Најекономично греење и ладење

Член од
7 октомври 2014
Мислења
86
Поени од реакции
89
Epa ajde sega od pocetok.
Kade e montazata,vo germanija,avstrija ili tuka,vo sto ti staveni sondite,vo bunar,vo bara,reka,potok,kladence ezero,daj ni malku poopsiren opis,i zapoznaj ne malce.
Ova za vo gradska sredina ne mozime da go montirame.
Kopavte bunari ili ne,zedni sme za informacii.
Nekogas koga e denski napravi nekoj snimki,sliki,informiraj ne.
Здраво,

Куќата се наоѓа во Битола и беше изградена во 2009 година. За топлинската пумпа и подното греење дознав преку германски форуми. Затоа, две години барав понуди од компании на кои можам да им верувам. Така ги запознав iDM и Rehau.

Принципот на работа е со два бунари, кои во мојот случај се оддалечени околу 11 метри еден од друг. Од еден бунар се извлекува водата, а во другиот повторно се враќа во земјата. Системот има меѓуразменувач на топлина кој служи за сигурност. Ако нешто тргне наопаку, машината нема да се оштети, туку ќе треба да се замени само меѓуразменувачот, а греењето продолжува да функционира. Ова искрено мое мислење има смисла во германија каде што водата е потврда. За кај нас не гледам потреба но еве го има иако COP паѓа малце поради него.

На сликата десно можете да го видите бојлерот за топла вода од 490 литри. Тој исто така функционира преку разменувач на топлина. Свежата вода од водовод влегува во разменувачот и се загрева. На овој начин не се создаваат легионели, бидејќи водата од бојлерот не се користи директно, туку само топлината од неа. Малку лево, може да го забележите помалиот резервоар за регулирање на притисокот на подното греење.

Потоа, ја гледате самата топлинска пумпа, а на ѕидот е поставен фреквентниот регулатор за пумпата на бунарот. Бунарската пумпа испумпува околу 2500 литри вода на час. Под фреквентниот регулатор, зад масата со манометарот, можете да го видите сигурносниот разменувач на топлина.

Пумпата произведува топлина од околу 13.3 kW и троши околу 2.4 kW. Овие вредности се на почетокот. Со текот на времето, со пораст на температурата, COP (коефициент на перформанси) опаѓа. При влезна температура од 35 степени, COP изнесува околу 4.9. При 48 степени, кога се загрева топлата вода за бањата, COP изнесува помеѓу 3.7–3.9. Моето просечно долгогодишно COP изнесува околу 4.4, што ги вклучува сите уреди и дополнителни потрошувачи.
Messenger_creation_59ACA333-EDBD-481D-A9AD-7D7834A670F6.jpeg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom