Vo red prifakjam..znaci edno loso korisnicko iskustvo naspram 3-4 pozitivni za Hansolot na forumov. Ne gi spomnuvam ostanatite forumi kade sum cital pozitivni iskustva. Simptomaticno vo celavo tvoe iskustvo e kako muabetot zavrsuva so toa sto toj doticniot Blazo i Gree ve otkacuva i vie nikome nista. Ja dva pati sum imal ednas pomala ednas pogolema trzavica so reklamiranje na tehnicka roba i so spomnuvanjeto odnosno zapretuvanjeto vo vtoriov slucaj so zdruzenieto na potrosacite problemite se resija odma i proizvodot se zameni za drug poskap zasto taka sakav. Kako toa go ostaivte da si odleprsa? Ne sakam da me sfatis pogresno ama pricava ti e druze nekako nedorecena. A ako stvarno ste go ostavile slucajov bez finale a ste vo pravo i nema nekoj skrieni argumenti sto ne gi spomnuvas togas mnogu losa usluga ste im napraile na site sledni kupuvaci a prodavacot se osokolil i drugi da dupne..Значи нема врска дека никој не се пожалил од Hansol-от. Ако се вратиш назад ќе ги видиш еден куп проболеми кои ги искуси мој другар, кој зеде Hansol на мое наговарање и кој имаше проблеми да загрее соба од 20тина квадрати со Hansol-от со Sanyo компресор.
Сензорите се успиваа па температурата варираше. Кога температурите беа околку 0 панел од 2,5KW побрзо ја загреваше собата одколку климата која требала да дава и поголема топлина. А потрошувачката одеше до плафон.
И што е најтрагично, кога пријави проблем и побара сервис, луѓето од Gree на крајот отворено му кажаа дека немаат намера да си прават трошоци и да ја испитаат климата, или пак не дај боже да ја заменат. Слично искуство мислам со сервисна поддршка на Gree имаше и друг член, мислам дека беше Goran0505 или нешто слично. На крајот ја батали климата и се врати на греење на дрва, кои му испаѓаа поевтина варијанта.
Во секој случај може да се вратиш назад и подетално да ги разгледаш проблемите.
Иначе има и проблем да одкриеш колкав капацитет имаа Hansol-от. Од Gree велат дека дава 4KW на -10. Експерите за Gree велеа дека и Hansol-от има Eurovent сертификат преку некој модел на York, што практично бил Hansol со лепенка на York, но тој модел на -7 имаше капацитет од 3,1KW и COP околку 2 односно за 50% полош COP од јапонските модели.
Се на се, јас не би ти го препорачал моделот. Мислам дека јапонските модели до 50тина илјади се поквалитетни и поекономични.
http://opm.org.mk/