Не знам зошто, но некако не ми се верува во ова што го зборува русинов.. Не за друго него на националистичка база веќе се распукавме, и тоа добро се распукавме. Не велам дека сме презаситени од тие глупости (сепак сеуште има вжештени главетини на Балканов), но се ми се чини дека приказната за „Балканот е буре барут“ станува излишна. Имам впечаток дека целата таа приказна е наметната од надвор, а и од нас самите, за да ги оправдаме нашите недостатоци, па по се изгледа дека полесно ни е, како што се вели, да се помириме со судбината, отколку самите да бидеме кројачи на истата. Многу им е лесно на Европа, Америка и на Русија, да кажат - „Ех, Балканот одсекогаш бил Балкан - буре барут“, а нам полесно ни е да го прифатиме сето тоа со зборови од типот: „Ех тоа ти е што ќе прави, Господ така рекол“ (а при тоа е многу интересно, како феномен, и тоа сите народи на Балканов го имаат, да знаејќи ја оваа изрека и немилосрдно помирувајќи се со неа, па како контра-тежа на таа се појавува изреката од типот - „Е абе шо убава е оваа наша земја; пр. Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија и сл.; Господ се ни дал, оние другине ништо немаат, Европа можеме да ја раниме“), не гледајќи дека во суштина тоа е илузијата во која живееме (на жалост испаѓа дека сме екстремно прости, па затоа и не ребраат цело време).
А не сум сигурен, но нели овој беше премиер во време на Јелцин, па кога Путин дојде на власт, овој нешто као да кидна кон Англија, па го прогласуваа за персона нон грата и сл.? Или тоа беше Борис Березовски? Чисто ради кредибилитетот на човеков...
Може сум јанглаш, не знам..