Здраво
После прочитано 700 страни на форумов и долго мислење вчера зедов амбер 12ка за некои 37кв и по можност и спална од 12-13.. денеска требаше да има успешна монтажа ама монтерот избуши главен кабел дома за струја местејки ја внатрешната и сега пола спрат ми е без струја, нејсе..
Имав барање надворешната да е на една позиција од прилика 7м од внатрешната ми одговори дека ќе изгуби на снага климата на толкава должина 3.5kw e. Само централни клими можеле да издржат далечина поголема од 3-4м....
Второ имав друга позиција ми рече само на стиропор и блок не може да стои оти ова е јака и тешка клима???
Е сега бидејќи завршив со монтеров и дур чекам електричар да дојде да покопа по ѕидот имам неколку прашања па некој со искуство и знаење ако може и сака да ми одговори
1. Дали е вистина дека климата ќе изгуби на перформанси ако внатрешната и надворешната единица се на далечина од 7м? И која е максималната дозволена далечина?
2.Дали има начин надворешната единица на климава да се намести на ѕид во блок (има ли посебни штрафови лепаци хемиски цименти чуда) и да е наместена сигурно и професионално? Или сепак ќе треба да се бара носач, плоча нешто поцврсто да се буши?
3.Бидејки веќе е приклучено цревото, каблите и бакарната цевка на внатрешната единица ( и си стои на земја во ходник
), дали е можно бакарното да се настави и продолжи за поголема должина од сегашната на 2.5-3м?