Најчестите грешки на родителите

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Индонезија ќе ги забрани мобилните телефони во основните училишта
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=54026
Во Германија (барем таму кај се моите деца ) е забранет мобилен во училиштето и надвор во школскиот двор. Ако ги видат им ги одзимаат до крајот на школскиот ден, ако се повтори викаат родител.
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
122
Поени од реакции
40
edna mnogu gomela greska na roditelite e da mu dozvolat na deteto da gi pomin uva den ovite sedejki na kompjuter po cel den vklucuvajki i porucek rucek i vecera pred kompjuter
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
401
Поени од реакции
244
Тоа што го учат своето дете да се Страми и Плаши повеќе од нормалното.
Тие два "парализатори" не помагаат во денешното време.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Моја грешка со поголемата, ја карав пред сите не ја повлекував на страна, многу тешко и ја вратив самодовербата
Моја грешка со малото- ич незнам ама ме изеде инает жив тврдоглаво мало створче - многу си ги сакам ама тежок карактер од мало чоече[DOUBLEPOST=1457910388][/DOUBLEPOST]
Која е таа грешка?:)
Никогаш да не го пофали - детето секогаш гледа да се покаже пред родителот на свој начин ако го игнорираш полошо е од ќотек
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Зарем најголемиот дел од родителите не се труди да ги изведе децата на пат кој е поплочен со најдобри намери?
 

Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Da nemaat ekstremno kriticki odnos kon deteto, moze da mu vlijae negativno na samodoverba i samoto kje bide premnogu samokriticno a i kon okolinata isto taka, moze da prerasne u perfekcionist i nema da bide zadovolno so nisto.
 
S

silmarillion

Гостин
Која лоша услуга им ја прават родителите на децата кога нејќат да прифатат дека ги размазиле до одвратен степен тоа е чудо едно. Поготово затоа што ова се нели "модерни времиња", па родителот да има повеќе време за кафиња, кафани и кладилници децата ги остава кај бабата која во 99.9% од случаевите го распрдува детето до степен да сакаш да го дадеш во дом после тоа. Баба неможе да биде главен воспитувач на детето и точка. А ако се одлучиш на таков потег си го ебал ежот и многу веројатно ќеркати ќе заврши неславно и без цел во животот од qr на qr, а син ти ќе го прибираш од кафани, ќе ти доаѓа усмрден од цигари по разни сенатори и астри и со билтенот во тренерка ко најголем џибер се додека не ти го потроши последниот денар.

Ова го пишувам од искуство во моја фамилија (среќа 2ро колено) кога гледаш буквално како некои луѓе свесно си го сјебуваат детето и воопшто животот. А она што е најтешко е што не прифаќаат кога во фаца ќе им кажеш дека детето им е неваспитано и дека е директно нивна и кривица на бабата/дедото. А непогрешливата прогноза е дека откако ќе напунат 12-13 години, бабата нема да сакаат да ја погледнат со очи како што она си замислува дека ќе ја пазат кога ќе остари ептен.

Мислам на толку многу неуспешни приказни во градов да ги повтараш грешките на другите е жива глупост. Без исклучок сите завршуваат потполно исто. Не е само да го направиш и да го оставиш друг да ти го расте додека ти проживуваш младалачки живот. Затоа кога ќе ми каже некој - ама убаво е баба и дедо да ти се најдат кога растеш дете - ми иде една циганска наопачка да му/и залепам да им ѕвонат ушите саат време.
 
Член од
30 јули 2016
Мислења
75
Поени од реакции
17
Грешка од родителите мислам дека е тие да се поставуваат како полицајци кон своите деца и да му наредуваат за се и сешто, да им забрануваат итн. На децата треба да му се дава слободна да се чуствуваат со своите родители како со најдобри пријатели бидеќи тоа и се!
 
S

silmarillion

Гостин
Неможе родителот да биде другар со дете кое уште е неизградена личност. Мора да биде авторитет пред се. Ако проба да биде другар од самото детство многу веројатно другарството ќе заврши во пубертет и од таму ситуацијата иде надоле.
 
Член од
30 јули 2016
Мислења
75
Поени од реакции
17
Неможе родителот да биде другар со дете кое уште е неизградена личност. Мора да биде авторитет пред се. Ако проба да биде другар од самото детство многу веројатно другарството ќе заврши во пубертет и од таму ситуацијата иде надоле.
Не се согласувам со твоето мислење, бидеќи мојата мајка секогаш ми била другар пријател помошничка газда на мене се и сешто, и од секогаш од мали нозе сме имале преубава комуникација.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
1.Поткупување и уценување. Ако си со сите 5ки ќе ти купиме ова, она. Ако не напишеш домашна нема да одиш на гости итн.
2.Удоволување. Секој сака неговото дете да има се и да е среќно, но се треба да има граница за и ова може да му стане зависност и опсесија.

3.Претерано фалење. Сите во нешто сме горди на своите деца, но тоа не значи дека треба нон стоп да ги замараме и останатите околу нас. Фалбата треба да е испратена само кон детето. Овие деца кога ќе пораснат ќе ги потценуваат другите.
Но, исто и игнорирањето на успехот и споредувањето со други поуспешни деца исто делува лошо и го обесхрабрува и му ја намалува мотивацијата. Додека гледаат по туѓите деца нивното го фатило погрешниот пат.

4.Избегнување на лошите навики и однесувања. Ако детето види дека родителот не се обидува да го смени неговото лошо однесување, оно ќе се научи и после оди па смени го тоа.
5.Чување на дете кое тие го сакаат да е, а не кое го имаат односно бараат детето да го живее нивниот сон, а не својот.
6.Прекумерна заштита и помош. Со ова им ја попречуваат способноста да станат самостојни. Не им дозволуваат да ризикуваат, сами да пишуваат домашна, сами да решаваат проблеми и кога ќе пораснат нема да знаат како да се снаоѓаат во животот и секогаш ќе бидат зависни.
Се повеќе ги има 30 годишни што се зависни од родителите и при најмал проблем не знаат да се снајдат и по 100 пати во денот на телефон се слушаат со нив. Јаде ли? Надвор врне, облечи се. :facepalm:

7. Кавги во негово присуство и решавање на брачни и финансиски проблеми. Да знаат на која возраст детето треба да знае за финансиските проблеми, болести а не цел живот да мисли дека дома се и е розево.
8. Поделба на две деца во фамилијата.
9. Редовни рутини. Да се знае кога е време за учење,за спиење, за играње и шетање. И секогаш на ист начин да се реагира ако детето не сака да спие или да учи. Не денес ќе го тепам, а утре ќе му дозволам да остане до 2 ноќеска или да не научи.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.459
Поени од реакции
17.957
Имам впечаток дека 3 годишно дете се однесува кон мене премногу слободно а во тоа има поддршка од мајка му. Пример, доаѓам од работа, пуштам телевизор на детево одма му текнува дека сака цртани да гледа и мајката " абе пушти и цртани дете е". Ок, пуштам цртани одам во спална на детево му текнало сака на спална да скока тато тргни се од спалната, мајката " да, тргни се сака да скока нека се измори ќе спие". Сеа, дали јас сум луд, со жена ми никаков заеднички јазик не можам да најдам и веќе сум кренал раце. Детето не кака во нокшир, затоа што некоја докторка кажала дека не треба децата да се форсираат со какање во нокшир, детето не знае со деца да си игра и ја влечка мајка му за рака кога сме во игротека, на што остро реагирам да ја остави зашто и прави на малата контрауслуга. Плаче зашто другите деца скокале на трамполина, со мајка и оди и во веце буквално, цело време приврзана за неа. Од жена ми немам никакво разбирање, демек дете било, јас сум бил груб, не сум видел други деца какви се итн. Детето оди во градинка, почесто е дома зашто се разболува. Мојата филозофија на растење деца е да го направам фајтер од мало, повеќе би сакал да падне еднаш двапати трипати, за 4. пат да научи и да не паѓа, мајката па трча по неа цело време пазејќи ја да не падне. Според мене така се ствараат дебили. Грешам ли, или сум во право, чисто ме интересира дали е мојата перцепција и размислување погрешна, а раце сум кренал и не се замарам веќе. Немам ни некаков импакт врз ќерка ми зашто само 2 часа дневно ја гледам, другото време имам обврски.
 
Последно уредено:
L

Löwe

Гостин
Тоа што го учат своето дете да се Страми и Плаши повеќе од нормалното.
Тие два "парализатори" не помагаат во денешното време.
Грешка на твоите родители е што не те научиле дека е срами а не страми. И дека глаголи не се пишуваат со голема буква. Поздрав.
 
Член од
7 април 2014
Мислења
28
Поени од реакции
68
Имам впечаток дека 3 годишно дете се однесува кон мене премногу слободно а во тоа има поддршка од мајка му. Пример, доаѓам од работа, пуштам телевизор на детево одма му текнува дека сака цртани да гледа и мајката " абе пушти и цртани дете е". Ок, пуштам цртани одам во спална на детево му текнало сака на спална да скока тато тргни се од спалната, мајката " да, тргни се сака да скока нека се измори ќе спие". Сеа, дали јас сум луд, со жена ми никаков заеднички јазик не можам да најдам и веќе сум кренал раце. Детето не кака во нокшир, затоа што некоја докторка кажала дека не треба децата да се форсираат со какање во нокшир, детето не знае со деца да си игра и ја влечка мајка му за рака кога сме во игротека, на што остро реагирам да ја остави зашто и прави на малата контрауслуга. Плаче зашто другите деца скокале на трамполина, со мајка и оди и во веце буквално, цело време приврзана за неа. Од жена ми немам никакво разбирање, демек дете било, јас сум бил груб, не сум видел други деца какви се итн. Детето оди во градинка, почесто е дома зашто се разболува. Мојата филозофија на растење деца е да го направам фајтер од мало, повеќе би сакал да падне еднаш двапати трипати, за 4. пат да научи и да не паѓа, мајката па трча по неа цело време пазејќи ја да не падне. Според мене така се ствараат дебили. Грешам ли, или сум во право, чисто ме интересира дали е мојата перцепција и размислување погрешна, а раце сум кренал и не се замарам веќе. Немам ни некаков импакт врз ќерка ми зашто само 2 часа дневно ја гледам, другото време имам обврски.
За детето кога збориш имам чувство ко за предмет да збориш или за дете на комшијата. Детето вака, мајка му вака...зошто ти не пробаш да го воспиташ на начин на кој мислиш дека треба? Детето 3 години а тој веќе кренал раце и не сака да се замара. Што фајде ако речеме дека си во право? Ко за спротивен тим да збориш и бараш потврда дека ти си подобар. Вклучи се, тие 2 часа посвети ги како треба. И не е страшно ако детето оди со мајка му во ве-це на 3 год. Ќе престане кај и да е, нема да е вечно. Нормално е да се разболува често кога е во градинка и ако сакаш да ја зацврстиш за да не биде плачка, земи ја со тебе и покажи и како се паѓа и како се станува. Или полесно е да напишеш на лист и да и го дадеш на жена ти да среди?
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.459
Поени од реакции
17.957
За детето кога збориш имам чувство ко за предмет да збориш или за дете на комшијата. Детето вака, мајка му вака...зошто ти не пробаш да го воспиташ на начин на кој мислиш дека треба? Време треба за тоа, труд, а не само -јас вака сакам, никој не ме слуша па кренав раце. Детето 3 години а тој веќе кренал раце и не сака да се замара. Што фајде ако речеме дека си во право? Ко за спротивен тим да збориш и бараш потврда дека ти си подобар. Вклучи се, тие 2 часа посвети ги како треба. И не е страшно ако детето оди со мајка му во ве-це на 3 год. Ќе престане кај и да е, нема да е вечно. Нормално е да се разболува често кога е во градинка и ако сакаш да ја зацврстиш за да не биде плачка, земи ја со тебе и покажи и како се паѓа и како се станува. Или полесно е да напишеш на лист и да и го дадеш на жена ти да среди?
Сум кренал раце од докажување и расправање со жена ми, уствари немам намера Дон Кихот да изигравам. Што фајде ако јас на детето за тие два саата колку што го гледам, ако го воспитувам на мој начин а немам заеднички јазик и пристап со жена ми, кај тоа дете само збунетост и несигурност ќе се роди. И малце приземји се и релаксирано, како за тебе лично да е пишуван постов се возбуди ;)

Имала она чувство ко за предмет да зборам, лејка празна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom