Здраво дечки, моите имаат LG ON-OFF клима, модел ES-H126LLA0, 3,5 KW.
Климата работеше и грееше перфектно до пред 2 недели. Затоа што ја ретко ја користам,
ја пуштив денес и констатирав дека кога ќе ја поставам во мод на греење, вентилаторот во внатрешната
единица не се вклучува и климата воопшто не грее, а се вклучува и сигнална сијаличка со ознака капка и снегулка (слика во прилог). Надворешната единица работи.
Кога ќе префрлам во мод на ладење. преходно наведената сијаличка се гаси и вентилаторот во внатрешната почнува да работи, така да во старт елиминирав проблем со вентилаторот. Во корисничкото упатство прочитав дека таа сигнална сијаличка означувала дефрост, но каков дефрост побогу, кога надвор денес беше 10 степени над нулата. И така веќе 7-8 саати климата стои во таа состојба. Пробав ресетирање од струја но не помогна.
Никаде не можам да најдам сервисен прирачник за оваа клима... Дали некој го има истиов модел и може да помогне?
Поздрав
Image IMG-1334 hosted in ImgBB
ibb.co
Image IMG-1332 hosted in ImgBB
ibb.co