На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1805. Во Џенова е роден Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ. Во 1831 година во Марсеј, Франција го основа револуционерното здружение "Млада Италија". Учествуваше во борбите за обединување на својата земја и до крајот остана верен на републиканските начела, протестирајќи против обединувањето на Италија врз монархистички основи. Умре на 10.03.1872 година.
1907 Во Рим е роден Алберто Моравија, италијански писател. Најпознати негови дела се "Рамнодушни луѓе", "Конформист", "Римјанка", "Презир", "Чочара" и "Римски приказни". Умре во Рим, на 26.09.1990 година.
1941 Во раните утрински часови, Хитлерова Германија го нападна Советскиот Сојуз. Копнените и воздушните борби го зафатија целиот фронт од Црно Море до Балтичко Море, со содејство на околу 200 пешадиски и механизирани нацистички девизии определени за секавична војна.
1976 Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинување на смртната казна.
1987 Умре американскиот филмски актер и пејач Фред Астер, еден од најголемите холивудски забавувачи: Филмови: „Роберта“, „Веселата распуштеница“, „Време на свингот“, „Цилиндер“, „Бродвејска мелодија“, „Никогаш нема да станеш богат“, „Смешно лице“, „На плажа“, „Подигни ја завесата“.

1992 Костурите идентификувани како земни остатоци на рускиот цар Николај Втори и на неговиот малолетен син Александар се пронајдени близу рускиот град Екатеринбург (во советското време Свердловск). По наредба на Ленин, водачот на Октомвриската револуција, болшевиците во летото 1918 година во Екатеринбург го стрелаа целото царско семејство - царот, царицата, нивните пет деца, личниот лекар и послуга.
1995 Во Брисел, министрите за надворешни работи на Русија, Андреј Козирев и заменикот генерален секретар на НАТО Серџо Баланзино го потпишаа документот на „Партнерство за мир“.
1999 Претседателот на САД Бил Клинтон ја посети Република Македонија.... Ова е прва посета на претседател на САД на Република Македонија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1861 Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Обајвувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер.
1864 Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз.
1975 Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1822. Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус Хофман, германски писател, композитор и музички критичар, претставник на доцната романтика. Најпознати негови дела се "Животните погледи на мачорот Мур" и "Серапиновите браќа". Роден е во Кенигсберг (Калинград) на 21.01.1776 година.
1920 Градот Хаг, во Холандија, е избран за седиште на Меѓународниот суд на првадата.
1984 Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен француски мислител и еден од најеминентните светски филозофи. Роден е во 1926 година.
1991 Ден на државноста на Република Словенија.
1992 Литванија ја призна Република Македонија.
1996 Република Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи.
1997 Умре францускиот океанограф Жак Ив Кусто, член на Француската академија, голем борец за заштита на човековата околина. Првиот документарен филм „Десет илјади метри под морето“ го сними во 1943 година. Од тогаш тој направи многу документарни филмови и телевизиски серии за животот во морињата и океаните, крстарејќи го светот со својот брод-лабораторија „Калипсо“. За филмот „Светот на тишинта“, кој го сними со францускиот режисер Луј Мало во 1956 година, на фестивалот во Кан ја доби „Златната палма“. Добитник е на три Оскари. Напиша повеќе книги. Останати филмови: „Свет без сонце“, „Златна риба“.
2007 Британските војници после 37 години се повлекоа од јужните подрачја на Северна Ирска на границата со Република Ирска, кои со децении важеа за клучна база на Ирската републиканска армија (ИРА). Во текот на 37-годишното засилено присуство на британската војска во Северна Ирска загинаа 763 војници и околу 3.500 граѓани.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1586. Во Дерендинген, Германија, умре Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор и писател, „татко на словенечката книга“. Во 1551 година издаде прва печатена книга на словенечки јазик. Роден е во Рашица, на 8 јуни 1508 година.
1798 Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и во проза, тој создаде силен и помодерен јазичен израз. Главни негови дела се "Песни" и "Дијалози и есеи". Умре во Неапол, на 14 јуни 1837 година.
1877 Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е роден Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чувство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирата остро ги критикува состојбите во босанското село под австриска окупација. Меѓу неговите дела најпознати се „Јазовец пред суд“, „Суданија“ и други. Умре во Белград, на 27 август 1916 година.
1858 Роден е американскиот воен инженер Џорџ Вашингтон Геталс, кој ја доврши изградбата на Панамскиот канал, прв гувернер на зоната на Каналот.
1880 Франција го анектираше пацифичкиот остров Отахеит, сега познат како Тахити, француски протекторат од 1842 година. Сега е во составот на Француска Полинезија - француска прекуморска територија.
1886 Роден е францускиот државник и финансиски експерт Робер Шуман, творец на „Шумановиот план“ во 1950 година, врз основа на кој во 1952 година Белгија, Холандија, Луксембург, Западна Германија, Италија и Франција ја основаа Европската заедница за јаглен и челик, претходничка на сегашната Европска унија. Беше министер за финансии во 1946, а претседател на Владата од 1947 до 1948 година, потоа шеф на дипломатијата од 1948 до 1953 година и министер за правда од 1955 до 1956 година.
1900 Роден е францускиот писател Антоан Мари Роже де Сент Егзипери, автор на „Малиот принц“, еден од најубавите детски романи во светската литература. Дела: „Пошта за југ“, „Земја на луѓе“, „Воен пилот“.
1914 Роден е чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик, кој веќе на 20-годишна возраст диригираше со Чешката филхармонија. Дела: две симфонии, концерт за виолина и оркестар, концерт за виолончело и оркестар, концертино за флаута и камерен оркестар, фантазија за виолина и оркестар, гудачки квартет, соната за виолина и клавир, операта „Вероника“, кантатата "Pro memoria patris", соло песни.
1917 Кралството Грција ги раскина односите со Централните сили и застана на страната на Антантата. На таа одлука и претходеше истоварувањето на сојузничките трупи, што го забрза падот во прогерманската влада во Атина.
1939 Извршен е првиот комерцијален лет преку Атлантикот. Авионот "Диск Клипер" долета од САД на аеродромот во Лисабон, Потугалија.
1941 Умре полскиот државник, пијанист и композитор Игнац Јан Падеревски, професор на Конзерваториумот во Варшава, кој од 1919 до 1921 година беше преседател на влада и шеф на дипломатијата, а во 1940 година и претседател на Полска. Дела: операта „Манра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.
1943 Американските единици во Втората светска војна се истоварија на Нова Гвинеја, остров во Пацификот, втор по големина во светот.
1945 Кај Радовиш, во сообраќајна несреќа загина Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Роден е во селото Никифорово, Гостиварско, на 16 ноември 1923 година.
1967 По победата во шестодневната војна со арапските држави, Израел го обедини поделениот Ерусалим, кој набрзо е прогласен за престолнина на Израел.
1980 Вигдис Финбогадотир е избрана за претседател на Исланд, станувајќи прва жена во Европа демократски избрана за шеф на држава.
1990 Од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар...) и се положени во црквата "Свети Спас".
1995 Умре Лана Тарнер, прославена американска артистка, секс-симбол на Холивуд во четириесеттите години на 20. век. Родена е во 1919 година.
2000 Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Гвинеја-Бисао и со Федералната Исламска Република Коморски Острови.
2000 Умре италијанскиот глумец Виторио Гасман, еден од најдобрите италијански филмски и театарски глумци по Втората светска војна. Филмови: „Срам“, „Горчлив ориз“, „Ана“, „Ако дозволувате да зборуваме за жените“, „Бранкалеоновата војска“ „Мирис на жени“, „Животот е роман“.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1535 Британскиот филозоф и државник сер Томас Мор е осуден на смрт поради велепредавство откако одби да положи заклетва за верност на кралот Хенри Осми.
1867 Под притисок на Канаѓаните, британската Влада донесе "Северноамерикански закон" со кој е воспоставена канадска држава под називот "Доминион". Поради опасност од многу посилните САД, Канаѓаните наместо на југ, од тој момент тргнаа во освојувањето на големите пространства на запад по течението на реката Сент Лоренс, преку големите езера, прерии и капести планини. Создадена е голема држава од 10 милиони квадратни километри со 50 милиони жители. - Национален празник на Канада.
1871 Рим стана престолнина на Обединета Италија.
1960 Формирана е обединета и независна Република Сомалија.-Национален празник на Демократска Република Сомалија.
1962 Руанда и Бурунди прогласија независност. - Национален празник на Република Бурунди.
1993 Малезија ја призна Република Македонија.
1993 Македонските железници станаа рамноправна членка на Меѓународната унија на железниците (УИЦ).
1994 По 27 години прогонство, палестинскиот лидер Јасер Арафат го направи своето историско враќање во Газа.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1883 Во Прага е роден Франц Кавка, австриски писател. Негови најпознати дела се романите: "Процес", "Америка", "Замок" и расказите "Преобразба" и "Селски лекар". Умре во Виена, на 3.06.1924 година.
1894 Француските трупи и покрај херојскиот отпор на Џузепе Гарибалди и на неговите борци влегоа во Рим и на чело на Римокатоличката црква го вратија папата Пио Деветти.
1949 Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена премиерата на операта "Продадена невеста" од чешкиот композитор Беджик Сметана, а под диригенство на Трајко Прокопиев.
1962 По 132 години француска колонијална власт, Алжир се здоби со целосна независност.
1972 Индија и Пакистан постигнаа спогодба за прекин на 25-годишната конфронтација.
1992 На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на градбата на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски-Чудотворец.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1535 Во Тауер Грин е погубен Томас Мор, англиски хуманист и државник, писател на социјални, историски и теолошки дела, родоначалник на утопискиот социјализам. Тој одби да го признае кралот за црковен поглавар, па католичката црква го прогласи за светец. Најпознато негово дело е политичко-филозофскиот роман "Утопија". Роден е во 1478 година.
1885 Францускиот научник Луј Пастер за првпат ја употреби својата вакцина против беснило. Овој историски потфат беше успешен.
1893 Умре Ги де Мопасан, француски писател, еден од најдобрите претставници на натурализмот. Напиша шест романи и околу триста новели и раскази. Од романите најпознати се "Еден живот", "Љубимец", "Пјер и Жан", а од збирките раскази и новели "Госпоѓицата Фифи", "Ловечки приказни", "Сестрите Рондоли" и "Страсти". Роден е на 5.08.1850 година.
1971 Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под името "Сачмо", американски некрунисан крал на џезот. Роден е во Њу Орлеанс, на 4.07.1900 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1621 Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умре во Париз, на 13.04.1695 година.
1809 Во Крапина е роден Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење. Забележувајќи ги објективните околности на своето време, тој сметаше дека литературната и културната дејност претставуваат пат до националната преродба во услови на политичка пресија. Во 1943 година беше забранета употребата на илирското име, а тоа значеше почеток на крајот на Гај, кој умре во Загреб, на 20.04.1872 година.
1822 Во Лондон умре Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата "Кралицата Маб" го дава изразот на својот револуционерен дух против кралевите, свештениците и политичарите. Роден е во Филд Плејс на 4.08.1792 година.
1838 Роден е Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени "Цепелин". Првиот воздушен балон летна на 3.07.1900 година. Умре на 8.03.1917 година.
1967 Со нападот на израелските копнени и воздухопловни сили врз Египет почна израелската агресија врз арапските земји.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1509 Роден е Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Следбениците на Калвиновото учење беа хаугенотите, а во Англија пуританците. Умре во Женева, на 27.05.1564 година.
1834 Роден е Јан Неруда, чешки писател и публицист, најистакната личност во чешкиот културен живот во втората половина на 19 век. Најпознати негови дела се "Малострански раскази", "Арабеска", "Прости мотиви" и "Балада и романси". Умре во 1891 година.
1856 Во селото Смиљан, Госпиќ, роден е Никола Тесла, генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Умре во Њујорк, на 7.01.1943 година.
1871 Во Париз е роден Марсел Пруст, француски писател и академик. Автор е на големиот циклус романи. Умре во Париз, на 2.11.1922 година.
1962 САД го лансираа телекомуникациониот сателит за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.
1973 Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Со закаснење,на вчерашен ден,9-ти Јули 1997 година.Еден не толку стар настан.


Почеток и тек на полициската акција

Полициските рации во Гостивар започнаа уште доцна вечерта на 8 јули 1997 кога најпрвин беше исклучена струјата, а потоа полицијата изврши упади во неколку ноќни барови.
На 9 јули 1997 на околу пладне на гостиварскиот плоштад неколку илјадна толпа луѓе излегоа на “мирни“ протести веејќи албански и турски знамиња, а можеа да се забележат и некои исламистички и саудиски знамиња. Пред насобраната толпа говореше Руфи Османи, а толпата скандираше разни навредливи слогани и “Албанија, Албанија“.
Истиот ден околу 15 часот во Гостивар пристигнаа специјалните единици на Македонската полиција од разни краишта (Прилеп, Битола, Скопје, Штип идр.) и започна акцијата за отстранување на знамињата. Меѓутоа мирните протести го покажаа своето вистинско лице кога низ градот се расчуја рафали од автоматско огнено оружје. На ова полицијата е приморана да возврати пришто загинаа 4 цивили Албанци и да почне со масовни апсења. Во тие моменти низ градот се случуваше тотална бркотница и хаос.
По апсењата и упадите во неколку куќи, кон крајот на денот пред општините се развеа државното македонско знаме (албанското беше симнато), а градоначалниците на Гостивар и Тетовобеа уапсени. Тие неколку денови во градовите беше во сила и полицискиот час.
Епилог на случувањата

Градоначалниците Руфи Османи и Алајдин Демири под кривично дело кршење на Уставот и законите на Република Македонија беа осудени на по 13 години затвор, а подоцна беа помилувани (од коалиционата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА). Руфи Османи поднесе тужба против РМ во Судот за човекови права во Стразбур, која беше отфрлена.
Македонците ова го протолкуваа како функционирање на правната држава, а Албанците случувањата ги искористија како аргумент пред светската јавност дека власта ги крши нивните човекови права и дека се обесправени и дискриминирани.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1545. Бродот „Мери Роус“, гордост на воената флота на англискиот крал Хенри Трети, потона во каналот Солент помеѓу јужниот брег на Англија и островот Вајт, предизвикувајќи смрт на повеќе од 700 луѓе.
1814 Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел Колт. Според неговото презиме е наречен револверот кој тој ко конструирал.
1834 Во Париз е роден Едгар Дега, француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19 век. Изработи низа бакрописи, цртежи и скулптури. Умре во Париз, на 26 јули 1917 година.
1866 Умре германскиот математичар Георг Фридрих Бернхард Риман, кој отвори нов правец во развојот на математиката и нејзината примена во физиката и механиката. Неговото име го носат низа математички поими: Риманов интеграл, Риманова диференцијална еднаквост, Риманова сфера, Риманова фунција, Риманова геометрија.
1870 Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
1877 Англискиот тенисер Спенсер Гор победи во финалето на првиот турнир во Вимблдон.
1893 Во грузиското село Багдада е роден Владимир Владимирович Мајаковски, руски поет и сликар, еден од основачите на футуристичкиот правец во Русија. Беше голем борец против сите видови угнетување на човекот и ја ставаше под удар на својата сатира малограѓанштината на советското општество. Неговите дела извршија огромно влијание врз советската поезија. Најпознати му се делата „Облак во панталони“, „Војна и мир“, „Владимир Илич Ленин“, „Многу добро“, „Тафтабита“, „Студен туш“ и други. Се самоуби во Москва, на 14 април 1930 година.
1896 Роден е шкотскиот писател Арчибалд Џозеф Кронин. Дела: романите „Цитадела“, „Ѕвездите гледаат од небо“, „Госпоѓата со каранфили“, „Три љубови“, „Херојски години“, „Јупитер се смее“.
1900 Отворено е париското метро.
1900 Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
1921 Во Прилеп е роден Борка Талески, народен херој на Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието на 11 октомври. Загина во близина на селото Плетвар, Прилепско, на 2 март 1942 година.
1943 Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим. По бомбардирањето, на 24 јули Големото фашистичко собрание му ја одзеде довербата на Мусолини, а следниот ден, тој е уапсен по наредба на кралот Виторио Емануел Трети.
1974 Шпанскиот диктатор Франсиско Франко привремено, поради болест, му ја предаде власта на принцот Хуан Карлос кој во 1975 година, по Франковата смрт, стана крал на Шпанија.
1980 Во Москва се отворени 22 Олимписки игри на кои учествуваа 6.000 спортисти од 80 земји, а повеќе од 45 држави им се придружија на САД во бојкотот поради советската инвазија на Авганистан во 1979 година.
1992 Во екпслозија на автомобил-бомба во Палермо е убиен Паоло Борселино, водечки италијански судија во борбата против мафијата.
1993 Република Македонија стана 175 членка на УНЕСКО.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1925 Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Кај селото Папрадиште, титовелешко, велешкиот партизански одред "Димитар Влахов" беше нападнат од бугарската полиција. Невена Георгиева, која се бореше во првите борбени редови на својот одред, на 6.12.1942 година беше смртно погодена.
1945 Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.
1984 Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која стапна на Месечината и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство.
1987 Во Скопје умре Крсто Симовски, учесник во НОВ, истакнат општествено-политички работник, основач и прв директор на Институтот за овоштарство на Македонија.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
1963.- Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија - Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен голем дел од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет кој покажа голема солидарност.

На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.
Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1844 Умре Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на анатомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена "далтонизам". Роден е во Иглсфилд, во северниот дел на Англија, на 6.09.1766 година.
1880 Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владееше со Иран. Роден е во 1819 година.
1981 Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
1992 Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната "Кузман Јосифовски - Питу" е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1586. Томас Хериот од Колумбија ги донесе првите компири во Англија.
1741 Умре италијанскиот композитор и виолински виртуоз Антонио Вивалди. Познати негови дела се „L' estro armonico“ и „Il cimento dell'armonia e dell'inventione“.
1750 Во Лајпциг умре Јохан Себастијан Бах, еден од најзначајните композитори во историјата на музиката. Роден е во Ајзенах, на 21 март 1685 година.
1804 Роден е Лудвиг Фоербах, германски филозоф. Беше под влијание на Хегел, а потоа стана критичар на неговата филозофија. Од делата познати му се „Суштина на христијанството“, „Мисли за смртта на бесмртноста“, „Суштина на религијата“ и други. Умре на 13 септмври 1872 година.
1821 Аргентинскиот генерал Хозе Сан Мартин ја освои Лима и прогласи независност на Перу, главно упориште на шпанските власти во Латинска Америка. Перу беше шпанска колонија од 1531 година. Овој ден се слави како ден на независноста на Перу.
1904 На Селечка Планина, во близина на селото Селце, Прилепско, во борба против османлиската војска загина Никола Каранџулов, македонски револуционер, војвода и учител. Роден е во Прилеп, во 1880 година.
1914 Почна Првата светска војна. По атентатот (на 23 јули 1914 година) извршен врз војводата Фердинанд во Сараево, владата на Австро-Унгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум...кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија, три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август на Франција.
1922 На иницијатива на Трифун Хаџијанев, истакнат македонски револуционер од Егејска Македонија, во неговата куќа во Воден е одржана основачка конференција на која е формирана првата социјалистичка организација за Воден и за Егејска Македонија.
1937 Јапонците ја окупираа кинеската престолнина Пекинг.
1945 Во Скопје излезе првиот број на весникот "Трудбеник", орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.
1945 Американскиот бомбардер „Б-25“ удри при густа магла во „Емпаер стејт билдинг“ во Њујорк, тогаш највисока зграда во светот, усмртувајќи 14 луѓе.
1976 Во земјотресот што го погоди кинескиот град Тангшан загинаа најмалку 242.000 луѓе.
1984 Во Тун, Швајцарија, умре Џорџ Хорас Галуп, американски статистичар, основач и директор на Американскиот институт за испитување на јавното мислење - „Галупов институт“ (1935). Роден е во 1901 година.
1996 Во Белград умре д-р Ставре Нолчев, доктор на медицински науки и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист по пневмофитизиологија. Роден е во Кочани, на 20 април 1949 година.
2004 Во самоубиствен напад во ирачкиот град Бакуба загинаа најмалку 68 лица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom