Веќе две грејни сезони за греење користам инвертер Fujitsu ASYG 12 LUC, кој е поставен во просторија од 25-26 м2 со висина на таван од 2,7 м2 ( а оваа зима која измина како примарно греење се користеше и за загравање на дополнителни околу 14 м2 преку отворена врата). Кога го поставив ( ноември 2014 година) ми беше кажано дека не мора секоја година да се прави сервис ( проверка на притисокот, количината на фреон, чистење на внатрешната и надворешната единица и сл. ) туку тоа може да се прави на две години. Бидејќи се ближи времето од две години од кога е ставен во погон и се поминати две грејни сезони во кои уредот се користеше како примарно греење, би сакал да слушнам поопширно мислење од поискусните форумџии, за потребата од таков сервис, што поточно се подразбира под тоа, кои активности се вклучени во тоа, на што треба да внимавам кога сервисот треба да се прави ( да не испадне плаќаш, а не е сработено ни половина од тоа што струката го налага ), колку од прилика чини еден таков сервис, евентуална препораката за стручни, чесни и професионални сервисери.
Сметам дека ова прашање ( Правилно и редовно одржување на уредите) не е многу експлоатирано на форумов ( можеби сум пропуштил, сепак не го следам овој форумом од почеток ), а е од големо значење за правилно работење на уредите, а со тоа и постигнување на целта-ЕКОНОМИЧНО ГРЕЕЊЕ. Сметам дека поискусните форумџии треба да споделат искуство и знаење, како и нивна препорака во врска со ова прашање. За секое мислење, совет, препорака, укажување и сл.сите ние кои од скоро користиме инвертери како примарно греење ќе бидеме благодарни.