Легендарната “Running Up That Hill”
Песнава во оригинален наслов е “A Deal with God”, ама поради религиозни причини подоцна е преименувана “
Running Up That Hill“. Напишана е при крај на седумдесетите и е планирана за првиот албум на Кејт Буш –
The Dreaming, ама поради само нејзини причини, е исфрлена од албумот, а понеколку промени на насловот, Кејт решава да ја претстави како синг песна во нејзиниот албум
Hounds of Love. Песнава првпат е испеана во живо од Кејт и Дејвид гилмор од Пинк Флоид на првиот и единствениот концерт во дотогашната кариера на Кејт, во 1979 год.
Песнава често е погрешно протолкувана од јавноста, Кејт за неа вели: Се обидував цело време да кажам дека мажот и жената не можат да се разберат еден друг затоа што се маж и жена! И ако всушнсот некако би ги замениле улогите, бар за момент да бидеме еден во друг, мислам дека и двајцата ќе бидеме многу изненадени! И тоа ќе не одведе до величенственото разбирање. Значи единствениот начин за тоа да биде можно е да си ги замениме улогите, тоа го претставив како договор со ѓаволот (a deal with the devil). Па потоа помисли, чекај зошто, зошто да не биде договор со Господ (”Deal With God”) и тогаш тоа стана нејзиниот наслов. А подоцна ни кажаа дека со тој наслов песнава нема да може да биде слушната во: Франција, Австралија, Ирска и во многу други земји, па затоа го сменивме во “
Running Up That Hill“.
Песнава низ годините остана енда од најфасинантните со својот лирикс кој побудува силна желба за вистински поттик за остварување на човековата имагинација: If I only could (барем само да можев). За првпат целосно е преработаена од Placebo во 2003 год. Каде ја објавуваат во нивниот албум
Sleeping With Ghosts. Маестралната преработка во нивниот препознатлив мелодрамичен стил, е вистински погодок за Брајан Малко кој во своја инзворедна изведба со специфичниот глас, уште многу посилно ја доловува желбата за поттикот кон остварување на нашата идеална замисла, If I only could…..