
.... не е, барем не кај 3,5ките... Midea (со многу смешни букви кои го означуваат моделот, или скратено Mission по нормална цена ... и искрено ми изгледа најдобар избор во таа ценовна класа до 25,000!
http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10169_10170_10172&product_id=72202 Релативно нов модел е (од лани или од преклани) ...многу е популарна кај северниот сосед. Тие се среќни да имаат оригинал модели и реални цени кои почнуваат од 450-500Евра на Fujitsu (а не како кај нас што прават оние што у 4 квадрати ја нудат со уште 3-4 бренда), а одма по него по популарност велам ми се чини е Мидеа Мишн. Инвертер со SCOP 4.2, убава модулација (162-1750), follow me функција, многу филтри (што особено за ова поднебје е корисно), надворешна 29,5кгр (интересно е дека габарит те. по димензии надворешната е поголема од оние на популарните кај нас 3,5ки), тивка внатрешна 22/29/32dB... 3Д проток на воздух... греач на надворешна, со што велат оперативна до -25 (ова па баш и не ми е некој атрибут особено ако се уклучува на -5*С!)... max издув до 650м3, WiFi команда веќе се подразбира... се на сѐ ми изгледа солидна клима за парите! Сепак не верувам дека некој од форумов ја има и би можел ова да го потврди или негира, така да ова е само мој впечаток ... но како и да е, добро е што излезе на пазарот Mission како и Hissense (Hitachi) за здрава конкуренција.
Има интересно видео на YT за оваа клима од 20тина минути, убаво е да се види како работи, како модулира (кој има трпение, многу е досадно!

... и штета типот што го направил видеово при услови на надворешна температура од +8*C ... откако при вклучување (загреа до 24*С) трошејки 900-1200, по 20тина минути потрошувачката се симна на 400 па се стабилизира на 250-300W (види во второто видео)
https://www.youtube.com/watch?v=XYXAbNTbYkE... и веројатно така држи подолго на тие температури!?