Очигледен е аргументот бе: воена зашитита.А ај ти дај аргументи зошто треба да влеземе во нато ?
И ја мислам дека не ни треба еу, ама ако треба да избирам меѓу нато и еу сигурно нема нато да го избирам.
Од кој ќе не заштитува нато, од напад од Русија ?Очигледен е аргументот бе: воена зашитита.
Плус, далеку поефтино е да се обезбеди безбедноста на државата преку членување во НАТО отколку самостојно.
Наспроти тоа имаме ЕУ: милион и едно правило на пример тоа колку криви смеат да бидат краставиците, па бирократија до бесвест, па на и онака кревките компании што живуркаат во МКД им стануваат конкуренција сите могучи компании во цела ЕУ.
А да не зборам за очигледниот факт што и тоа што остана во МКД одма ќе му ја дувне. Ќе останат само пензионерите да се возат со автобус гага.
И све добро кад се возимо. И не журимо нигде само кружимо...
Ова знаеш како му доаѓа, како на времето мафијашите кога штителе нечии дуќани и мали бизниси. Ако не си дел од финансиската мрежа на грабка која ја спроведувале, криминалот и вандализмот се ги таргетира тие дуќани, а тие што плаќале "неделна фитка" изземени. Така и овде, Нато членки заптитени, другиве го јадат стапот до грклан. Не ни е потребна таква организација која те штити од проблеми кои сама ги создава или нејзини колеги/сестри организации ги создаваат.Очигледен е аргументот бе: воена зашитита.
Со првиот дел од постот се слагам. Ова со ЕУ ме буни зошто го пиша така. Јас би ги нарекол налудничави стандарди. ЕУ има правила, регулативи, реформи и стандарди за се и сешто и се најчесто напумпани до бесвест. Енергетски стандарди, здравствени, трговни итн. Ќе ти рече не можеш таква сијалица, ќе ја купиш оваа скапата бидејќи компанијата која ја прави е еко-френдли, остај што животниот век и е на пола за споредба со поефтина, пастите за заби што ги увезувате нема доволно флуор, треба поинакви пасти за заби ако сакате да ги задоволите ЕУ дентални стандарди, заради одржување квалитет на пазарот и баланс, тоа и тоа не смеете да извезувате (хинт: ајвар, пример), бидејќи Србија/Хрватска/Словенија го извезуваат тоа (да, го има и тој булшит), здравствени стандарди значи и задолжителна вакцинација, а како што сме лабораториски глувци на Европа, може во ек на епидемија и некоја нетестирана вакцина да ни опнат, ко што им опнаа во Португалија (и ко што 10 пати полошо им прават на африканскиве народи). Ако собираш вода преку врнежи, се наплаќа. Нема пиење од чешма, ќе купуваш вода од шише (пиење од чешма е за сељаци), ефтина ГМО храна посвуда, органска храна извезувана во толкава мера да и скокне цената овде во недоглед и пола фамилии да не можат да си приуштат нормална здрава храна итн. Има многу, многу што не чини со ЕУ. Ако влеземе во ЕУ, следниот економски крах ќе не кошта полоша судбина од Грција. Има и други земји кои би имале што да се пожалат околу таа тематика. ЕУ изгледа розово од кој аспект и да ја гледаш, ама не е за нас.За еу, стандардите се добра работа.
Стандардите не се совршена работа, ама според мене корисна. Кога зборам на стандарди мислам на оние во поглед да речеме на производството на земјоделски производи и воопшто на производство на храна, како стандарди на квалитет. Во таа смисла според мене стандардите се супер работа, зошто поставуваат едно минимум ниво на квалитет кое мора да биде исполнето. Не викам дека не може да се забега со стандардите, ама пак некако си мислам дека се добра работа. У секој случај не ме интересира многу економијата и не викам дека ова шо го зборам е точно така, туку е мој некој став изграден од некои си минимум информации. Повеќе пример мене ме интересира унијата од политички аспект.Со првиот дел од постот се слагам. Ова со ЕУ ме буни зошто го пиша така. Јас би ги нарекол налудничави стандарди. ЕУ има правила, регулативи, реформи и стандарди за се и сешто и се најчесто напумпани до бесвест. Енергетски стандарди, здравствени, трговни итн. Ќе ти рече не можеш таква сијалица, ќе ја купиш оваа скапата бидејќи компанијата која ја прави е еко-френдли, остај што животниот век и е на пола за споредба со поефтина, пастите за заби што ги увезувате нема доволно флуор, треба поинакви пасти за заби ако сакате да ги задоволите ЕУ дентални стандарди, заради одржување квалитет на пазарот и баланс, тоа и тоа не смеете да извезувате (хинт: ајвар, пример), бидејќи Србија/Хрватска/Словенија го извезуваат тоа (да, го има и тој булшит), здравствени стандарди значи и задолжителна вакцинација, а како што сме лабораториски глувци на Европа, може во ек на епидемија и некоја нетестирана вакцина да ни опнат, ко што им опнаа во Португалија (и ко што 10 пати полошо им прават на африканскиве народи). Ако собираш вода преку врнежи, се наплаќа. Нема пиење од чешма, ќе купуваш вода од шише (пиење од чешма е за сељаци), ефтина ГМО храна посвуда, органска храна извезувана во толкава мера да и скокне цената овде во недоглед и пола фамилии да не можат да си приуштат нормална здрава храна итн. Има многу, многу што не чини со ЕУ. Ако влеземе во ЕУ, следниот економски крах ќе не кошта полоша судбина од Грција. Има и други земји кои би имале што да се пожалат околу таа тематика. ЕУ изгледа розово од кој аспект и да ја гледаш, ама не е за нас.
Ова што ти го пишав е само мал дел од тоа што не очекува ако влеземе во ЕУ. Џабе прва класа домати или компири, ако ти рече извини дечки, извозот на домати доминира таа и таа членка, а онаа и онаа членка со компири, најдете нешто трето. Виното, иако соборува сите конкуренти на вински фестивали и проценки, приморани сме да го продаваме преку француски бренд бидејќи за македонски нема место, и нема ни да има. Стануваш дел од клубот, ама со тоа и дел од хиерархија. Во прв tier ти се Франција, Италија, Германија, втор tier Британија, Белгија, Данска итн. Сите влезени после 80те најмногу го јадат од ЕУ, особено најсвеживе примени членови, ретко кој се има снајдено да се издигне, и тоа само ради поволни околности на кои реагирале на време тие луѓе и спасиле жива глава. Ради слични глупости ко ова погоре Гренланд им даде среден прст и си крена по свој пат надвор од ЕУ. Не викам дека лошо е да имаш стандарди, ама истите можеш да ги постигнеш и без влез во ЕУ, џабе стандарди ако 1001 регулација те спречува да пркнеш како јака држава (затоа што други држави сакаат да останат јаки без конкуренција). А политички знаеш и ти каква е, имаме осетено, чуено, видено свашта од таму, низ политичка призма. Се земено в предвид, јас би гласал против на референдум, не знам за вас. Ама за да имате увид за што гласате, ви требаат далеку повеќе информации. Ова од тоа што пратам дел, дел имам дома книги во врска со ЕУ полиси и регулации и сл. детали.Стандардите не се совршена работа, ама според мене корисна. Кога зборам на стандарди мислам на оние во поглед да речеме на производството на земјоделски производи и воопшто на производство на храна, како стандарди на квалитет. Во таа смисла според мене стандардите се супер работа, зошто поставуваат едно минимум ниво на квалитет кое мора да биде исполнето. Не викам дека не може да се забега со стандардите, ама пак некако си мислам дека се добра работа. У секој случај не ме интересира многу економијата и не викам дека ова шо го зборам е точно така, туку е мој некој став изграден од некои си минимум информации. Повеќе пример мене ме интересира унијата од политички аспект.
Во право си.јака држава демек сите нас не слушаа.И така дали имале или немале глас исто е