Најекономично греење и ладење

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
zvucna izolacija od stiropor ne moze da bide! nikogas....toa ni e najgolema dezinformacija
stiroporot e samo toplotna izolacija a za zvucna i toplotna treba da bide demit fasada ili kako ja vikate ama so kamena volna namesto stiropor
.......изолација од внатре??? ......тоа значи дека масата на зидовите ја исклучуваш како термички акумулатор.., останува само како звучен. Се изолираш и за греење и за ладење само со 7-8-те см, внатрешно на зид....
isto ti e so fasadata dali vnatre ili nadvor barem kolku sto znam jas a toa go rabotam profesionalno
samo sto za vnatresno se koristat mineralni materijali za da mozat zidovite da disat
samo sto gubis prostor vnatresen ti se smaluvaat prostoriite
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
...вака сеа , малку објаснение со прости зборови....кога имаш зидови од цигли на пример..кога е надвор ладно зидот се лади од надвор кон внатре..., т.е.топлината мигрира кон надвор и се губи. Ако од надвор се стави слој изолационен материјал...губењето на топлината е драстично намалено , но истовремено се подига топлината на зидот т.е. таа почнува да се акумулира во него и зрачи кон просторијата кога температурата во просторијата се намали. И се тоа обратно ..кога ја ладиме просторијата. Ако имаш изолација внатре..зидот е вон таа проказна т.е. сам за себе се лади и загрева од надворешните влијанија... и служи само како звучна изолација( за неа треба маса) и механички ја носи скаламеријата во која се живее... :) Затоа објекти со мноооогу дебели зидови од масивна цигла се супер..нивната маса е тогаш и акомулатор на толина во лето..таа тешко низ нив стигнува во просторијата ..т.е. просторијата е мноогу поладна од надворешната температура, но таа топлина, таман кога надвор залладува..ја грее на некој начин просторијата. Таквите простории во зима се топли , а во лето ладни....затоа во Санта Фе на пример сите ДОБРИ куќи се од набиена земја и дебели скоро метар.... :), а на север во Лапонија најпријатно е во укопани земуници...;)
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Здраво,

доста нервозен од техномаркет и нивната приказна, налетав на овој форум. И скоро цел го прочитав, изгубив доста време, но овој е единствен форум во мк активен на оваа тема, затоа ќе се пробам да споделам, а можеби и да добијам некој совет.

Климата која ја купивме лани во август од техномаркет е HITACHI RAS/RAC-E14H2

Баравме H1 (јапонска, така видов на нет), но немале такви во техномаркет и не убедија дека иста е и оваа. Планот (кој им го кажавме на техномаркет) беше да загреваме дома 40-45 квадрати. Во принцип ние тоа намерно го кажувавме, но потреба од тоа имавме можеби само 2-3дена во годината, најчесто потребата за греење беше 25квадрати (по потреба може да се смали и на 16). И тоа не преку цело зимо, туку само во октомври и ноември и во пролет, март - мај. За другиот дел од годината имаме одлично парно. Изолацијата на куќата е добра (не велам одлична, но добра) затоа што во лето е многу поладно внатре од надвор, а и во зимо дома е осетно потопло од надвор.

Е сега се покажа во октомври дека климава не може да загрее 45 квадрати, па решивме да се задоволиме со 25 и на крај со 16. Но во ноември се покажа дека не може ни 16. Ајде сервис - празна била. По 1недела нешто подобро работење, пак иста песна, дува ладен воздух. Ај пак сервис, грешно ја намонтирале као, свиткале некои цевки, ајде пак поправка. Овој пат ни 2 дена не работеше ко шо треба и пак почна да дува ладно. Престанаа да идат, игнорантски однос, помина цела зима, за конечно во март да дојде сервис. Констатира - исправна била. Ајде пак молење дојде сервис во јуни, и констатира дека не е исправна. Ја зедоа на сервис (демонтажа) и ја вратија во почеток на август назад. Ја вратија исчукана, исцрнета, и и недостигаа 3 дела (видливи). Ми велат ги загубиле во транспортот, и ја оштетиле во транспортот. Недостигаа 1 на надворешниот дел, и 2 пластики од внатрешниот. Не сакавме да ја примиме таква, но не убедија дека за некој ден ќе ги донесат деловите што фалат. До денес никој ништо не донесол. Апсолутно ништо. Гаранцијата истекува во вторник, јас појма немам дали ја поправиле и дали ќе ги донесат деловите. Да проверам дали работи не можам на 35степени надвор :) Као ако сум плател 1000денари за сервис, ќе ми продолжеле гаранција за 1година. И на тоа се сложив, и сега не идат ни сервис да направат, како да чекаат да помине гарантниот рок.

Откако многу се изнервирав од вчера почнаа да ми вртат друг филм, дека кој ме терал да купам ваква клима, немало никогаш да сум задоволен, затоа ќе ми ги врателе парите, или ќе ми заменеле со друга со доплата, демек тие ќе ми препорачале. После никаквово искуство се што сакам е да си ги земам парите од кај нив ( и се надевам ќе се случи тоа) и да си купам нов климатизер. Дури и да не си ги земам сега (можеби ќе успеам некогаш), сакам да купам нов затоа што моето здравје и време ми е поважно од тие 500евра. Што препорачувате? Јас имам одлично искуство со Mitsubishi MSZ-GA25VA / MUZ-GA25VA. Кога велам одлично тоа значи навистина одлично, тестирана на температури до -15, грее без проблем 24квадрати и тоа постигнува пријатна температура за многу брзо време. Кога ќе ја пуштиш 10-15мин не прави ништо, дреми, нешто се слуша тивко, и потоа почнува да работи. Кога ќе почне да работи - е тогаш прави чуда :) Кога сакав да купиме овој бренд во мк никаде не го најдов. Гледам низ темава доста добри коментари за Toshiba од енергија. Како една фирма во мк не сети да носи нормални клими, па макар и да се скапи. Си велам има нормални луѓе во Македонија кои би дале и до 1000евра за клима што ќе ја користат 10+ години. Иначе, во Бугарија не мислам да одам, ниту во Грција ниту во Србија, освен ако некој не знае добар совет како да нарачам, да платам транспорт и да ја добијам климата во мк. Кога купувавме клима лани, се јавив во Фонко и ми рекоа дека за греење не препорачувале и не продавале од нивните клими. Чудно!? да се сменило тоа досега, затоа што видов овде беше спомнуван и фонко. Како што реков - совет навистина ми е потребен и ќе бидам навистина благодарен.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Фонко до лани (и години назад) користева компресори на Mitsubishi и Sanio.... За првите ти кажа дека се одлични... се слагам! Такви беа и инверторите на Фонко (информиран сум од задоволни корисници) Неколкупати предходно напишав дека Mitsubishi и Daikin се единствените производители на клима-инвертори кои покрај ладење можат да се користат и за загревање на простории.....и тоа го прават сосема квалитетно!
Се јавив и јас во Фонко.... на мое изненадување и жал, ми кажава дека сега нудат клими-инвертори (не прашав дали се оригинални или е само компресорот вграден во Фонко брендот)...значи се работи те нивната понуда на врвот на клима инверторите Daikin. Многу квалитетни климатизери, но ми се сврте во глава од цената!... Многу квалитетна машина, но и многу пари!
Затоа ме чуди за кои тоа клими во Фонко рекле дека не се за загревање. Веројатно мислеле на НЕ-инвертори, кои работат (греат) на температури до -6-7 степени....
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Многу квалитетни климатизери, но ми се сврте во глава од цената!... Многу квалитетна машина, но и многу пари!
Колку е Daikin во Фонко и кој модел според тебе ќе ми врши работа?

Затоа ме чуди за кои тоа клими во Фонко рекле дека не се за загревање. Веројатно мислеле на НЕ-инвертори, кои работат (греат) на температури до -6-7 степени....
Утре ќе се јавам пак. Можеби затоа што лани се јавив во јули месец и барав клима за греење или тој на телефон или јас нешто не убаво сум разбрал. Сега си го враќам филмот, да не ми рекол дека тој период не ги продаваат ... ама дури и така да ми рекол тоа не е во ред одговор. Не беше многу љубезен на телефон кога слушна дека барам клима за греење на тоа се сеќавам, можеби дека беше баш во јули. Ако не се лажам нешто спомнуваше дека сите биле на одмор а тој не бил упатен.... Можеби требаше да се прејавам уште еднаш а не да си направам екскурзија на умот со техномаркет.

Daikin е сепак топ марка од се што сум прочитал. Кај да се најди од овие што се блиску до нив, а не се толку скапи и со кои еве сум имал искуство - Mitsubishi? Тешко во Македонија? Гледам по балканов малку, Daikin се секаде далеку поскапи од Mitsubishi. Mitshubishi-то кое го спомнав, по балканов е 670евра (односно 770евра со подобрата надворешна единица онаа што е до -20, со ознака H на крајот). Тој модел кој јас го користев мислам дека беше со оваа, подобрата надворешна единица. Daikin почнуваат од 1000 нагоре :) Онаа тошибата е исто над 1000 по балканов, со оној Daiseikai, утре ке проверам колку е таа во Енергија кај нас. Само за таа не знам дали помалата ќе ми брка работа (онаа RAS-10PAVP-E ).
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Не ми се верува дека Техномаркет се толкави се толкави дунстери, аматери.... за да дозволат вакви мизерии да се случуваат со сервисирање на клима уредите кои тие ги продаваат.... Инаку искрено, тоа и погоре на форумов го напишав - не прочитев на ниеден форум добри зборови за Hitachi инверторите - ниту на хрватските, српските бугарските сајтови кои ги посетувам.... баш спротивно, многу извикани се, можеби најмногу од инверторите! Се жалат луѓето на нив.
Искрено, не ми е јасно зошто инсистираш за скап инвертор од марките Daikin, Mitsubishi, Toshiba....кои чинат како што заклучи блиску до иљадарка.... кога погоре напиша дека би го користел за греење на просторија 40-45 м2 во полу-сезона: Октомври/Ноември..... и веројатно Март/Април? Во меѓувреме за најладниот период на зимата користиш парно кое велиш одлично функционира!? Овие марки што ги наведов вклучувајки го тука и многу квалитетниот производител Fuji - Fujitsu.... се клими-инвертори кои служат и во најладниот дел на зимата, и на температури до -15 дури некои модели и на -20*С... значи како основно (единствено) грејно тело....
По мене, значи лично мое мислење (што немора да биде точно, бидејки моите информации се од пријатели или од специјализирани сајтови или разни форуми од Балканов).... било кој модел од споменатите брендови, кој е со инсталирана моќ + 4Kw и 12.000 BTU.... без никаков проблем би ја извршиле задачата греење на добро изолирана просторија од 40м2 во полусезона (4 месеци)..... Дури сум на мислење дека покрај добра изолација доколку имате и добра надворешна столарија, нови прозори масив или повеќекоморни PVC со термопан стакло..... ќе заборавите на парното, особено ако можете да го сведете греењето на 25М2, како што кажа погоре.
Понудата овде е навистина очајна! Ретко се среќава од овие брендови во понудата на инвертори.... и доколку се најде тогаш тоа ќе биде инвертор Made In China, како што е случај со многу добрата марка Fujitsu која се нуди во продавницата Yorc позади Собрание на РМ во истата низа со Леснина МИ Краш.... но ќе повторам како кинески производ. Денес случајно поминав поред таа продавница и видов во излогот еден модел на YORC инвертор 4,2Kw, со одличен COP фактор (потрошувачка 0,85 - така барем пишуваше).... па се сетив на твојот пост и уште повеќе дека еден стручњак за греење Кано на форумов рече aко не се лажам дека моделите на YORK, Carier.... и воопшто американските клими биле врвот на климатизацијата (заедно со Јапонците) бидејки надворешните единици ги правеле од многу квалитетни материјали, при што нивните единици тежеле дупло повеќе од останатите.... Цената на овој модел ако добро се сеќавам е 45-6 наши иљади, а Fujitsu-то некаде 39,000.- .....
Сепак ми изгледа најдобар избор на нашиот пазар е понудата на Енергија - Toshiba... моделот сега, дали е Daisekai незнам, но произведен e во Малезија за европски пазар, секако е многу подобар избор од кинескиот Фуџитсу.... за овој модел пишуваше една дама на форумот, веројатно ќе прочиташ..... ако добро се сеќавам цена околу 50,000 Ден....
Толку од мене... драго ми е што го посочи форумов те. темата на него како најквалитетна на нашиве форуми, со оглед на тоа дека ја отворив јас!:) .... се надевам дека и нешто корисно ќе извлечеш од моето пишување, макар и тоа дека не треба да слушаш секого.....;)
Во секој случај најдобри се советите од професионалци... се надевам Кано ќе се вклучи со некој совет.
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
ќе заборавите на парното, особено ако можете да го сведете греењето на 25М2, како што кажа погоре.
точно заради ова сакам да земам добра клима (инсистирам на добар (а не скап :) ) инвертор), затоа што има многу добри можноти да се сведе на тие 25квадрати и во поладните денови, и на пример во некои сезони да се заборави на парното, кога нема потреба да се грее цела куќа.

Сепак ми изгледа најдобар избор на нашиот пазар е понудата на Енергија - Toshiba... моделот сега, дали е Daisekai незнам, но произведен e во Малезија за европски пазар, секако е многу подобар избор од кинескиот Фуџитсу.... за овој модел пишуваше една дама на форумот, веројатно ќе прочиташ..... ако добро се сеќавам цена околу 50,000 Ден....
Да да прочитав. И прашав во енергија. Цена со монтажа за 4kw+ е од 79к до 89к (Daisekai made in Japan) или 52к до 59к (AvAnt и Suzumi Plus Made in Thailand).

Ајде да го почекаме и Кано за нешто паметно на темава.
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Се јавив и јас во Фонко.... на мое изненадување и жал, ми кажава дека сега нудат клими-инвертори (не прашав дали се оригинални или е само компресорот вграден во Фонко брендот)...значи се работи те нивната понуда на врвот на клима инверторите Daikin. Многу квалитетни климатизери, но ми се сврте во глава од цената!... Многу квалитетна машина, но и многу пари!
Јас прашав, тоа што ти не си прашал, оригинални ги продаваат. Цената е под 1000евра за 5kw модел, со вклучена монтажа надвор од Скопје. За клима како Daikin (освен ако не продаваат некоја супер стара технологија/модели/компресори) ова е би рекол пристојна/пониска од очекувана цена. Пример, тошиба маде ин јапан, немаше под 1000евра. Сега, за под магичната граница од 1000ева останува трилемата:

1. Daikin
2. Toshiba made in Thailand
3. Carrier
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Јас прашав, тоа што ти не си прашал, оригинални ги продаваат. Цената е под 1000евра за 5kw модел, со вклучена монтажа надвор од Скопје. За клима како Daikin (освен ако не продаваат некоја супер стара технологија/модели/компресори) ова е би рекол пристојна/пониска од очекувана цена. Пример, тошиба маде ин јапан, немаше под 1000евра. Сега, за под магичната граница од 1000ева останува трилемата:

1. Daikin
2. Toshiba made in Thailand
3. Carrier
Оригинален во Фонко ти рекоа дека нудат Daikin!? Ама од каде? Потекло од Кина... или? Доколку е од Кина би се решил за еден од останатите два. Доколку е од Јапонија, не би имал дилема! Од овој бренд најпознат во Свет во клима индустријата .... 1,000 за таква машина од 5kW (па уште и ако има добар COP фактор поголем од 3,5... гарантирано ќе грееш квалитетно и евтино 40м2.... а Toshiba од Малезија велиш си прашал во Енергија многу блиску со цената! (55-6,000)..... Секако ќе се распрашаш бидејки потеклото е многу битно! Распрашај се и наоколу и ако можеш почекај го и Кано да коментира (го нема веројатно е на одмор), тој можеби нешто ке ти каже за Carrier-от нешто што незнаеме ни јас ни ти. Пиши му пп (приватна порака, ќе ти одговори, шампион е човекот.... иако се занимава со друг систем за греење, несебично одговара и за она што му е конкуренција.....
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Оригинален во Фонко ти рекоа дека нудат Daikin!? Ама од каде? Потекло од Кина... или?
За жал, да, од Кина! Моделот е FTXN50K, по спецификации ништо не му фали, COP 3.5, 5.5kw греење, ама од се што прочитав погоре, дури и за ваков врвен бренд, кога слушнав Кина ме уби во размислувањето. Сега почнуваат да ми се јавуваат секакви мисли .... Panasonic from Japan, или Daikin from PRC. Или овие од Тајланд/Америка. Или да дадам цело богатство за Тошиба од Јапан :( и да го завршам овој проблем на најскапиот можен начин по онаа босанската... кад не знаш шта је лјепо :)
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
2
Здраво,
На интернет барав карактеристики за клима VIVAX ACP-12CH35AEDI, и на една полска web страна имаше опис дека овие клими користат Toshiba компресор.
Па ако може ваше мислење дали VIVAX климите што ги продаваат во македонија се исто така со Toshiba компресор. Исто така дали вреди оваа клима VIVAX ACP-12CH35AEDI да се купи за греење?

Инаку страната е:
http://www.vivaxpolska.pl/klimatyzatory-scienne/cosmo/acp-12ch35aedi/
 
Член од
8 август 2011
Мислења
91
Поени од реакции
67
Здраво,
На интернет барав карактеристики за клима VIVAX ACP-12CH35AEDI, и на една полска web страна имаше опис дека овие клими користат Toshiba компресор.
Па ако може ваше мислење дали VIVAX климите што ги продаваат во македонија се исто така со Toshiba компресор. Исто така дали вреди оваа клима VIVAX ACP-12CH35AEDI да се купи за греење?

Инаку страната е:
http://www.vivaxpolska.pl/klimatyzatory-scienne/cosmo/acp-12ch35aedi/
Se nadevam ne mislis deka ovie klimi na vivax gi imaat istite kompresori sto gi prodava toshiba vo nejzinite najnovi modeli. Toshiba kompresori imaat mnogu vakvi kompanii kaj nas rabotata e sto toa e zastarena tehnologija na koja toshiba kako koorporacija gleda da zaraboti na sekoj mozen nacin. Bar jas taka mislam, sigurno nema da si sozdava konkurencija vo nekoja firma kako VIVAX i da im gi prodava najnovite kompresori.
--- надополнето: Aug 22, 2011 10:08 AM ---
Gledav bas na www.energija.com.mk za ovoj daiseikai sto go pisuva na poveke mesta i stvarno e nesto nenormalno..COP od 5,36 dosega nemam nigde sretnato za rezidencijalen klima ured. Definitivno od trite pogore nabroeni kompanii Toshiba e broj 1 vo sekoj pogled. Ustvari Toshiba Carrier se zaedno veke dolgo vreme ama Toshiba mislam deka e vrv. Koi drugi kompanii kaj nas prodavaat vaka brendovi? znam deka Energija se ekskluzivni za Carrier Toshiba a i sajtov im e stvarno dobar bas mozes da vidis se sto te interesira, epten se profesionalni, nema sto. Kako se vika firmata sto prodavaat York pozadi sobranie?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Фирмата позади Собрание на РМ.... те. онаа што се наоѓа во истиот низ продавници, фирми, банки: Леснина МИ, Еуростандард Банка, Краш..... ако не се лажам го користат токму брендот York како свое име. Јас видов табла за фирма на која на која стои само името на познатиот бренд... најсериозно не видов друго да пишува освен York.... некој можеби ќе ме корегира.
Инаку моделот Daisekai на брендот Toshiba е навистина врвот на понудата на Балканов.... но чини навистина цело богатство.... Блиску е и до врвот во светски рамки каде што за воља на вистината владеат, те. се самиот светски врв: Daikin, Mitsubishi, Fujitsu (по којзнае кој пат ќе напомнам само со потекло од ‘‘земјата на изгрејсонцето‘‘) .... инаку вака висок COP (5.36) постигнуваат најновите модели на Mitsubishi Fujitsu.... и се наречени хипер-инвертори. Веројатно на овој тип инвертори спаѓа и Daisekai затоа чини цело богатство! Скап е и во комшилук но сепак доста поевтин него во РМ (некој спомна дека земјите на ЕУ немале 15% царина према јапонската техника, додека ние да! Тоа е една причина, но сепак не е ни правило... бидејки и Србија не е членка, како и Хрватска а сепак понудата на клими е стопати подобра и цените поевтини него кај нас! Втора причина е таа што Бугарија на пример претпоставувам месечно продава повеќе Daisekai отколку ние годишно.... можеби има и трета и четврта причина!? На пример Енергија да набавува од фирма која е во споменатата држава... значи можноста Енергија да не е ‘‘прва рака‘‘ е ОГРОМНА!.... и тн и тн.... Скапа мачина, меѓутоа долгорочно исплатлива! Замислете испорачува енергија (топли) скоро 5KW, а просечна потрочувачка при тоа колку 7-8 неекономични светилки таканаречени сијалици..... Страшна работа.....навистина вреди!
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
ај да ја воскреснеме темава малку. според мои прорачунки, од сега гледано и сметано за 3 недели некои делови од МК ке треба да си пуштат нешто за загревање низ дома, а за околу 5 недели, тоа ке почне да се случува и во скопје, па и во гевгелија (како нај топли градови во МК)...

кој, како и со што го планира следново зимо да го пројде? од Кано инжинеринг, тимот секогаш е отворен за консултации и бесплатни стручни совети за термичкиот дел, тука или на нашиот веб сајт. за да не излезе ова како маркетинг, нека не ме разбере некој грешно, препорачувам дека нај убаво е тука на форумов да си прашувате, со тоа ке се збогати темата со информации и стручни совети.
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
kano јас сеуште не сум набавил клима, а сега размислувам и за климатизација на еден деловен простор од 70тина квадрати. Види ги моите прашања погоре, и мојата дискусија, па препорачај ми нешто ако можеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom