Најекономично греење и ладење

Член од
24 август 2008
Мислења
305
Поени од реакции
252
Имаме исклучително поволна ситуација за форумот, а тоа е дека Стрелец е многу веројатно е во некој спор со ГрееМК и ќе има/ме исклучително добри совети во меѓувреме, секако доколку е расположен Стрелец за тоа, така да можеби ова е мал чекор за човештвото но е голем за оваа тема.

ПС: секако ако нема U-turn како Меси :)
(немам ништо лично против Стрелец, да не се разбереме погрешно)
Шала на страна, човекот е добар, јас искрено би сакал да го видам како работи за Митсубиши или Тошиба. Му посакувам се најдобро во професијата.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Морам да ти честитам за дозава на искреност.
Јас мислам дека нешто го налутиле, затоа е ова. Додека му трае лутината вака ќе биде. Ако не отиде во друга крајност па да почне да пука против „најдобрите“ клими.
Здраво
После прочитано 700 страни на форумов и долго мислење вчера зедов амбер 12ка за некои 37кв и по можност и спална од 12-13.. денеска требаше да има успешна монтажа ама монтерот избуши главен кабел дома за струја местејки ја внатрешната и сега пола спрат ми е без струја, нејсе..
Имав барање надворешната да е на една позиција од прилика 7м од внатрешната ми одговори дека ќе изгуби на снага климата на толкава должина 3.5kw e. Само централни клими можеле да издржат далечина поголема од 3-4м....
Второ имав друга позиција ми рече само на стиропор и блок не може да стои оти ова е јака и тешка клима???

Е сега бидејќи завршив со монтеров и дур чекам електричар да дојде да покопа по ѕидот имам неколку прашања па некој со искуство и знаење ако може и сака да ми одговори
1. Дали е вистина дека климата ќе изгуби на перформанси ако внатрешната и надворешната единица се на далечина од 7м? И која е максималната дозволена далечина?
2.Дали има начин надворешната единица на климава да се намести на ѕид во блок (има ли посебни штрафови лепаци хемиски цименти чуда) и да е наместена сигурно и професионално? Или сепак ќе треба да се бара носач, плоча нешто поцврсто да се буши?
3.Бидејки веќе е приклучено цревото, каблите и бакарната цевка на внатрешната единица ( и си стои на земја во ходник:)), дали е можно бакарното да се настави и продолжи за поголема должина од сегашната на 2.5-3м?
На монтерот да му кажеш да оди овци да пасе (и тој заедно со нив) во планина. Ако го бидува барем за тоа. И не дозволувај истиот да ја монтира. За монтажа треба барем минимално знаење, овој нема никакво.
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
57
Ne sum se pofalil no eve sega imav prostor da da ja namalam goleminata na slikite i da vi gi postiram. Zemav 2 G-Tech klimi kaj moite roditeli nad mojot sprat koga bese akciska cena od 30 000. Pa se nadevam deka za 2 sobi dnevna od 25 kvadrati i spalna od 20tina kvadrati ke im vrsi rabota i ke bidat stopleni. Blagodarnost do forumov i Strelec(sepak za strucnosta i znaenjeto treba da mu se simne kapa). Vo negova konsultacija gi zemav ovie dve klimi za ovaa kvadratura koi i spored mene za taa cena bea zimaj i begaj.
A sega se spremam iskreno za mojov stan da stavime edna pojaka inverter klima od toa sto imam momentalno. Imam Daikin ftxb35C za dnevna so 25 kvadrti veke 2 god i iskreno planiram da ja prefrlam vo spalnata sto ima nakaj 20 kvadrati a pak za dnevnava da zemam nesto pojako od istoto. Sekogas Oktomvri bil mesec na akciski ceni za klimi moze gresam ama zatoa i cekam malce vistinski moment. Budzet do 45 K planiram pa se nadevam ke se najde soodvetno.
 

Attachments

Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Зошто не си ги загипсирате дупките или зарадиколирате.

Гледам многу монтажери така ги оставаат. Не ми е јасно.

Иначе со среќа употребата. Фата е фата, ама две се две.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.709
Поени од реакции
4.092
Мака мачев со проблем сличен. Монтирана Тошиба Мираи на фасада 5ка + блок 20ка со 4 комори стар 30 години.
Првичната монтажа од страна на монтерите со обични ефтини типли и штрафови неуспешна и штрафовите не стегаа и држачите беа лабави и пренесуваше вибрации кој навечер се слушаа и ме нервираа.По консултација во Фортуна(продавница за штрафови) ми рекоа да ставам fischer типли и тие не стегаа шлајфуваа.направив канал во фасадата и пробав така пак џабе.после земав типли специјално за во блок ficsher sx.проблемот си остана.како стегаш така штрафот со се типла шлајфува.Последна варијанта ми остана да пробам со хемиска типла.Ставаш мрежеста типла хемиски цемент и во неа навојна шипка.имаа голема носивост и немаше шанса да се откачат ама не се фиксираа и пак ми пренесуваа вибрации.Кога ја монтирав новава клима x2 потешка морав да најдам решение па држачите ги врзав на кровната конструкција со навојни шипки и си го решив проблемот.Е сега многу е битно каков блок имаш уште подобро ако можеш носач да погодиш ама и тоа ризик ако удриш арматура на носачот ќе вибрира цела куќа.Најубаво да пробаш со една типла fischer и да стегнеш да видиш дали ќе стегне штрафот.ако стегне немаш проблем никаков имаат голема носивост на секој држач по 3 штрафа и никогаш нема да падне.ама ако не затега имаш мал ризик да се откачи или да ти пренесува вибрации.И монтерите користат типли од 10 денари парче.Fischer ти е 80-100 денари парче затоа никој монтер не ги користи и имаме расклатени уреди.Но ако блокот се крши џабе ти е све.Доколку монтерот нејќе да ја монтира на ѕид ако си во можност спреми си сам држачи он само нека ја постави климата.Минимум штрафови 8x14 или 10x14 или ако најдеш што подолги зошто имаш 5 6 цм фасада и барем 8цм до 10цм да стегне на блокот.Пиши баш што ќе направиш.Поздрав
Inaku ovie tiploni se ekstra bojlerot kaj mene e 120L so 4 vakvi e montiran isto vo itong pa eve 9god,si ja nbrka rabotata...
 
Член од
18 август 2020
Мислења
2
Поени од реакции
1
Фала многу на советите ќе видам оваа недела што ќе направам прво со струјата и ќе пишам...
Длабоко извинување до стрелец шо му ја прекинав приватната дискусија на јавен форум искрено се надевам нема да ми се повтори
 
Член од
14 август 2020
Мислења
228
Поени од реакции
533
Inaku ovie tiploni se ekstra bojlerot kaj mene e 120L so 4 vakvi e montiran isto vo itong pa eve 9god,si ja nbrka rabotata...
Епа убава паралела даде.на сите болјерите 80кг + ни се на 2 штрафа и тераат цел живот а монтериве прааат проблем за 40кг.
 
Член од
23 март 2009
Мислења
723
Поени од реакции
559
Gjaba vnimanieto vi go skrenuvaat okolu montazite so plateni botovi registrirani denes ili vcera.
Poentata sepak ke ostane deka Fairy12 e poskapo od Inventor Nenesis Pro....
дали тоа важи и за Fairy18?
да дообјаснам,мои блиски сакаат да купат Фери 18,па ако е вака како што читам,подобро е да земат Инвентор Н-Про 18 ?
 
Член од
14 август 2020
Мислења
228
Поени од реакции
533
Фала многу на советите ќе видам оваа недела што ќе направам прво со струјата и ќе пишам...
Длабоко извинување до стрелец шо му ја прекинав приватната дискусија на јавен форум искрено се надевам нема да ми се повтори
Немаш гајле со струјата ми ја пукнаа и мене баш на доводен.и тоа електричар.не им се дава 100 евра за локатор на кабли.ако имаш познавање малку од струја спој го прекинот и убаво изолирај со изолир некој квалитетен.
 

Attachments

Член од
23 март 2009
Мислења
723
Поени од реакции
559
за сите што коментираат за изолација на кука 5цм стиропор дека била малку па ставале 10-12цм....
не заборајвајте дека пред термо фасадите имате внатрешен малтер или гипс картон кој е исто така изолатор,цигла,па надворешна фасада е сега плус 5цм стиропор :)

колку за споредба видете ја дебелината на изолација на бакарните цевки 1цм.
нека ви текне која дебелина на стиропор имаа старите термоси кои чуваа ладна вода пола ден,2цм макс.
видете ја дебелината на фржидерите кој мора да чуваат ладно 24/7 па после донесете мудар заклучок

а со пофалбите на Стрелец,ако ви е толку добар,го испофаливте ...па вдомете го :)
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
за сите што коментираат за изолација на кука 5цм стиропор дека била малку па ставале 10-12цм....
не заборајвајте дека пред термо фасадите имате внатрешен малтер или гипс картон кој е исто така изолатор,цигла,па надворешна фасада е сега плус 5цм стиропор :)

колку за споредба видете ја дебелината на изолација на бакарните цевки 1цм.
нека ви текне која дебелина на стиропор имаа старите термоси кои чуваа ладна вода пола ден,2цм макс.
видете ја дебелината на фржидерите кој мора да чуваат ладно 24/7 па после донесете мудар заклучок
Треба да се прави разлика меѓу:
1. Ѕид од цигла со додадени 5цм стиропор.
И
2. Ѕид од гипскартон или слична градба со внатре 5цм стиропор како изолациона преграда.

Значи кај 1 веќе имаш цигли 25-30цм кои се сосем солиден изолатор, и со само 2цм од надвор ефектот е огромен. А со 5 е веќе идеално ЗА НАШЕ ПОДНЕБЈЕ. За сибир е друго.

Кај 2 нема цигла, се на се е стиропорот. Затоа 5цм е малку и треба 10-12цм.
 
Член од
23 март 2009
Мислења
723
Поени од реакции
559
@mdeni мислев на градби што сме ги наследиле во куќите од порано

не верувам дека сега има куќа со зид ,внатре гипс картон и одма стиропор :)

туку гипс картон или малтерај,цигла,па на циглата стиропор.

но и двајцата се согласуваме дека 5цм(25кг) за наш регион е одлична изолација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom