Neka gi viknat monterite sto gi demontiraa klimite, neka si izvadat freon, neka stavat kolku treba fabricki.Дур сме на темава недоволно греење, денес ме викнаа да ги споредиме двата Амбер-и кај брат ми.
Се жалат дека едната грее забележливо послабо од другата.
Така и се покажа при споредбата денес...
Таа од која се жалат е во простор од 19м2 и денес со триста маки во цел саат тестирање со отворени врати кон салон и спална, па со отворени врати кон тераси и прозори, па со iFeel и ставање на далечинското на под.... едвај ја натеравме да повлече 2.2kw и да даде максимални 51.8С на издув.
Прегледај го приврзокот 281437
Едноставно не сака да повлече повеќе и да зголеми температура на издув.
Тие никогаш и не ја користат на максимум ама ете забележале дека оваа е послаба од таа во другата соба иако и двете ги користеле исто поставени ( претежно на 22 до 24 степени и на Silent).
Ем оваа е понова, купена во 2019, а другата е од 2018.
Прегледај го приврзокот 281427
Другата е во 22м2 просторија и веднаш во првите 5 минути после поставување на макс фан и 30С си постигна издув близу 60С.
Прегледај го приврзокот 281430 Прегледај го приврзокот 281429 Прегледај го приврзокот 281428
2 дена ја набљудуваме и надворешната единица да не случајно замрзнува во слоеви ако и фали фреон пошто летоска реновираа и двете клими по еднаш се демонтирани и пак монтирани.... ама нема никакви симптоми, сосема рамномерно си замрзнува/обелува надворешната единица.
Оваго забележале при мерењето и сервисерите кога биле дојдени за продолжување на гаранцијата пред 2 месеци.... ама тогаш им рекле као нема гајле....
Некој идеа до што може да биде?
Sigurno fali freon vo ednata, mozebi i nesto vo drugata.