Uste ednas ZAMOLUVAM za korisnicki mislenja za GREE klima uredi i inverteri vo pogled na greenje!!!!
Zdravo,
po sugestija na ostanati clenovi na forumot, se obrakam za Vase mislenje. Imeno bidejki vo momentot razmisluvam za nabavka na GREE CHANGE 12000 btu inverter, a mi posocija deka vie go imate ve molam za korisnicko iskustvo...
Mene mi treba za dogrevanje vo preoden period t.e. do noemvri i od april natamu... za ladenje voopsto nema da bide koristen. Prostorijata e 32 kvadrati. Pa molam za sugestija
Го немам јас, туку брат ми го има тој модел. Со него загрева стан во зграда, внатрешната единица е во дневна просторија плус кујна, и остава отворени врати од спална и детска.
Задоволен е многу, и од греење и од потрошувачка. Но како што му реков и него, лани имавме многу блага зима и за двете други соби би требало да размислува за догревање во случај на поладно време. Плус го вади тоа што е во зграда, па само еден ѕид му е надворешен ѕид.
Е сега пошто ти сакаш само да догреваш, тој инвертор без никави проблеми би требало да го направи тоа. Таа квадратура од 32м2 за загревање е таман за 12к БТУ, дури и за целосно загревање не само за догревање. Но со задршка дека многу работи зависат и од изолацијата на објектот, како и од влажноста надвор. Плус и висината на просторијата игра улога, односно вкупниот волимен на воздух.
Тој модел на Гри го сметаат за ефикасен на температури некаде над -10 евентулано над -15 целзиусови степени. Со тоа што колку пониски температури, толку повеќе опаѓа моќноста на уредот.
Така да паметно е што ќе имаш друга опција за греење а ова го рачунаш како за догревање. Паметен пристап, и јас слична варијанта правам но уште се мислам која печка/вградлив камин со котел да одберам.
Една забелшка е тоа што мислам дека не мораш да поставуваш граници во вид на временски период (кои месеци) кога ќе користиш, туку едноставно гледај да не го користиш инверторот кога ќе биде минус -15с. Па дури и тогаш, денски можеш да догреваш со инверторот, кога температурата ќе рипне над -10с.
Според ланските температури, една од поевтините начини на греење беше со клима/инвертор.
Чисто ме интересира, колкава е просечната влажност во Битола во зима?
Има често магла?
BTW ова ќе го пренесам на темата за загревање, пошто нели поентата на муабетиве е сите да имаат корист од разменувањето информации.
Така да, се што имаш за муабет ќе продолжиме таму на темата (која патем малку ја подзаборавив, па ете причина да ја ѕирнам).[DOUBLEPOST=1407528939][/DOUBLEPOST]
@CrniBitola, ме интересира што ќе ти биде примарното загревање во поголемите студови?