.
„Не е ваше да ги знаете времињата или годините,
што Отецот ги задржал во Своја власт;
но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух;
и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја
и Самарија, и дури до крајот на земјата.”
И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа, Он се подигна,
и облак Го подзеде од пред очите нивни.
И додека гледаа кон небото, кога се вознесуваше Он,
одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека,
и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото?
Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото,
ќе дојде пак по истиот начин,
како што Го видовте да оди на небото.”
Дела Апостолски 1 : 7 - 11
.
.