Најекономично греење и ладење

Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
@gigovit
@Huddle сигурно повеќе ќе се стопли со хансолот во 35м2, него ли ти со Тошибата во твоите 20м2 :D
не тропај зелени, те сметам за паметен човек
ако ме држи добро сеќавањето, не се ни 20м2, туку беше соба 4 х 4 м2
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
183
Поени од реакции
330
пример на влезна цена од 10 000 ден 15% се 1500ден царина. на 17% повисока цена заради долар цената влезна е 11700, +15% зарина на 11700 е 13806 односно царината не е 1500 ден туку станува 2100 ден, исто и со ДДВ-то, така да ако во кина нешто ( немора да е клима ) се покачи за 10долари тие 10 долари додека да дојдат во МК може да станат 50долари :). Значи ПРИМЕР е ова немој да го земаш како готов одговор. Инаку како што кажав 10години многу работи се сменети, сигурно и производствената цена е сменета бидејќи цената на суровините ( бакар на пример ) е исто променета и ред други елементи кои помалку или повеќе влијаат на цената, цените голем дел од суровините последниве 10години одат најчесто нагоре така да неможе да издвоиш една причина зошто пред 10години си купил ( не иста ама слична ) клима која чинела 40к сега истата чини 60-70к.
Малку е грешна математиката што ја правиш, 17% се 17% како и да рачунаш. Цената на бакар сега и пред 10 години е идентична. Значи ни бакарот не е причина. Но да прекинеме тука, не мора да најдеме причина зошто е така, доволно е само да се констатира.

Првични впечатоци за Хансол -20:
-тивка работа, посебно на надворешната единица. Нема вибрации.
-одлична за греење при овие релативно топли периоди (7-15 надворешна).
-добар софтвер, не дува ладен воздух на старт или рестарт.
-најниско што сум видел да троши е 300W (млако дува). Ретко се исклучува (иако немам точна информација колку).
-околу 8 КW на ден (15 часа работа), на вакви есенски денови, што е одличен резултат според мене.
-покажува и надворешна температура.
-IFeel не е испробан.
-Wifi не е испробан.
-програмирање до 3 температури на ден. Не е испробано.
-треба да се види како ќе работи при минусни температури.
 
GT1

Член од
14 февруари 2016
Мислења
1.145
Поени од реакции
1.207
:(
Вчера монтирана Gree Хансол 12 засега е супер простор од 35-36 метри квадратни со просечна изолација го грее без некој проблем ама и надвор е доста топло ќе видиме како ќе се покажи на поладно време. Досега се греев на камин на дрва па мораше цепење, редење и носење на дрвата од подрум до каминот па чадело враќало па истурај пепел вака сега притискаш едно дугме и толку :). Единствена мана е тоа што надворешната единица ми се чини дека е доста бучна или па јас не сум навикнат на таква бука.
Во главно во обичен работен ден ќе ја користиме поручек од 15-16 часот до кај 1 или 2 навечер прашање како е најекономично да се остава додека нема никој дома на 18-19 степени ? Мислам дека не е добро да се исклучи целосно или грешам ? Исто како е најдобро да дува перката на која брзина или да ја оставам на Auto.
Koga e potoplo na auto fan slobodno mozes da ja rabotis (ifeel uklucigo i dalexinskoto postavigo najdaleku sto mozes ama da e vo kontakt so klimata i samo menuvaj temperatura)
Ke gree bez problem 35kvadrati .
Koga e poladno nakaj ¬10STEPENI mozes i so treta brzina da ja rabotis .Hansolot e super so zdravje da si ja rabotis klimata
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
покажува и надворешна температура
Izvini vaka ama bas me interesira toa kade ja prikazuva nadvoresnata temperatura na dalecinskoto ili na displejot na vnatresnata edinica?
Imam primer kaj drugarot so haier tide na vnatresnata koga ja uklucuva ja kazuva temperaturatana kolku e pustena od dalinskoto potoa posle 5 sekundi ja kazuva sobnata temperatura na displejot no vnatresnata ne nadvoresnata temperatura
Ako mozes stavi slika od vnatresnata edinica da vidime kako ja prikazuva temperaturata
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
@gigovit
@Huddle сигурно повеќе ќе се стопли со хансолот во 35м2, него ли ти со Тошибата во твоите 20м2 :D
не тропај зелени, те сметам за паметен човек
ако ме држи добро сеќавањето, не се ни 20м2, туку беше соба 4 х 4 м2
Jas gream 25-26 kvadrata vo kuka so slaba izolacija, od iskustvo znam deka situacijata e mnogu razlicna od greenje na stan, a komentarot si e epten na mesto, ne znam sto se lutis. Pisav i porano deka toj Hansol ima najobicen rotary kompresor od 10.950 btu koj nitu e stedliv, nitu e moken. Da ne kazam gola voda e.
Greenjeto so inverter treba da e predvideno za jaki minusi, ne za ovie temperaturi od 15-18C, koga i najobicno NEO ke zavrsi rabota, inaku se dzabe frleni pari.
A mislam deka da se sporeduva vakva kineska igracka so Toshiba suzumi e smesno.
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
424
Вчера монтирана Gree Хансол 12 засега е супер простор од 35-36 метри квадратни со просечна изолација го грее без некој проблем ама и надвор е доста топло ќе видиме како ќе се покажи на поладно време. Досега се греев на камин на дрва па мораше цепење, редење и носење на дрвата од подрум до каминот па чадело враќало па истурај пепел вака сега притискаш едно дугме и толку :). Единствена мана е тоа што надворешната единица ми се чини дека е доста бучна или па јас не сум навикнат на таква бука.
Во главно во обичен работен ден ќе ја користиме поручек од 15-16 часот до кај 1 или 2 навечер прашање како е најекономично да се остава додека нема никој дома на 18-19 степени ? Мислам дека не е добро да се исклучи целосно или грешам ? Исто како е најдобро да дува перката на која брзина или да ја оставам на Auto.
Убава клима си земал,убаво ќе те служе. Инаку јас греам и поголем простор од твојот а во моментот ја пуштам макс на 22-23( во 14.00 кога можам)и дува до вечер, а ноќе ја оставам на 20(исклучува) во 3ет степен на издув.
 
Последно уредено:
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
@gigovit
@Sass ја користи веќе 4-та зима истата клима, има и сузуми за споредба..Сигурно не би се сложил со твојот коментар дека е гола вода и играчка
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: GT1
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
@gigovit
@Sass ја користи веќе 4-та зима истата клима, има и сузуми за споредба..Сигурно не би се сложил со твојот коментар дека е гола вода и играчка
Ovoj nema veza sto zboruva, nekoj inat go fatil.
Na kraj kraeva ke kaze covekot kako ke pomine, dali ke bide zadovolen ili ne,
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
183
Поени од реакции
330
Izvini vaka ama bas me interesira toa kade ja prikazuva nadvoresnata temperatura na dalecinskoto ili na displejot na vnatresnata edinica?
Imam primer kaj drugarot so haier tide na vnatresnata koga ja uklucuva ja kazuva temperaturatana kolku e pustena od dalinskoto potoa posle 5 sekundi ja kazuva sobnata temperatura na displejot no vnatresnata ne nadvoresnata temperatura
Ako mozes stavi slika od vnatresnata edinica da vidime kako ja prikazuva temperaturata
На внатрешна единица, на дисплејот, може да покжаува внатрешна актуелна, внатрешна сет и надворешна. За оваа функција има копче на далинското Temp.
Има и Health/Scavenging опција. Дали некој ја има тестирано?
 
Член од
26 септември 2016
Мислења
166
Поени од реакции
190
Малку е грешна математиката што ја правиш, 17% се 17% како и да рачунаш. Цената на бакар сега и пред 10 години е идентична. Значи ни бакарот не е причина. Но да прекинеме тука, не мора да најдеме причина зошто е така, доволно е само да се констатира.
Значи математиката воопшто не е погрешна, 15% царина и 18% данок на 10 000 ден и на 15 000 ден воопшто не е исто.
Бакарот го земав како пример, незнам може цената била иста но го спомнав како еден параметар постојат стотици парамети, збореме за 10години период. Ако бакарот е иста цена со зголемување на стандардот на кинезите платите во кина сега и пред 10 години сигурно не се исти, и ако почнеме секој сегмент да го делиме ке испаднат премногу вариации, токму она што сакам да го потенцирам дека неможе да барате една или две причини зошто нешто е со различна цена сега и пред 10 години.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.116
Поени од реакции
1.262
сите други работи може да ги прифатам до некаде но она што не го ставаш никаде во математиката е лакомоста на нашите трговци која е како како шлаг на тортата, бидејќи сме сведоци дека во сосетството скоро сите цени на техниката се пониски, а сигурно платите им се поголеми на нивните вработени отколку на нашите, транспортот исто така им е поскап бидејќи нели ние имаме најниска цена на горивата, закупнината сигурно во трговски во солун, белград и скопје не е иста... можеме вака до бескрај но лакомоста во македонија е врв так да си знаеме, па кој како сака нека си тумачи и нека ме сваќа
 
има 3 клучни елементи кои никој не ги зема во предвид:
- која е цената која ја купува увозник од Бугарија/Србија кој има пазар од 7-8милиони популација во споредба со МК со пазар од 2милиони ( дали сме и толку )
- Која е сумата на царина ( кај нас е 15% ) кај нив,
- Кои се сите субвенции и бенефиции кои ги имаат тие а ги немаме ние ?
- За транспорт од Кина до МК не се троши македонска нафта :), локалната дистрибуција може да е поевтина точно ама глобалната не е.

За крај во пазар од 2 милиони ги имаме скоро сите познати светски брендови за клима уреди и уште толку помали и локални, тоа се еден куп увозници и фирми, конкуренција има и тоа МНОГУ голема, некој и да сака да е МНОГУ лаком нема простор како да биде.

Зошто ако толку големи се маржите не земете да увезувате вие ке заработете милиони според вас.

Идејата не ми е да бранам некого туку да посочам дека е лесно од страна да се прави математика на некој друг.

За крај тука се работи за бизнис не за непрофитна социјална организација, основата на секој бизнис во капиталистичкото општество во кое живееме сега е да се купи што е можно поевтино а да се продади што е можно поскапо.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Едни ебиветри ојдоа, други ебиветри дојдоа... http://skopjeinfo.mk/grad-skopje-objavi-nov-povik-subvencionira-kupuvanje-pechki-na-peleti
Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје (домаќинствата) за користење обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите коишто ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик, а заклучно со 22.11.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.
Никако да им текне да субвенционираат греење со топлотни пумпи (воздух, вода-вода ) било кој вид!.... Нетреба субвенции во пари плаќање на 70%, туку едноставно данокот да го сведат (како ИТ опремата, детска храна...) на 5% и царината (како вели клими.мк дека е од 15%)... сведи ја на 5% или еден период од 2-3 год или на нула!... доволно би било!
Па фино лепо да си одиме кај јужниот сосед и си купиме за 300-400 Еура квалитетен уред или за 500-600 Јапонски... LUCA на пр! ;).... ма било каде само да се стимулира!? И кај нашиве импортери во тој сл. зошто да не!? (хипотетички велам кога би се вовеле мерки и би поевтинеле 20тина проценти) Добро и за увозниците добро и за купувачите!!!.... Секако ранливите категории кои се греат на ќумба која загадува како 5 автобуси субвенционирај ги и до 80% или купи им 5,5,ка или две 3,5ки (за да дозволат им го зациментираш оџакот)...
И секако како мерка, да се забрани во радиус од СК 5-6 км (од Центар).... БТ, ПП, ТЕ, КУ на 3-4 км било каков оџак да дими ... и да не спаси од големо загадување кое го има само во грејната сезона!
И не вака педеришта, само за Скопје и само прв дојден прв услужен... нели паролата беше “За сите“?.... Ова е типичен пример за дискриминација! Познати ни се вакви мајмунлуци од предходните со субвенционирање ПВЦ прозори (кога сајтот - системот за пријавување падна по само два часа!) и за точаци имаше нешто...
ако има бенефити, мора да има за сите! Ако не за никого!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom