Линукс е најадаптибилен за high-security и најлесно е да постигнеш висока безбедност. Инаку, постојат и UNIX-и кои се еталон за сигурност и стабилност (нпр. Tru64 Unix со NonStop кернел).
Windows можеш да го обезбедиш само ако го исклучиш од мрежа и да го ставиш во сеф. Додека за Новел едно време важеше дека - еднаш инсталиран - можеш да го зацементираш слободно, само остави му дупка за мрежен кабел. Штета што времето го прегази.
Инаку не држи муабетот дека кога Линукс ќе биде популарен колку Windows ќе има исто толку црви, вируси, тројанци итн. Едноставно концепцијата на unix-оидните системи не дозволува извршување на таков тип скриени кодови, освен ако корисникот екслицитно не ги претвори во извршни фајлови и да ги изврши. Потешки се нападите од други страни од типот на buffer/stack overflow ама тоа е веќе друго ниво на сигурност.