Ај и ја како
@PticaSelica да почнем по ред. Греење во домовите може да се врши на три различни начини на добивање топлинска енергија: со хемиска реакција како најстар начин (согорување дрва, јаглен, пелети...), со директно претворање на ел. енергија/струјата во топлинска (термо печки, греалици од секаков вид...) и трето со преземање на топлина од надворешен медиум, кај климите и топлинските пумпи најчесто е тоа атмосферскиот воздух.
Она нисконапонско подно греење кое го опишуваш има некои предности што е подно, те. субјективно најпријатно за човек. Но сепак ова е од вториот начин, директно претворање на ел. енергија во топлинска и тука СОР може да е само блиску до 1, а најчесто е 0,7-0,8 поради загубите од трансформатори, електроника и сл. И овој СОР не може да го подигне над 1 никаков начин на пренос на топлината во воздух, било да се тоа ал. ленти или не знам што.
Е, кај климите состојбата е поинаква, таму ел.енергија не се претвора во топлинска, одн. струјата не е извор на топлина туку се користи за механички движења (компресор, вентилатори) во процесот на одземање топлина од надворешниот воздух и испуштање на таа топлина во домот. Едноставно кажано, кај климите/топлинските пумпи не се загреваме со потрошената ел. енбергија туку со топлина од надвор. И затоа овие уреди може да постигнат ефикасност (СОР) од 1:3 или 1;5 и повеќе во зависност од Т на надворешниот воздух. Во лето при ладење, се оди исто само обратно