Врвните ТОП модели, јаките или Реалните 3,5ки кои се 3,5ки и на греење (а не само на ладење) можете да ги препознаете токму по високиот максимален инпут од околу 2000W. Но затоа овие клими и во најладното на -10 па и -15 ке испорачаат топлина од над 3KW, како пример Mitsu FH35VE ili Hansolot. Кај овие клими и PdesgnH e висок и околу 3,5.
FH35VE PdesignH=3,6
Hansol PdesignH =3,5
Двата модела имаат моќни TWIN компресори и тоа е причината заради која може да повлечат струја, имаат компресор кој може да ја претвори таа повлечена струја во топлина. Со вакви компресори-мотори внатре не е голема филозофија да се увиди дека јако ке греат во најладното и без ЕВтестот кој реално ретко кој просечен корисник знае да ги прочита и толкува.
Другите клими исто декларирани/рекламирани како "3,5ки" кои се и многу поефтини се со максимални инпути околу 1500W и тоа се оние средни/основни модели, на -7 стануваат 2,5ки, немаат моќни twin компресори како горните 2 врвни модела па и немаат причина да повлечат повеќе струја. Нивниот Pdesign е најчесто околу 3,0, на сметка на тоа што помалку може да повлечат и многу помалку топлина може да испорачаат па во ладното ке треба да се догрева.