Првото македонско музичко реално шоу "На иста адреса" официјално е укинато
Скандал: Се распадна реалното музичко шоу „На иста адреса“!
Македонското музичко реално шоу „На иста адреса“ заврши предвреме и не успеа да дотурка до самиот крај. Наместо предвидените 100 дена во вилата, финалистите си заминаа дома на 67-от ден. Според Фејсбук објавите на натпреварувачите, Александра Михова и Марио Арангеловски, на шоуто му дојде крајот, а тие се вратија во своите домови. Марио и Александра објаснуваат дека им било чест и задоволство што стекнале нови искуства и пријателства во вилата, нагласувајќи дека крајот се случил поради (не)оправдани причини. Според објавениот видео клип на Фејсбук во кој и се обраќа на публиката, Михова вели дека е среќна што повторно e дома, но не открива која е причината за лошиот крај. Засега, од продукцијата во чија реализација беше шоуто нема официјално соопштение иако натпреварувачите го открија неочекуваниот крај без победник.
Извор: http://vistina.mk/?p=293402