На иста адреса - музичко шоу Алфа тв

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.429
Поени од реакции
7.880
Првото македонско музичко реално шоу "На иста адреса" официјално е укинато
Скандал: Се распадна реалното музичко шоу „На иста адреса“!

Македонското музичко реално шоу „На иста адреса“ заврши предвреме и не успеа да дотурка до самиот крај. Наместо предвидените 100 дена во вилата, финалистите си заминаа дома на 67-от ден. Според Фејсбук објавите на натпреварувачите, Александра Михова и Марио Арангеловски, на шоуто му дојде крајот, а тие се вратија во своите домови. Марио и Александра објаснуваат дека им било чест и задоволство што стекнале нови искуства и пријателства во вилата, нагласувајќи дека крајот се случил поради (не)оправдани причини. Според објавениот видео клип на Фејсбук во кој и се обраќа на публиката, Михова вели дека е среќна што повторно e дома, но не открива која е причината за лошиот крај. Засега, од продукцијата во чија реализација беше шоуто нема официјално соопштение иако натпреварувачите го открија неочекуваниот крај без победник.

Извор: http://vistina.mk/?p=293402
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Ние неможеме да направиме нешто, а тоа да не помине без скандал:facepalm:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.429
Поени од реакции
7.880
Aбе каков скандал жити све :pos: Кратко и јасно шоуто немаше никаква гледаност и очигледно немале што друго чаре, џабе да не го гураат шоуво без гледачи и без гласачи го прекинале.

Сигурен сум и мал бил одзивот на пријавени за втора сезона за кој имаа објавено да се пријавуваат.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Aбе каков скандал жити све :pos: Кратко и јасно шоуто немаше никаква гледаност и очигледно немале што друго чаре, џабе да не го гураат шоуво без гледачи и без гласачи го прекинале.

Сигурен сум и мал бил одзивот на пријавени за втора сезона за кој имаа објавено да се пријавуваат.
Дека беше мал бројот на гледачи и гласачи, ептен јасно беше. Но колку што знам, продукцијата која се грижеше за шоуво беше Томато продукција (можеби и грешам), а Томато не се откажуваат на пола пат. Ние можеме само да нагаѓаме која била причината, но во секој случај можеа да ја истераат работава до крај. Бар така ќе беа фер кон оние кои учествуваа.
:)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.429
Поени од реакции
7.880
Дека беше мал бројот на гледачи и гласачи, ептен јасно беше. Но колку што знам, продукцијата која се грижеше за шоуво беше Томато продукција (можеби и грешам), а Томато не се откажуваат на пола пат. Ние можеме само да нагаѓаме која била причината, но во секој случај можеа да ја истераат работава до крај. Бар така ќе беа фер кон оние кои учествуваа.
:)
Мислам дека Томато само им го даваше студиото на користење за гала вечерите. Јас не видов ниеднаш на одјавна или најавна шпица да бидат потпишани Томато.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2012
Мислења
158
Поени од реакции
57
Мислам дека поголем проблем се финансиите и непостигнувањето на договор со глупаците од Алфа телевизија. Од продукцијата секогаш потенцираа дека шоуто ќе трае 100 дена, дури и не дисквалификуваа кандидат на 9-та гала за да трае повеќе. Пред некој ден објавија статус и коментар дека наскоро ќе се емитува на друг медиум којшто ќе овозможи пристоен термин за емитување. Така да стојам на своето мислење дека Алфа е проблемот, пошто нели сега таа е провладина телевизија па се големи „патриоти“ и само лупаат пари за откуп на турски серии и српски шоуа.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.429
Поени од реакции
7.880
Meне ми е небитно дали ќе се на телевизија провладина или ќе се на телевизија подржана од СДСМ. Битно мене ми е да на сето тоа не влиае политка. да е добар пакет производ, да има добра организација, да е сработено со мерак и од срце и најважно да има гледаност.
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.124
Поени од реакции
3.340
Како сакаат да има гледаност кога го ставиле во ниедно време,
кој е луд да седе цела ноќ за едно е*ано шоу, а убаво си почна секој ден го имаше во 8-9 саат.
 
Па не го става продукцијата во никое време, телевизијата го одредува терминот!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.429
Поени од реакции
7.880
На фејсбук страната напишаа еден голем текст околу никаквото завршување на шоуво.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.124
Поени од реакции
3.340
Па не го става продукцијата во никое време, телевизијата го одредува терминот!
Требало предвреме да се договорат, се знае дека у 12-1 саат ноќеска никој не го гледа
 
Член од
4 август 2012
Мислења
158
Поени од реакции
57
Требало предвреме да се договорат, се знае дека у 12-1 саат ноќеска никој не го гледа
Значи вака, првите неколку Гали одеа во 20:00ч и шоуто имаше солидна гледаност, но после тоа Алфа се направија паметни ги поместија во 00:30 оти поважно им беше турските серии да ги наместат во терминот од 20:00ч.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Ќе имало нова сезона, но на друга телевизија каде ќе добиеле подобар термин за емитување.

Извор
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.429
Поени од реакции
7.880
Водителката Александра кој беше водителка на пропаднатово музичко реално шоу сега се префрли во Сител на шоуто Брза кујна и таму е замена за предходната водителка :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom