@tzlatko има поента со пресметувањето на оддадената топлина, размислувањето е на место.
Како што повеќето овдека веќе знаат пресметката на оддадената топлина е пресемтана како:
(температура на издув во степени целзиусови -температура на усис во степени целзиусови)*количина на возхух (најчесто во м3/час)*1,2 (густина односно тежина на воздухот во кг/1м3 воздух)/3600 (секунди во час)
Проблем е што густината на воздухот во нашите случаи ретко е точно 1,2кг/1м3.
Густината на морско ниво на 15 степени целзиусови и притисок од 10,13 104N/m2 е 1,225кг/м3
Густината на 1000м надморска висина и 8,5 степени целзиусови и притисок од 8,988 104N/m2 е 1,112кг/м3
Дополнително со зголемувањето на температурата се намалува густината, па на температура од 22 или 23 степени густината можеби е и помала од 1.
И влага во воздухот игра улога на густината на воздухот.
Е сега за точната пресметка излегува дека е премногу комплицирана за наши услови, ќе треба пресметка на корекција на густина врз основа на топлина и притисок а може и влага и тнт.
Заради тоа Еуровент е тука. Сите клими ги тестира под исти услови. Иако мислам дека старите мерења беа многу, многу побробри. Се знаше максумум топлина на 7 на -7 и COP на овие вредности и тнт.