Можеби некој ќе ме распне за доленаведениве игри,ама јас не гледам споредбено со други наслови,туку што таа игра(во случајов sequel ми значела мене)
Vampire Bloоdlines-The Masquerade:Багната,лош дизајн и едноставно премногу напорна за да се игра.Се скинав од симнување пачови и барање по форуми како да поминам најобичен quest со едно смрдено кајче.
Blood Omen 2:Ужас.Неверојатно ја демолираа целата уметност која таа игра ја имаше во претходните два дела.Ја симплифицираа и ја претворија во најбазично нешто кое би го играле дечишта на Плејстејшн.А таа игра никој нема право да ја прави мејнстрим.Можеби најголемото гејмерско разочарување во мојот живот.
Silent Hill 4-The Room:Абе од кога тоа уствари можеш да ја превртиш играта со бејзбол палка?И зошто играта мораше да ја копира Резидент Ивл и да ја набие со еден тон чудовишта кои мораш да ги мелеш цело време?Шармот на Сајлент Хил беше во умерените борби,во тешкотијата која играта ја имаше и без да мораш да ја ставиш на Hard,и во стравот кој не ти се наметнува,туку полека те ежи и ти вади морници од секоја пора.Оваа беше добра замисла,ама утка како конечен производ.