се чудам кој е и ми викаат, абе Челе е ми треба дисплеј за Е700 колку пари???