На Македонија и e одземено правото на глас во ОН.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Во Нато може ќе добиеме статус на "стабилна" држава, ама после ќе играме пиперевка за нивни "миротворни" мисии во разни земји. ЕУ е па посебна приказна.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И сами знаете дека стабилноста не зависи од тоа дали сме членки на нато или не. Ако ние треба да влеземе во организација како нато само за на хартија да бидеме стабилни, тури му пепел на таквото членство...
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
А ај ти дај аргументи зошто треба да влеземе во нато ?

И ја мислам дека не ни треба еу, ама ако треба да избирам меѓу нато и еу сигурно нема нато да го избирам.
Очигледен е аргументот бе: воена зашитита.
Плус, далеку поефтино е да се обезбеди безбедноста на државата преку членување во НАТО отколку самостојно.

Наспроти тоа имаме ЕУ: милион и едно правило на пример тоа колку криви смеат да бидат краставиците, па бирократија до бесвест, па на и онака кревките компании што живуркаат во МКД им стануваат конкуренција сите могучи компании во цела ЕУ.
А да не зборам за очигледниот факт што и тоа што остана во МКД одма ќе му ја дувне. Ќе останат само пензионерите да се возат со автобус гага.
И све добро кад се возимо. И не журимо нигде само кружимо... :motorce:
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Очигледен е аргументот бе: воена зашитита.
Плус, далеку поефтино е да се обезбеди безбедноста на државата преку членување во НАТО отколку самостојно.

Наспроти тоа имаме ЕУ: милион и едно правило на пример тоа колку криви смеат да бидат краставиците, па бирократија до бесвест, па на и онака кревките компании што живуркаат во МКД им стануваат конкуренција сите могучи компании во цела ЕУ.
А да не зборам за очигледниот факт што и тоа што остана во МКД одма ќе му ја дувне. Ќе останат само пензионерите да се возат со автобус гага.
И све добро кад се возимо. И не журимо нигде само кружимо... :motorce:
Од кој ќе не заштитува нато, од напад од Русија ?
Денес мислиш толку е едноставно да бидеме нападнати од друга држава, па да има нато право да дојде да не брани ?
Да може денес се ептен затегнати односите, ама не е како во Студената војна кога и е формиран нато.
нато нема право да се меша кога државата има внатрешни проблеми, така да за мене тој аргумент военза заштита и безбедност денес и немаат некоја сила. Од друга страна ќе бидеме обврзани да даваме повеќе војници во разните глупави мисии во Ирак, Афганистан, Либија...

За еу, стандардите се добра работа. Да беа стандардите лоша карактеристика целото наше производство ќе си останеше на нашиот пазар, ама знаеме дека голем дел од производството оди на извоз и тоа баш во земјите од еу кои ги имаат ваквите строги стандарди.
Во основа на пазарната економија е конкурентноста. Дека огромен број мали компании кај нас нема да се справат со конкурентноста е точно, ама па од друга страна значи тие не работат како што треба и ние сакаме да го заштитиме нивниот лош начин на работа. Муабетот ми е, конкуренцијата од еу има и добри и лоши страни. Должност на државата е преку разни мерки да го ублажи ваквиот негативен ефект.
Ја еу не ја сакам повеќе од политички аспект него од економски.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.978
Поени од реакции
11.846
Зошто да гласаш во OН, кога можеш да гласаш за ВМРО!?
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Очигледен е аргументот бе: воена зашитита.
Ова знаеш како му доаѓа, како на времето мафијашите кога штителе нечии дуќани и мали бизниси. Ако не си дел од финансиската мрежа на грабка која ја спроведувале, криминалот и вандализмот се ги таргетира тие дуќани, а тие што плаќале "неделна фитка" изземени. Така и овде, Нато членки заптитени, другиве го јадат стапот до грклан. Не ни е потребна таква организација која те штити од проблеми кои сама ги создава или нејзини колеги/сестри организации ги создаваат.

За еу, стандардите се добра работа.
Со првиот дел од постот се слагам. Ова со ЕУ ме буни зошто го пиша така. Јас би ги нарекол налудничави стандарди. ЕУ има правила, регулативи, реформи и стандарди за се и сешто и се најчесто напумпани до бесвест. Енергетски стандарди, здравствени, трговни итн. Ќе ти рече не можеш таква сијалица, ќе ја купиш оваа скапата бидејќи компанијата која ја прави е еко-френдли, остај што животниот век и е на пола за споредба со поефтина, пастите за заби што ги увезувате нема доволно флуор, треба поинакви пасти за заби ако сакате да ги задоволите ЕУ дентални стандарди, заради одржување квалитет на пазарот и баланс, тоа и тоа не смеете да извезувате (хинт: ајвар, пример), бидејќи Србија/Хрватска/Словенија го извезуваат тоа (да, го има и тој булшит), здравствени стандарди значи и задолжителна вакцинација, а како што сме лабораториски глувци на Европа, може во ек на епидемија и некоја нетестирана вакцина да ни опнат, ко што им опнаа во Португалија (и ко што 10 пати полошо им прават на африканскиве народи). Ако собираш вода преку врнежи, се наплаќа. Нема пиење од чешма, ќе купуваш вода од шише (пиење од чешма е за сељаци), ефтина ГМО храна посвуда, органска храна извезувана во толкава мера да и скокне цената овде во недоглед и пола фамилии да не можат да си приуштат нормална здрава храна итн. Има многу, многу што не чини со ЕУ. Ако влеземе во ЕУ, следниот економски крах ќе не кошта полоша судбина од Грција. Има и други земји кои би имале што да се пожалат околу таа тематика. ЕУ изгледа розово од кој аспект и да ја гледаш, ама не е за нас.
 
Стандардите не се совршена работа, ама според мене корисна. Кога зборам на стандарди мислам на оние во поглед да речеме на производството на земјоделски производи и воопшто на производство на храна, како стандарди на квалитет. Во таа смисла според мене стандардите се супер работа, зошто поставуваат едно минимум ниво на квалитет кое мора да биде исполнето. Не викам дека не може да се забега со стандардите, ама пак некако си мислам дека се добра работа. У секој случај не ме интересира многу економијата и не викам дека ова шо го зборам е точно така, туку е мој некој став изграден од некои си минимум информации. Повеќе пример мене ме интересира унијата од политички аспект.
 
Ова што ти го пишав е само мал дел од тоа што не очекува ако влеземе во ЕУ. Џабе прва класа домати или компири, ако ти рече извини дечки, извозот на домати доминира таа и таа членка, а онаа и онаа членка со компири, најдете нешто трето. Виното, иако соборува сите конкуренти на вински фестивали и проценки, приморани сме да го продаваме преку француски бренд бидејќи за македонски нема место, и нема ни да има. Стануваш дел од клубот, ама со тоа и дел од хиерархија. Во прв tier ти се Франција, Италија, Германија, втор tier Британија, Белгија, Данска итн. Сите влезени после 80те најмногу го јадат од ЕУ, особено најсвеживе примени членови, ретко кој се има снајдено да се издигне, и тоа само ради поволни околности на кои реагирале на време тие луѓе и спасиле жива глава. Ради слични глупости ко ова погоре Гренланд им даде среден прст и си крена по свој пат надвор од ЕУ. Не викам дека лошо е да имаш стандарди, ама истите можеш да ги постигнеш и без влез во ЕУ, џабе стандарди ако 1001 регулација те спречува да пркнеш како јака држава (затоа што други држави сакаат да останат јаки без конкуренција). А политички знаеш и ти каква е, имаме осетено, чуено, видено свашта од таму, низ политичка призма. Се земено в предвид, јас би гласал против на референдум, не знам за вас. Ама за да имате увид за што гласате, ви требаат далеку повеќе информации. Ова од тоа што пратам дел, дел имам дома книги во врска со ЕУ полиси и регулации и сл. детали.
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
јака држава демек сите нас не слушаа.И така дали имале или немале глас исто е
 
?

..........

Гостин
јака држава демек сите нас не слушаа.И така дали имале или немале глас исто е
Во право си.
Прашањето е: кај се парите?[DOUBLEPOST=1422661663][/DOUBLEPOST]бединетите нации примиле 24.606 долари од Македонија кои земјава ги должеше како минимум за да и се деблокира правото на глас на Генералното собрание, потврди за Радио Слободна Европа Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на светскатата организација Бан Ки-мун.

Од денеска (29 јануари) земјата е тргната од листата држави на кои им беа суспендирани нивните гласачки права на Генералното собрание.
Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на Он, Бан Ки-мун.
„Од денеска (29 јануари) земјата е тргната од листата држави на кои им беа суспендирани нивните гласачки права на Генералното собрание“, потврди портпаролот Дујариќ.

Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Во таква ситуација на одземено гласање Македонија се наоѓаше од 12 месецов, кога според документот објавен на интернет-страницата на Обединетите нации, генералниот секретар на ОН преку писмо упатено до претседателот на Генералното собрание наведува тринаесет земји кои не платиле членарина и поради тоа на дел од нив им се суспендира правото на глас.

Македонското министерство за надворешни работи во средата соопшти дека неопходниот износ е подмирен и дека Република Македонија не го изгубила правото на глас во Генералното собрание на ОН.

Во писмото на Бан Ки-мун покрај Македонија, во листата беа наведени Коморските Острови, Гренада, Гвинеја Бисао, Киргистан, Либерија, Маршалските Острови, Руанда, Сао Томе и Принципе, Сомалија, Тонго, Вануату и Јемен.

Инаку на прашањето колку е вкупниот долг за сите придонеси на Република Македонија во Обединетите нации во моментов бидејќи сумата од 24.606 е минимумот, Дујариќ испрати табела. Во неа во графата вкупни придонеси што треба да се платат се наведува сумата 1.007.672 американски долари.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom