Здраво на сите, бев тука на почетоците на форумов, кога името уште беше „Најекономично ладење и греење“, и добив супер совети за клима за греење да земам / благодарност до долгогодишните членови, од кои гледам многу сѐ уште се активни.
Одамна не ги пратам климите, а моите се селат во нов стан во Ист гејт, и сега би сакал совет за добра клима првенствено за ладење, бидејќи имаат парно во станот. Не сум заинтересиран за добрите (и скапи) брендови, Даикини, Тошиби и сл. - ми треба нормална, reliable клима, да не е бучна, да не е ураган во дневната и да ги има нормалните особини како инвертер, вифи, 7 брзини на дување (најмалата да е стварно мала) и да може да се насочува вертикално надолу да дува.
Би требало изолацијата да е одлична во зградата (бар маркетингот им беше таков), се работи за мал стан од 48 квадрати, дневна со кујна и спална, гледа на исток. Има веќе припрема за клима, значи надвор држачи, цевки се пуштени внатре и за жал ја лупнале над просторот за ТВ (обележав со сино), директно да дува во луѓето (затоа вертикално дување и минимален издув ми е поважно од SEER, SCOP итн).
Прегледај го приврзокот 414068Однапред благодарен на сите.
Ako vnatresnite cevki se vo zidot sto pretpostavuvam deka e taka bidejki sega zidoveto se od gips karton lesno da se malu modifikuva so secenje na gips kartonot se do koseto do vratata koja e za balkonot i eve ti prekrasno mesto odma nad balkonskata vrata bi ti stojala i ke ti duva vo dolzina se do kujnata. Ako ne se vo zidot vgradeni oste polesna opcija sigurno izlavat cevkite vo koseto da vratata i pravo klimata nad vrata i super mesto nema da duva kaj garniturata za sedenje.