Целта ми беше да покренам дискусија во врска со годишниот сервис-одржување на уредите. Поискусните да споделат знаење, препораки, искуство, со нас поновите корисници на клима уреди-инвертери. Нели од исправноста на уредот зависи и неговата економичност во време кога најмногу ни требааат. Кога зборувам за годишен сервис не мислам само на обично чистење на филтрите, туку на целосен преглед на внатрешната и надворешната единица, дали има некои запушувања, протекувања, состојбата со притисокот на целиот систем, количината на фреон во системот-евентуално дополнување и сл. Значи со еден збор т.н. систематски преглед на уредот. Ова го покренувам со цел во принцип, сите ние кои користиме вакви уреди, да знаеме што влегува во ваков т.н. систематски преглед на уредот и да инсистираме од разно-разните сервиси да го добиеме она и за што плаќаме, односно дека истиот ќе биде извршен професионално и во согласност со правилата на струката. Затоа ве молам за сугестии, препораки, укажувања, искуства, мислења во врска со ова прашање, кое во суштина е поврзано и со самата тема на форумот-ЕКОНОМИЧНО ГРЕЕЊЕ. Однапред Ви благодарам за секое пренесено знаење, искуство, препорка, мислење.