Најекономично греење и ладење

Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
Веројатно мислиш на итонг кај тебе, па ќе ти кажам а и сигурно си видел дека имаат разни блокови како решенија за термо мостовите( надвратници, надпрозорници, U elementi, L elementi) со сите тие го изолираш бетонот од надворешни влијанија. А за 30цм термоблок итонг ми кажаа дека е лошо ако ставам стиропор подоцна. Јас сакав 37,5цм да ставам, но претставникот за Македонија ми кажа дека е доволно 30цм. Сам со брат ми и татко ми го изѕидавме подрумот, а планираме и понатака да ѕидаме и со итонг, нема филозофија.

ako pocnis da koristis specijalni dodatoci ke ti ja tovarat cenata i pak naj ednostavno resenie e najgolem blok i 7 ca izolacija .
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Друже, 30цм термоблок, 20цм и 12/15цм преграден блок + надвратници, надпрозорници = 4200евра за куќа од негде 15*13м со пресметан тенкослоен малтер. ~7500евра излегуваат 2 бели таваници за 2 плочи од по 180м2, во ова не е пресметан бетонот кој ќе оди на хоризонталните серклажи и меѓу ферт гредиците и тоа е тоа, нема каде другде бетон. Над итонг монтите не оди бетон нити понатамошна кошулица за израмнување на под, само се залие со тенкослоен лепак/малтер/млеко и после 2-3дена ставаш филц и ламинат. Ќе се распрашам деновиве колку коштаат обичните фертгредици + монти + колку м3 бетон ќе ставам преку нив + ќе додадам на оваа цена кошулица на таа квадратура од 180м2 * 6евра. Па како ќе ми се исплати, така ќе правам. Ако не се мислењава за оваа тема, нека ги префрлат во мојата тема http://forum.kajgana.com/threads/ytong-искуства-има-ли-некој.57312/.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На сите Ви е познато, дека најповолно е топлотна енергија да се искористи ако од неа се добива и струја и топлина.
Ние овде се занимаваме со Топлификација која не пљачка и Регулаторна која и помага. Да сакаше Топлификација да произведува струја и топлина од гасот, ќе изградеше агрегат со турбина, со против притисок, од 30 MW и за мали пари ќе се греевме.
Наместо тоа таа изгради кондензациона централа од 230 MW ( ТЕТО, со две одземања на пареа ) и ако ТЕТО почне да работи речиси илјада MW ќе завршат во кондензаторите и ладилните кули на ТЕТО. И не само што нема да имаме ефтино греење, туку и струјата ќе поскапи.
Кога ќе помислам што ни прават Топлификација и Регулаторна ми доаѓа да заплачам.
Па уште кога ќе почнат да зборуваат за некакви „ модели “ ( словенечки, германски, бугарски )
Утринава прелистував по интернет и најдов дека во Данска планираат исклучиво на тој начин да се загреваат. Дури има агрегати од 500 W Нивна среќа е што немаат Топлификација и Регулаторна.
Погледнете, има и интересни ликови:
 

Attachments

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
На сите Ви е познато, дека најповолно е топлотна енергија да се искористи ако од неа се добива и струја и топлина.
Ние овде се занимаваме со Топлификација која не пљачка и Регулаторна која и помага. Да сакаше Топлификација да произведува струја и топлина од гасот, ќе изградеше агрегат со турбина, со против притисок, од 30 MW и за мали пари ќе се греевме.
Наместо тоа таа изгради кондензациона централа од 230 MW ( ТЕТО, со две одземања на пареа ) и ако ТЕТО почне да работи речиси илјада MW ќе завршат во кондензаторите и ладилните кули на ТЕТО. И не само што нема да имаме ефтино греење, туку и струјата ќе поскапи.
Кога ќе помислам што ни прават Топлификација и Регулаторна ми доаѓа да заплачам.
Па уште кога ќе почнат да зборуваат за некакви „ модели “ ( словенечки, германски, бугарски )
Утринава прелистував по интернет и најдов дека во Данска планираат исклучиво на тој начин да се загреваат. Дури има агрегати од 500 W Нивна среќа е што немаат Топлификација и Регулаторна.
Погледнете, има и интересни ликови:
Не се отвараат линковите.... не се разбирам многу, но ми изгледа фантастично добра идеја...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не се отвараат линковите.... не се разбирам многу, но ми изгледа фантастично добра идеја...
На подстаницата на која е поврзана зградата во која живемам поврзани се околу 80 стана. И јас почнав да барам дизел агрегат од 50 KW со котел утилизатор. Идејата ми беше, да инвестираме во таква опрема, струјата да ја продаваме на дистрибуција и со тоа да го платиме горивото, а греењето на ни дојде без пари. Така налетав на ова.
Погледни на Wikipedia
http://en.wikipedia.org/wiki/Micro_combined_heat_and_power
Погледни што има на US Department of energy
http://www.gulfcoastcleanenergy.org/CleanEnergy/CombinedHeatandPower/tabid/1698/Default.aspx
или само на пребарувачот стави combined heat and power, има многу работи
само ние „ по идиотски модел “ имаме Топлификација
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Еве мал уред кој грее и произведува струја:
80 Стана сте дали сите се заинтересирани да го купат тоа чудо???вас ви треба многу моќност
во просек стави по 5кW oд стан.веќе сте на 400кW и повеќе.Постојат дизел мотори со оваа моќност што греат и произведуваат само што коштаат малку мрсно.Ако ве субвенционираат распрашај се можам да пробам да ви пратам нешто интересно за вас.Ама само ако има субвенции за Обновливи енергии.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
80 Стана сте дали сите се заинтересирани да го купат тоа чудо???вас ви треба многу моќност
во просек стави по 5кW oд стан.веќе сте на 400кW и повеќе.Постојат дизел мотори со оваа моќност што греат и произведуваат само што коштаат малку мрсно.Ако ве субвенционираат распрашај се можам да пробам да ви пратам нешто интересно за вас.Ама само ако има субвенции за Обновливи енергии.
Топлификација од тие 80 стана наплатува годишно околу 100 илјади евра. Така да тоа не е малку за да нема смисол таква инвестиција.
Само треба да најдам понуда и да ја предложам на станарите.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Замина зимата, а јас најдов некој момент слободно, па да си го одржам ветувањето (неколку страни наназад, каде има и инфо за тоа како се грејам, сега само на кратко)
Оваа зима дневната, кујната и трпезаријата се грееја исклучиво на инверторот. Конверторот немаше потреба да се вклучува, освен еднаш кога небевме 2-3 дена дома во тој најголемиот студ, па го пуштив саат-два за побрзо да се стопли. Најниска измерена температура оваа зима -16,5 степени. Кога беше тоа најладното, воопшто не го исклучував, навечер само ќе ја намалев температурата за одржување.
Вака изгледа потрошувачката на струја споредено со лани истиот период (КWh):
2011 2012
декември 923 726
јануари 1014 825
февруари 655 819
март 585 525
април 338 339

Значи некаде околу 8-10% помалку потрошена струја, а просториите потопли.
Имајте во предвид дека оваа зима беше поладна од минатата и дека оваа зима и купатилото го греев со конвертор од 1КW, паралелно со ел. радијатор во спална. Минатата беше само радијаторот.

Се кога ќе се сумира, презадоволен сум како се покажа инверторот за греење, дури и ги надмина моите очекувања (очекував дека во сред зима нема да може да постигне да загрее)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Во СЕТ, понуда на инвертор Midea MSG-12HRDN1 DS INVERTER 3.8 gree 3.5 ladi 12000 Bti COP factor 3.65, значи просечна потрошувачка при греење малку над 1Kw/h.... наменет за греење околу 35м2 зависно нели од многу други фактори....и сето тоа за 25,000 Денари.
Би останала и од мене оваа вест неприметна дури и заборавена, доколку не прочитав на неколку руски и бугарски сајтови дека компресорот на овој систем е од многу реномираната Toshiba!
На пример на овој:http://www.midea.com.ua/products/MSG-12AR(El.Heating).html
Нешто слично како НЕО-то кое го нуди Техномаркет со Тошиба компресор за 15 те. појакиот модел за 16,000 Денари.... Е сега Мидеа како инвертор за само 9,000.- Ден поскапо! Ми се чини многу поволна и подобра понуда од сите LG, BEKO, Samsung, па дури и Panasonic инвертори во класата и моќта на овој модел. Знаеме дека компресорот е 80% од инверторот... а мене ми се чини дека најслабиот инвертер на Toshiba спакован во кинеско тенеќе и пластика - те. компресор на овој производител вреди за 25,000,-..... за Мидеа, прочитав многу пофални зборови на Хр, Ср и Бг форуми. Се ми се чини дека ова е добар производ!?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
главни увозници на сите продукти на мидеа се палматрејд тетово. сместени се во првиот-поголемиот рамстор на влез во тетово од десна страна... веројатно таму би биле поевтини за некое евро уредите... јас конкретно лани зедов од таму машина за садови мидеа, малку со недоверба заради непознатиот бренд, ама сега за сега си е ок, освен што ми се закочија фиоките по 2 дена, ама ги сменија и ете... значи не го знам брендот, меѓутоа знам за мидеа шпорет, кој исто така не се жалат од него, па веројатно можно е за поквалитетен нов бренд кај нас да се појавил... и нај веројатно првите неколку години ке биде квалитет, додека се пробие на пазарите после ке почне гомна да се произведуваат... затоа, ако некој му се мисли за инверторот на мидеа, нека зима сега, нека не чека за в година, може касно да му биде...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
мидеа како бренд не е од вчера , го има на нашиот пазар од пред мнооогу години.
и не е нешто посебно, први брачеди се со фуего, кварт, нео вивакс и тн.
така да без разлика што ке ви речи продавачот дека од ваму е од таму е, чим одзади пиши made in PRC (people's republic of china) значи е од кина.
значи пред да купувате едно шише масло во црква за да не ви се погоди од трета смена склопвано. иначе ок се.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ако добро го разбрав..смртта за паркинг зони и пајак возила збори за ова , а не за инвертори..:

и е многу интересна тема , посебно сега кога зградите стануваат поорганизирани во однос на свеста колку ги чини живеењето во нив..уште пред 20 години детално разгледував пакет на италијански производител со ФИАТ-ов дизел мотор и генератор кој емитираше 80 KWA , плус уште толку топлина преку загреана вода на 80-90 степени...
...иако сепак имам впечаток дека топлификација и енергетската магфија ќе не дерат уште мнооогу долго...:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
...иако сепак имам впечаток дека топлификација и енергетската магфија ќе не дерат уште мнооогу долго...:)
Тоа е тоа...
А од лопови и криминалци нема куртул, ќе мораме и во иднина да им се спротивставуваме.
 
Член од
31 март 2009
Мислења
3
Поени од реакции
1
Дали кај нас има генерален застапник или некои дилери што нудат BOSCH котли за ЦГ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom