Најекономично греење и ладење

Член од
20 февруари 2019
Мислења
36
Поени од реакции
17
И јас со истите забелешки....



За Тундрата околу изолацијата на бакарните цефки, толку ли им смета при поврзување што онолку ја кратат?
Ај разбирам ако прават кгругови се свлекува наназад, ама ова па 20цм е на сликана, претерано....земи сам стави изолација на голиот дел.

За Амберот не дека нема и онака да работи, но сигурно подобро ќе работи ако е пораздвоена од околните ѕидови.
Внатрешната единица премногу залепена на плафон.... после не модулирала ниско.... е не!
Надворешната премногу залепена до позадински ѕид. Мислам дека тоа пак може да ја намали економичноста/ефективноста и да предизвикува чести дефрости.

Не знам дали луѓево ги предизвикуваат ваквите монтажи со кемкање на мајсторите, не ми е лична вака, ај полево ај подесно, ај погоре кренија ете има 2 прста простор ќе зема воздух доволно и е.... еееее.... за воздух можи и на сантим да ја залепиш ќе зема ебагооо.....
Или пак самите монтери толку знаат.... па да речат така е препорачано, така е во упатството.... ако сакаш на 2 прста од таван, потпиши овде дека нема да се буниш ако не работи ко шо треба и ќе ти ја наместиме како ти сакаш ;)
Apsolutno nisto, soprugata na rabota jas dremev zbor ne rekov bas radi ova si ja znaat rabotata demek, od Tehnomarket mi rekoa klimata licno nivniot monter ke ja podigni I montira da vazi garancijata pa veruvaj zbor ne izustiv iako citajki ovde citav deka treba da ima prostor, zatoa imav somnez I pustiv sliki.
 
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567


Ти посакувам да си многу задоволен од климата, моделот е доста моќен. Треба да се научи како да се користи - местењето на внатрешната единица преку далечинскиот е многу битно за да работи што подобро и поефикасно.
Навистина монтирањето не е направено како што е предвидено од производителот. За мене несватливо е како барем тоа не го почитуваат при монтирање. Го имаш во документите во самата клима. Внатрешната треба барем по 15 цм да има растојание од ѕидовите, од сите страни. Надворешната барем 35 цм. од задна и десна страна, фабрички е означено по 50 цм.
Тебе ти останува да ги читаш форумите и тоа од самиот почеток, за да не грешиш при употреба на далечинскиот управувач. Многу добри и практични совети има, ама вистина треба многу желба и време.
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.789
Поени од реакции
4.150
а внатрешната има само 3 брзини (што е и мана)
Ne si vo pravo ima i četvrta vo tivok mod, za greenje ne e korisna, no na ladenje e neverojatna, celo leto izgurav isklučivo so nea....na greenje mora da se koristat povisoki brzini za da nema on/off, a i se dobiva podobar COP so podobro iskoristuvanje na energijata. Na ladenje ne e biten izduvot za pomala potrošuvačka.
Toa što ne e vakumirana ama ič da ne te sekira.Odgovorno tvrdam deka vo Makedonija ne postoi monter što pravilno vakumira, taka da praktično i nikoj nema navistina vakumirana klima.
Mojot monter na prašanjeto dali nekogaš smenil maslo na vakumerkata vika deka ne ni treba da se menuva, a pojma nema deka posle 5-6 vakumiranja mora go promeni masloto inače sobranata voda od nekolku vakumiranja ja pušta kaj vas, negoviot kompresor go uništuva. Jas na primer ne go puštiv da ja "vakumira" mojata, bidejći si ima sušač koj može da podnese 2-3 nevakumiranja i da ja fati vlagata.
Inače sum pišuval za pravilno vakumiranja iljada pati ovde i pak će pišuvam kako se izveduva pravilno i so koja oprema i deka se izveduva vo 3 fazi i deka mora da trae od 50- 60 min so postepeno zgolemuvanje na vakuumot od 1000 do 300 mikroni......samo kako informacija vodata na 300 mikrona ( 0 mikrona e samo vo vselenata, na zemjata nema ured što može da go napravi ovoj apsoluten vakuum) isparuva na-35C, zamislete isparuva, znači vrie na -35C a ne na +100 C.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
228
Поени од реакции
533
Да си се организиравме да собереме пари да си купиме вакум пумпа и другиот алат.Бар по прописи ќе си ги монтиравме климите.
 
Член од
30 ноември 2019
Мислења
258
Поени од реакции
465
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Sto da kazam, kratki drzaci donele za 3.5ka od ovoj gabarit. Gledam si pisal od Tehnomarket e zemena, vo koj grad ?
Uste pocudno mi e kako od vnatresnata bakarot izlegol nasred klima.

Moze li da ja slikas vnatresnava vo profil od desno ?
I slobodno napisi ime/firma od monterite
 
Член од
16 април 2019
Мислења
383
Поени од реакции
543
Sto da kazam, kratki drzaci donele za 3.5ka od ovoj gabarit. Gledam si pisal od Tehnomarket e zemena, vo koj grad ?
Uste pocudno mi e kako od vnatresnata bakarot izlegol nasred klima.

Moze li da ja slikas vnatresnava vo profil od desno ?
I slobodno napisi ime/firma od monterite
[/QUOTE

Stvarno jas ne primetiv ubavo ova dali e nekoj mexanicar ili totalno retardiran ja montiral hhahahahhs leleeeee mu e zapustile montazata na klimata treba pod hitno da bara nova montaza i da bara osteta a i vie od Gree da reagirate vo tehnomarket.
Se znae bakrnite cevkite izlavat od dnoto na klimata ili levo ili desno ili pozadi klima a ova cevkite izlavat na sred klima a vodata kako ke istekuva koga ke se koristi na ladenje , pust covek ke si ima prirodni vodopadi letno vreme.
Covek gledajki vaka dalai da se smee ili da place katastrofa.
 

Attachments

Член од
16 март 2019
Мислења
3.322
Поени од реакции
5.395
Од неодамна сопственик на TUNDRA GREEN AS50TDDHRA-CL/1U50MEEFRA набавена од енергија.мк т.е. преку нивни дилер.
линк

Од советите тука што ги прочитав на темата и од дискусијата која се водеше се одлучив да ја земам токму оваа клима за просторот кој планирам да го загревам 35м2. Имам само 2 големи неизолирани ѕидови од надворешна страна (каде имам монтирано две клими, оваа и една друга) кои ќе гледам пред почеток на минусни температури да ги изолирам со 8cm стиропор.

Двојбата беше помеѓу Мицубиши SF50, Тошиба Сузуми Плус 16 и Тундрата... Со тоа што Мицубишито и Тошибата беа за цели 20.000+ ден., поскапи и немаа wifi контрола. Отприлика на -10 покажуваа горе долу иста потрошња и просторот кој ќе го загревам немаше поголеми енергетски загуби кои оваа клима нема да ги покрие.Така да тие 20.000+ денари разлика во цена сигурно нема да ги потрошам во догледно време и мислам дека изборот е добар бидејќи стартно е заштедено.

Она што ми се допаѓа многу е тоа што надворешната единица буквално не се слуша, а внатрешната има само 3 брзини (што е и мана), но без разлика на тоа сепак во прва брзина дувањето воопшто не пречи и не е силно за да прави проблеми -што ми беше исклучително важно бидејќи климата е наместена во дневен боравак.
Температурата на издув (иако немам сензори да мерам точно) е исто така добра и не дува млако (како некои клими, пример LG) но сепак ќе почекам зима за да видам дали ќе има промени во овој поглед (иако не би требало да ги има).
Следно што ќе треба да се види во зимски услови е како би работела на магла, во поладно и колку чести дефрости ќе има.
Климата е без греачи на надворешна единица, па ќе видиме како ќе помине на зима и во тој поглед.

За истата е пуштено 4,5m цевки и откако беше монтирана не беше вакумирана. Според монтерите немаше потреба за дополнување на фреон, а од она што успеав да најдам по нет, прочитав дека над 5m цевка се дополнува по 20g/m фреон па според тоа најверојатно не ја утнаа работата.

Единствената негативна работа, која засега ја имам забележано, е што има мирис при дувањето на евтина кинеска пластика. Особено тоа се осеќаше после првото дување (кажете некое решение долку го има??).
Од второто дување натаму мирисот е значително и во голема мера намален, но сè уште го има. ПРЕмалку саати има работено климата (бидејќи времето е топло и во принцип не сум дома) па немаше можност кога поштено да издува за да видам дали ќе го снема мирисот. Следно ми е во план да ги измијам филтрите (ако тоа нешто помогне) и понатаму кон зимните месеци најверојатно ќе купам и мерач за да видам која ќе биди потрошувачката на ел. енергија и да можам да ја сетирам најидеално, како и да се пушти од дозна кабел па да си ја поврзам на посебен штек и 16A осигурач само за неа.

Исто, забелешка за wifi апликацијата е тоа што не покажува потрошувачка на електрична енергија, ниту пак тоа го има како опција на самата клима (за разлика од LG која ја имам на вториот спрат и која покажува колку е моменталната потрошувачка на уредот). Доколку знаете некоја универзална апликација за клими која покажува потрошувачка (макар и моментална) споделете? :)))))

Јавна благодарност до @aronmacedon со кој разменив пораки пред да ја купам климата и пракитчно помогна во одлуката бидејќи има исто тундра и грееме сличен простор по енергетски загуби (мада секој простор приказна за себе, но сепак). Ептен другарски од тебе и го ценам тоа.

Благодарност исто до @Strelec и @најубав кои ги исконтактирав откако ја купив климата и кои ми објаснаа некои работи во приватна порака. Фала на одвоеното време.

Генерално на темата добив јасна слика што ми треба и членовите од кои црпев мислења и искуства беа:
@Strelec (one and only)
@tzlatko
@aronmacedon
@petna
@ts01
@најубав
(се надевам некој не пропуштив...)

Одлична тема, иако често има препукувања, сепак човек може да дојди до квалитетни информации и кориснички искуства (кои мора да ги има повеќе и најверојатно ќе ги има бидејќи со акциите за бесплатни инвертер клими доста луѓе одат кон овој вид на греење).

Ова се сликите од монтажата:

Прегледај го приврзокот 268975

Прегледај го приврзокот 268976

Прегледај го приврзокот 268977

Прегледај го приврзокот 268978
Trebalo da gi izbandaziraat bakarnite cevki do krajot na nadvoresnata edinica
 
Член од
29 август 2019
Мислења
1.257
Поени од реакции
2.998
Што пишувате бе луѓе, она не се бакарните цефки....
Се гледа тука како излегуваат надвор бакарните цефки веројано дирекно низ ѕидот позади внатрешната единица.
За должината на линијата.... би рекол 1м до 1.5м.... дефинитивно испод 2м што исто не е ок.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Ако може мала помош, 30м2, лошо излиран простор со стари прозори, моментално користат термо печка за греота незагреани се луѓево, буџетот е 30к без монтажа, знам дека не е лоша ситуација но секако е подобро од таа термо печка. Дали да се оди на грее фери 30к гледам е моделот? или пак хаир нешто вивах , фала до сите што ќе помогнат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom