@Fikshe1989
Најверојатно ништо не и фали на климата.
За да не се нервираш и туфкаш до следниот петок, можеш да направиш еден прост тест.
- Исклучи ја FH-то привремено и отвори прозори за да се излади просторијата што повеќе.
- Кога ќе падне температурата пристојно, уклучи ја само WN-от со термометар поставен на издув. Уште подобро стај друг термометар на усис и мерач на потрошувачка, па направи и комплетно мерење, COP и се по ред.
Како што пишав, типувам дека ништо не и фали на WN-от и си работи по спецификација.

Јас сум присталица на повеќе клими за греење на еден објект, особено кога се работи за куќа. Но, не препорачувам две клими во иста просторија. Ако собата е голема, едноставно ќе се постави клима со поголема топлинска моќ. Секогаш може да се најде позиција за да не дува директно во луѓе (нели зборуваме за голем простор).
Во твојот случај FH-то на трета брзина дува директно накај WN-от и оваа се буни со повисока температура и се обидува да модулира најниско што може, со млак издув што тебе те збунува.
Да се потсетиме, Те-шиба се дизајнирани да штедат струја со добра модулација, но и послабо да греат, додека Mitsubishi е тотален опозит.
Хансол од друга страна е приказна за себе.

Вчера попладне, надворешна 10-11Ц, внатре зададена 21Ц, мерено на ѕиден термометар подалеку од климата покажува 22Ц. Грејна површина 29-30 м2, висина 2.7 м.
Прегледај го приврзокот 200022